- Член од
- 14 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 162
Таквите тролови како тебе највише мрчат како нема работа,нема инфраструктура,не се вложува,како Македонија е дупка и слично..а од друга страна со мал прст нејќе да мрдне да направи нешто корисно за општеството, а уста на толкава само да се лае служи.. Купуваш Хрватско млеко и твоите пари идат за хрватската млекара,од нив после плата зима хрватски работник,млекарата плаќа данок во хрватскиот буџет..од тој буџет Хрватската економија се развива,хрватската инфраструктутура , општество итн... значи кога веќе не купуваш домашно,барем не се жали како нема работа кај нас,како се мали платите,како ништо не се гради,како патиштата ни се крш,школите,болниците и слично.. имај срам малце барем и ќути си.
Ај освести се малку жити се и престани да се маваш во гради. Ако купам скинати фармерки од македонски произведувач наместо нормални фармерки од хрватски произведувач значи дека и помагам на македонската економија? Значи ли дека ке имам подобар живот ако пијам расипано домашно млеко наместо здраво странско? Не знам што тебе ти значи поимот економија. Демек ако се вртат повеќе пари подобра е економијата? Парите не се јадат, лебот се јаде. Ако домашното и странското млеко се 40 а квалитетот е ист значи дека домашното реално вреди помалку и цената е вештачки напумпана.
Ако може некој да увезе млеко од Хрватска, да плати превоз и царина, и пак да биде конкурентен, значи дека нешто смрди кај домашните произведувачи или дистрибутери. Кампањата треба да биде „Произведувајте квалитетни производи“, а не купувајте домашни производи.
Не знам од кај ви е оваа идеја дека треба да јадам домашни гомна наместо странски леб. А скечот од к-15 е толку глуп што изгледа како владата да го финансирала. Па да не беа „странците“, 99% од тие работи Тошо немаше да ги има дома и сега ке копаше на нива за да обезбеди храна за себе. Ајде сега да не увезуваме ништо и се дома да си произведуваме. Што мислиш колку ке кошташе домашното млеко ако владата забранеше да се увезува јогурт? И што мислиш каков ке беше квалитетот?
Одма да напоменам дека никој не вика дека домашните не чинат, пошто знам дека ке ми ставите такви зборови во уста. Поентата е дека ке купам она што мислам дека вреди намногу за моите пари, а за да го покажам тоа наведов екстремни случаи. Тоа не значи дека домашното млеко е расипано или дека домашниот леб не чини.