Кампања за купување на Македонски производи

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Еве една проста логика...да кажеме ако денес една компанија продава количина Х и има вработено 20 души, дали ако и се зголеми прометот за 2 пати ќе го зголеми бројот на вработените х2..?
Или..ако денес по маркетите,бутиците итн. се продаваат од 20-30 % МК производи и се зголеми потрошувачката на 40-60% што ќе значи тоа пресликано во реалноста ?
Ако годишно по маркетите и помалите дуќани се врти пара од над 1 милијарда евра дали е исто ако на крајот на тековната година останат дома 200 милиони или пола милијарда?? Ако ги оданочиме 200 милиони со 18% ДДВ тоа во буџетот би било 36 милиони евра ... а ако оданочиме пола милијарда тоа би било 90 милиони...или разлика од 54 милиони евра.. со тие пари за една буџетска година би можело да се реновираат сите школи низ државава..или голем број на болници..или да се изградат приближно 50 км автопат.. или да се изгради некоја хидроцентрала..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Абе да имаме данок од 99% и државата да има буџет од 20 милијарди ај се кладиме дека пак нема сите школи да се реновираат.

+ ако тие производи од македонско потекло се неквалитетни на подолг период ќе си правиме само противуслуга зошто не само што трошиме човечка продуктивност во сектори во кои не не бива туку и купувачите ќе трошат средства и енергија да ги надокнадат губитците што им ги прават тие производи.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Извини Цитро но морам да те разочарам. ДДВ плаќаат и увозни производи така да ќе се добијат 0 денари во буџетот. Ставките се исти за домашни и увозни производи. Дури државата добива повеќе од увозни производи бидејќи знае да има и царина. Да само за вработеноста си во право. Е тие може да платат 10% данок на приход исто важи и за газдите тие има исто 10% данок на добивка.
Инаку офтопик морам да го пофалам Македонскиот даночен систем многу е лесен и прост за разлика од Запад. И да даноците не се многу високи во споредна со Запад.
--- надополнето: 23 март 2012 во 20:22 ---
Абе да имаме данок од 99% и државата да има буџет од 20 милијарди ај се кладиме дека пак нема сите школи да се реновираат.

+ ако тие производи од македонско потекло се неквалитетни на подолг период ќе си правиме само противуслуга зошто не само што трошиме човечка продуктивност во сектори во кои не не бива туку и купувачите ќе трошат средства и енергија да ги надокнадат губитците што им ги прават тие производи.
Не е проблем да направиш да се трошат домашни произоводи но по која цена. Можеш да забраниш увоз или да опнеш луди царини. На крај се ќе плати граѓаниот со високи цени и лош квалитет. Во основа немам ништо против кампањава дури напротив ја подржувам но, не очекувам некој голем ефект накрајот на краиштата секој се води од сопствен личен интерес и ретко кој ќе го жртвува тоа за да покрене домашно производство.
Во право си вистинскиот начин е да се покрене домашно производство со инвестиции во подоброување на продуктивноста. Да има и еден друг малку посуров начин ако сите плати се скратат и се супресура цената на трудот ама ретко кој би се согласил на тоа. Тоа е постигнува или со закон или со девалвација на валутата.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кога сме кај јогуртите скоро сите ми се некако сумњиви. Ќе ги оставиш цела недела не скиснуваат. Дали има млеко внатре или прашак за пециво, дали се стварно јогурти...као дете се расипуваше ако не го испиевме до ручек. Едино од млекара Илинден Ил-млек ми се има расипано. Човек да се зажели да му се расипи јогурт :)
Леб од локална фурна само,а јогурт само од Бучен Козјак впрочем тој е мислам и единствениот што има уште киселкав вкус.На битолска е како кисело млеко а на другиве е благ
Шарпланинските Јогурти се киселат доста брзо, после 3 макс. 4 дена, не е многу форсирана хемија.

Немам сетено многу пати, најчесто брзо го пиеме.Исто и другите производи

Со Бучен Козјак моментално мислам дека се најдобри и најстандардни во квалитет и тој кисел вкус на јогурт.
Плус добра ценовна политика, 40-42 ден.3,2% / 43-45 1,5%.Лани не ја ни кренаа после покачувањата на скоро сите други.

02.03.2011 - Стручно раководниот тим на АД Млекара Тетово одлучи да не ги зголемува малопродажните цени на свежото и киселото млеко, на јогуртот и на другите млечни производи со цел да даде придонес за заштита на стандардот на своите потрошувачи

Со подобрена дисциплина во работењето и зголемено залагање на секој поединец, стручно раководните лица на АД млекара Тетово одлучија да не ги зголемуваат малопродажните цени на пресното и киселото млеко, на јогуртот и на сите други свои млечни производи. На таквиот потег се одлучивме се со цел да дадеме нов и конкретен придонес во заштита на стандадрдот на нашите потрошувачи , како и во ублажувањето на последиците од бранот поскапувања на голем број прехранбени и други производи, вели директорот на АД Млекара Тетово, дипломираниот економист Горан Николоски.

Споменатиот потег на стручно раководниот тим на АД млекара Тетово наиде на пријатно изненадување кај купувачите кои посакуваат истиот да гио проследат и другите производители во областа на прехранбената индустрија кои зачестено ги зголемуваат цмалопродажните цени. АД млекара Тетово на своите потрошувачи во Тетово и ширум Македонија им приреди и друго пријатно изненадување.

Денеска во супер маркетите и другата трговска и угостителска мрежа пушти во продажба уште еден свој нов висококвалитетн производ. Станува збор за шарпланински природен јогурт со 1,5 насто масленост. Овој најнов производ исто како и сите други производи на АД млекара Тетово се пакува во нова амбалажа коај спопред извршените атести на надлежните стручни екипи во Македонија во целост ги задоволува нормите еко критериумите и нормите кои се применуваат ширум светот.

Јован Булески
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
10
ова за млечните производи особено за бучен козјак, целосно се согласувам! јогуртот и киселото млеко им се врв! јогуртот киселкаст, киселото млеко со кајмак(што индицира дека нема некоја тешка хемија извршена а можеби и воопшто да нема) мераци.. со два збора: лапај си!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.................имаш словенско млеко.
Па уште и алпско.......:D
... од унгарски панонски крави и подоста крстено со вода...во словенска амбалажа. :pos:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
леле леле тешко прозиводство јогурт и сирење, па луѓето кај нас по бачила од памтивек прозиведувале млеко јогурт и сирење не е ништо револуционерно.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
10
леле леле тешко прозиводство јогурт и сирење, па луѓето кај нас по бачила од памтивек прозиведувале млеко јогурт и сирење не е ништо револуционерно.
нееее бе?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
леле леле тешко прозиводство јогурт и сирење, па луѓето кај нас по бачила од памтивек прозиведувале млеко јогурт и сирење не е ништо револуционерно.
Проблемот е буквално злоставување на традицијата.
Види во темава колкумина кажаа мислење дека нашето не е лошо, ама пак странското е ...ВРВ ЕЈЈ!Па уште ако е и странското поефтино и квалитетно...Капак на се, двете најголеми млекарници се купени од странци и работат странско и млеко во прав, со приказна за најквалитетно домашно млеко.

Не си ја штитиме домашната индустрија, прво институциите, а после и купувачите се без свест.И едните и другите ќе ја префрлат топката на другата страна, а се подеднакво криви.
Така ни се пропаднати најголемите фабрики, не дека немале квалитет.
Најидиотски пример (научнофантастичен) : Дали би се случило Франција или Италија да дозволат Тиквеш да влезат во дел од нивните најјаки винарии, да произведат со македонско грозје 'француско вино' и дали тамошните потрошувачи би купувале такво 'ѓубре'?
Сите нормални земји и покрај тнр. 'слободна трговија' активно користат механизми за заштита на домашните компании.Ама нормални земји :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Еве една проста логика...да кажеме ако денес една компанија продава количина Х и има вработено 20 души, дали ако и се зголеми прометот за 2 пати ќе го зголеми бројот на вработените х2..?
Не
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Абе да имаме данок од 99% и државата да има буџет од 20 милијарди ај се кладиме дека пак нема сите школи да се реновираат.

+ ако тие производи од македонско потекло се неквалитетни на подолг период ќе си правиме само противуслуга зошто не само што трошиме човечка продуктивност во сектори во кои не не бива туку и купувачите ќе трошат средства и енергија да ги надокнадат губитците што им ги прават тие производи.
Нормално дека никој нема да форсира купување неквалитет...збориме за македонски производ со добра цена и солиден квалитет.. Тој што произведува неквалитет многу бргу ќе пропадне,независно каде е произведено,дали во Швајцарија или Кривогаштани...
--- надополнето: 23 март 2012 во 22:00 ---
Може нема за х2 да го зголеми,ама за 50% сигурно...ако 20 души се доволни за производство од 100 пара кондури дневно,неможе сигурно истиот број и 200 да прават.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Нормално дека никој нема да форсира купување неквалитет...збориме за македонски производ со добра цена и солиден квалитет.. Тој што произведува неквалитет многу бргу ќе пропадне,независно каде е произведено,дали во Швајцарија или Кривогаштани...
--- надополнето: 23 март 2012 во 22:00 ---

Може нема за х2 да го зголеми,ама за 50% сигурно...ако 20 души се доволни за производство од 100 пара кондури дневно,неможе сигурно истиот број и 200 да прават.
Сеа, зависи од многу фактори, вака може да си правиме весели математики само.

Дефинитивно треба повеќе да се користат македонски производи, но тоа не значи по секоја цена. Треба поголема промоција, повеќе акции, и подобрени амбалажи. За мене квалитетот сепак е секогаш на прво место.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Од толку многу реклами: купувајте МК производи, веќе ќе почне народов и воопшто да не купува МК производи, што повеќе на некого му сугерираш што да прави(во случајов што да купува), толку повеќе ќе имаш контра-ефект !
Па не пукнаа веќе со тие реклами, дај нека не го тупат веќе, што сакам ќе си купувам !
 
Па последно време и нема реклами...т.е. одамна нема.. на народов наш треба нон стоп да му се труби за да нешто му влезе у глава,онака тешко сваќа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.752
Поени од реакции
12.214
првин ќе се извинам за малку подолгиот текст
Нормално дека никој нема да форсира купување неквалитет...збориме за македонски производ со добра цена и солиден квалитет.. Тој што произведува неквалитет многу бргу ќе пропадне,независно каде е произведено,дали во Швајцарија или Кривогаштани....
Ако веќе се раководиме исклучиво по земјата на производство прашање е зошто да купуваме млеко од ИМБ или Бучен Козјак пошто се работи за странски фирми. Но добро, тоа е приватен капитал па нивно право е да го продадат. Сега како што читам ИМБ повторно ќе го продаваат.

Поголемите компании се продадени па можда не треба да се жалиме на зголемениот дефицит во прехранбениот сектор. Само кај млекото последните 10 години извозот е намален за 5, а увозот зголемен за над 50%. Цената на суботичко млеко кое го увезува ИМБ беше 42-45 денари, битолското 50. Овде влегува во игра и субвенционирањето односно неговата нелогичност. Се увезува млеко, а според здруженијата имаме секојдневни пазарни домашни вишоци на млеко.

А она со нерасипувањето го споменав затоа што млеко за еден ден се прави урда...овие млека стојат повеќе од нормално, а тоа е возможно само со додатоци кои пак се со закон забранети во млекото. И тука нема логика, се надевам постои контрола.
Има уште слични производи зошто се увезуваат (доматно кинеско пире директно од Кина или од Србија на пример и негово препакување кое го бараше Рамковски 2008 година), а зошто се даваат пари за субвенции и реклами..

Пошто е прилично доцна навистина само ги нафрлав повеќето информации, кои навидум не се поврзани директно со темата. Колку ние воопшто јадеме домашна храна и колку со истата придонесуваме за македонското стопанство. Ако навлезеш во трагата на само еден таков производ, ќе се изгубиш во морето информации ;)

пссс. примерите со зем. производи се намерни. Смоките им вредат на фирмата и газдата, но доматите и млекото малку имаат пошироко значење за Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom