Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Ќе ја шитнат, ама најверојатно ќе гледаме ист начин на работа.Или уште побетер, романско и унгарско млеко пакувано како битолско.Планот е цел регион да го земат - веќе купиле млекарници во Унгарија, Романија, Јужен сосед и најверојатно Хрватска и Словачка во иднина.Ваков ќе е филмот:првин ќе се извинам за малку подолгиот текст
Ако веќе се раководиме исклучиво по земјата на производство прашање е зошто да купуваме млеко од ИМБ или Бучен Козјак пошто се работи за странски фирми. Но добро, тоа е приватен капитал па нивно право е да го продадат. Сега како што читам ИМБ повторно ќе го продаваат.
Поголемите компании се продадени па можда не треба да се жалиме на зголемениот дефицит во прехранбениот сектор. Само кај млекото последните 10 години извозот е намален за 5, а увозот зголемен за над 50%. Цената на суботичко млеко кое го увезува ИМБ беше 42-45 денари, битолското 50. Овде влегува во игра и субвенционирањето односно неговата нелогичност. Се увезува млеко, а според здруженијата имаме секојдневни пазарни домашни вишоци на млеко.
А она со нерасипувањето го споменав затоа што млеко за еден ден се прави урда...овие млека стојат повеќе од нормално, а тоа е возможно само со додатоци кои пак се со закон забранети во млекото. И тука нема логика, се надевам постои контрола.
Има уште слични производи зошто се увезуваат (доматно кинеско пире директно од Кина или од Србија на пример и негово препакување кое го бараше Рамковски 2008 година), а зошто се даваат пари за субвенции и реклами..
Пошто е прилично доцна навистина само ги нафрлав повеќето информации, кои навидум не се поврзани директно со темата. Колку ние воопшто јадеме домашна храна и колку со истата придонесуваме за македонското стопанство. Ако навлезеш во трагата на само еден таков производ, ќе се изгубиш во морето информации
пссс. примерите со зем. производи се намерни. Смоките им вредат на фирмата и газдата, но доматите и млекото малку имаат пошироко значење за Македонија.
- Ќе носат странско млеко само на паковање во Битола
- Уште позаебано најверојатно и кравите ќе си ги донесат, исто како Турците во бившата Сведмилк.
-Најверојатно ќе ги кренат и цените
- И најлошо од се, биле вклучени во скандалот со кинеското млеко полнето со меламин (цијанамид) кое предизвикуваше камен на бубрези на кинеските деца.Ај погодете чии деца се следни
2008 baby milk scandal
Main article: 2008 Chinese milk scandal
In September 2008, the testing of Agri-Food and Veterinary Authority of Singapore (AVA) found that the "Dutch Lady" brand of strawberry flavoured milk manufactured in China to be contaminated withmelamine. This product was recalled and destroyed.[1] Friesland Foods recalled all of its plastic-bottled milk in Hong Kong and Macau.[2]
Инаку се производители на Yazoo, искупија (преку Campina) фабрики на големиот Parmalat (после неговиот банкрот, кој наводно беше намерно предизвикан за лесно да го купат).Проблемот на Parmalat беа големите : Bank of America, Deutsche Bank, Morgan Stanley, UBS.Rothschild фамилијата е во блиска врска со сите овие, а некаков инвеститор или позадински газда во FrieslandCampina.
Иако официјално ИМБ, Имлек и Суботичка Млекара се независни една од друга, Имлек е фактички сопственик на ИМБ:
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/79591/rojal_frisland_kampina_ja_prezema_imb_mlekara_a_d__bitola.aspx
РОЈАЛ ФРИСЛАНД КАМПИНА ЈА ПРЕЗЕМА ИМБ МЛЕКАРА А.Д. БИТОЛА
Со аквизицијата, компанијата Фрисланд Кампина планира да ја прошири активноста на подрачјето на западен Балкан. Салфорд Капитал Партнерс е мнозинскиот акционер со приближно 79% од акциите во Имлек и 82% од акциите во Млекара Суботица. Фрисланд Кампина има намера да ги откупи и преостанатите акции.
Ова ќе е прва позначајна аквизиција на Ројал Фрисланд Кампина после спојувањето на компаниите Фрисланд Фудс и Кампина во 2008 година.
И добиваме увоз на млеко под Поранешната Југословенска Република Србија во Македонија, а не и во обратен правец.
А болдираното зошто...Побарав информации и на Гугл за тамошните реакции, ама сигурно е пак случајна грешка, сега на Б92 :
Imlek i Mlekara Subotica posluju, inače, kao nezavisni proizvođači mlečnih proizvoda na području zapadnog Balkana. Zajedno opslužuju tržište od oko 25 milliona potrošača. Ukupan prihod kompanija iznosi oko 270 miliona evra. Kompanije zajedno imaju oko 1470 zaposlenih u šest proizvodnih pogona i četiri kancelarije smeštene u Srbiji, Bosni i Hercegovini, i na području Bivše Jugoslovneske Republike Makedonije.
Во меѓувреме МЕGGLE уште во 2002 година влезе во BIMP(Bihacka Industrija Mlijecnih Proizvoda) во Босна, па ја купија Крагујевачка Млекара, а фрлиле око и на Зрењанинска.
Се спасува македонското млеко - се испитува потеклото на конкурентското од Босна
Стручни лица од Македонија ќе патуваат во Босна. Ќе испитуваат дали млекото што се носи оттаму е чисто босанско или не. Земјата немала толкав капацитет на сопствен добиточен фонд, а увезува огромно количество млеко, на кое не се плаќа царина.
Стручни лица од Македонија ќе патуваат во Босна. Ќе испитуваат дали млекото што се носи оттаму е чисто босанско или не. Земјата немала толкав капацитет на сопствен добиточен фонд, а увезува огромно количество млеко, на кое не се плаќа царина. Млекопроизводителите предупредуваат- нашето останува непродадено, за сметка на нелојалната конкуренција.
Во Босна немаат толкав капацитет, од каде им е тоа млеко а продаваат Мегле , може ќе треба да се стопира увозот , вели Милка Медаревиќ, млекопроизводител
Преку Босна влегува непознато млеко толку голем дел што Босанците не можат да го произведат , вели Ефтим Шаклев, претседател на Федерација на фармери на Македонија
Доколку се утврди дека потеклото не е Босанско ќе им се ограничи правото на увоз. Ова е една од мерките која Владата им ја вети на млекопроизводителите. За излез од моменталната криза во која се наоѓаат фармерите извоз на Косово и Албанија е можното решение.
12.05.2006
Дури нашите беа во Босна кај Мегле, кај нас дојде Салфорд и не дотепа, a не се разбравме ниту со PPM-Tuzla (Prerada i promet mlijeka) и Љубљанске Млекарне
за Босанските Алпи.
Според нашите институции, пак, заблудата доаѓа поради ознаката „алпско млеко", Љубљанска млекарница и текстот за означување на масленост на словенечки јазик, а на чија задна страна со поситни букви е испишано името на производителот, ППМ - Тузла, БиХ. „Босанското млеко, доколку има босанско потекло, не смее да го користи брендот ’алпско‘, кој означува географско потекло, и декларација на словенечки јазик, бидејќи на тој начин ги доведува во заблуда потрошувачите", изјави деновиве директорката на Дирекцијата за храна, Соња Србиновска. Ако станува збор за заштитено име со географско потекло, тогаш тузланската млекарница мора да докаже дека увезува млеко од Алпите. Тоа, пак, може да отвори друг проблем, односно злоупотреба на Договорот за слободна трговија, меѓу Македонија и БиХ.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2120&stID=72005&pR=6