Кампања за купување на Македонски производи

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
првин ќе се извинам за малку подолгиот текст
Ако веќе се раководиме исклучиво по земјата на производство прашање е зошто да купуваме млеко од ИМБ или Бучен Козјак пошто се работи за странски фирми. Но добро, тоа е приватен капитал па нивно право е да го продадат. Сега како што читам ИМБ повторно ќе го продаваат.

Поголемите компании се продадени па можда не треба да се жалиме на зголемениот дефицит во прехранбениот сектор. Само кај млекото последните 10 години извозот е намален за 5, а увозот зголемен за над 50%. Цената на суботичко млеко кое го увезува ИМБ беше 42-45 денари, битолското 50. Овде влегува во игра и субвенционирањето односно неговата нелогичност. Се увезува млеко, а според здруженијата имаме секојдневни пазарни домашни вишоци на млеко.

А она со нерасипувањето го споменав затоа што млеко за еден ден се прави урда...овие млека стојат повеќе од нормално, а тоа е возможно само со додатоци кои пак се со закон забранети во млекото. И тука нема логика, се надевам постои контрола.
Има уште слични производи зошто се увезуваат (доматно кинеско пире директно од Кина или од Србија на пример и негово препакување кое го бараше Рамковски 2008 година), а зошто се даваат пари за субвенции и реклами..

Пошто е прилично доцна навистина само ги нафрлав повеќето информации, кои навидум не се поврзани директно со темата. Колку ние воопшто јадеме домашна храна и колку со истата придонесуваме за македонското стопанство. Ако навлезеш во трагата на само еден таков производ, ќе се изгубиш во морето информации ;)

пссс. примерите со зем. производи се намерни. Смоките им вредат на фирмата и газдата, но доматите и млекото малку имаат пошироко значење за Македонија.
Ќе ја шитнат, ама најверојатно ќе гледаме ист начин на работа.Или уште побетер, романско и унгарско млеко пакувано како битолско.Планот е цел регион да го земат - веќе купиле млекарници во Унгарија, Романија, Јужен сосед и најверојатно Хрватска и Словачка во иднина.Ваков ќе е филмот:
- Ќе носат странско млеко само на паковање во Битола
- Уште позаебано најверојатно и кравите ќе си ги донесат, исто како Турците во бившата Сведмилк.
-Најверојатно ќе ги кренат и цените
- И најлошо од се, биле вклучени во скандалот со кинеското млеко полнето со меламин (цијанамид) кое предизвикуваше камен на бубрези на кинеските деца.Ај погодете чии деца се следни :icon_lol:
2008 baby milk scandal

Main article: 2008 Chinese milk scandal
In September 2008, the testing of Agri-Food and Veterinary Authority of Singapore (AVA) found that the "Dutch Lady" brand of strawberry flavoured milk manufactured in China to be contaminated withmelamine. This product was recalled and destroyed.[1] Friesland Foods recalled all of its plastic-bottled milk in Hong Kong and Macau.[2]
Инаку се производители на Yazoo, искупија (преку Campina) фабрики на големиот Parmalat (после неговиот банкрот, кој наводно беше намерно предизвикан за лесно да го купат).Проблемот на Parmalat беа големите : Bank of America, Deutsche Bank, Morgan Stanley, UBS.Rothschild фамилијата е во блиска врска со сите овие, а некаков инвеститор или позадински газда во FrieslandCampina.


Иако официјално ИМБ, Имлек и Суботичка Млекара се независни една од друга, Имлек е фактички сопственик на ИМБ:
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/79591/rojal_frisland_kampina_ja_prezema_imb_mlekara_a_d__bitola.aspx
РОЈАЛ ФРИСЛАНД КАМПИНА ЈА ПРЕЗЕМА ИМБ МЛЕКАРА А.Д. БИТОЛА



Холандската компанија Фрисланд Кампина и Салфорд Капитал Партнерс потпишаа меморандум за разбирање, за аквизиција на компаниите Имлек А.Д Белград и Млекара А.Д. Суботица. Имлек А.Д. Белград е сопственик на ИМБ Млекара А.Д. Битола.
Со аквизицијата, компанијата Фрисланд Кампина планира да ја прошири активноста на подрачјето на западен Балкан. Салфорд Капитал Партнерс е мнозинскиот акционер со приближно 79% од акциите во Имлек и 82% од акциите во Млекара Суботица. Фрисланд Кампина има намера да ги откупи и преостанатите акции.
Ова ќе е прва позначајна аквизиција на Ројал Фрисланд Кампина после спојувањето на компаниите Фрисланд Фудс и Кампина во 2008 година.
И добиваме увоз на млеко под Поранешната Југословенска Република Србија во Македонија, а не и во обратен правец.
А болдираното зошто...Побарав информации и на Гугл за тамошните реакции, ама сигурно е пак случајна грешка, сега на Б92 :
Imlek i Mlekara Subotica posluju, inače, kao nezavisni proizvođači mlečnih proizvoda na području zapadnog Balkana. Zajedno opslužuju tržište od oko 25 milliona potrošača. Ukupan prihod kompanija iznosi oko 270 miliona evra. Kompanije zajedno imaju oko 1470 zaposlenih u šest proizvodnih pogona i četiri kancelarije smeštene u Srbiji, Bosni i Hercegovini, i na području Bivše Jugoslovneske Republike Makedonije.
Во меѓувреме МЕGGLE уште во 2002 година влезе во BIMP(Bihacka Industrija Mlijecnih Proizvoda) во Босна, па ја купија Крагујевачка Млекара, а фрлиле око и на Зрењанинска.​
Се спасува македонското млеко - се испитува потеклото на конкурентското од Босна
Стручни лица од Македонија ќе патуваат во Босна. Ќе испитуваат дали млекото што се носи оттаму е чисто босанско или не. Земјата немала толкав капацитет на сопствен добиточен фонд, а увезува огромно количество млеко, на кое не се плаќа царина.

Стручни лица од Македонија ќе патуваат во Босна. Ќе испитуваат дали млекото што се носи оттаму е чисто босанско или не. Земјата немала толкав капацитет на сопствен добиточен фонд, а увезува огромно количество млеко, на кое не се плаќа царина. Млекопроизводителите предупредуваат- нашето останува непродадено, за сметка на нелојалната конкуренција.


Во Босна немаат толкав капацитет, од каде им е тоа млеко а продаваат Мегле , може ќе треба да се стопира увозот , вели Милка Медаревиќ, млекопроизводител


Преку Босна влегува непознато млеко толку голем дел што Босанците не можат да го произведат , вели Ефтим Шаклев, претседател на Федерација на фармери на Македонија


Доколку се утврди дека потеклото не е Босанско ќе им се ограничи правото на увоз. Ова е една од мерките која Владата им ја вети на млекопроизводителите. За излез од моменталната криза во која се наоѓаат фармерите извоз на Косово и Албанија е можното решение.

12.05.2006
Дури нашите беа во Босна кај Мегле, кај нас дојде Салфорд и не дотепа, a не се разбравме ниту со PPM-Tuzla (Prerada i promet mlijeka) и Љубљанске Млекарне
за Босанските Алпи.
Според нашите институции, пак, заблудата доаѓа поради ознаката „алпско млеко", Љубљанска млекарница и текстот за означување на масленост на словенечки јазик, а на чија задна страна со поситни букви е испишано името на производителот, ППМ - Тузла, БиХ. „Босанското млеко, доколку има босанско потекло, не смее да го користи брендот ’алпско‘, кој означува географско потекло, и декларација на словенечки јазик, бидејќи на тој начин ги доведува во заблуда потрошувачите", изјави деновиве директорката на Дирекцијата за храна, Соња Србиновска. Ако станува збор за заштитено име со географско потекло, тогаш тузланската млекарница мора да докаже дека увезува млеко од Алпите. Тоа, пак, може да отвори друг проблем, односно злоупотреба на Договорот за слободна трговија, меѓу Македонија и БиХ.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2120&stID=72005&pR=6
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Од магацинот на битолската пивара денес излегоа првите камиони со „Битолско“ и „Кенбах“ пиво. На тој начин свечено беше отворена пивара Битола.


Пиварницата е реконструирана по германски проект, со најнова технологија за производство за пиво. Токму затоа од оваа пивара единствено во Македонија ќе се произведува пиво по германска формула.
Двете пива на пазарот ќе се појават во стаклени амбалажи од 0.33 и 0.5 литри и ПЕТ амбалажи од 1.5 литар кои ќе се продаваат по промотивни цени со што ќе бидат конкурентни и достапни.
За да уживате во единствениот вкус на битолското пиво од 0, 50 литри ќе треба да платите 30 денари, додека за „Кенбах“ од истата амбалажа - 35 денари. Амбалажите на битолско од 1, 5 литри ќе чинат 75 денари, а 1, 5 литар „Кенбах“ – 90 денари.

Фабриката има капацитети за производство на газирани сокови, кои се планира во следните денови да се појават по името „Пел“ во амбалажа од 1.5 литар.
Блажо Димитров, сопственик на битолската пивара истакна дека за почеток пивата ќе бидат пуштени во продажба само во Битола, а потоа низ цела Македонија и во соседните земји.

Засега во пиварата се вработени 80 лица, а во блиска иднина се планира вработување на уште 20 лица за производство.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
citro ja i ti sme golemi optimisti za makedonskite kompanii......gledam lugjeto gi preziraat neznam oti.........ima i losi brendovi no voglavnom se dobri.........i jas se raduvam za bitolska pivara.......
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
citro ja i ti sme golemi optimisti za makedonskite kompanii......gledam lugjeto gi preziraat neznam oti.........ima i losi brendovi no voglavnom se dobri.........i jas se raduvam za bitolska pivara.......
Ги презираат од едноставно глупава причина..Прво,ако се купувало од домашна компанија производ,сме го пунеле газдата со пари..а он од тоа послем купувал џипови,станови и сл. :tapp: тотално глупа поента,демек газдите на странските компании точак возат и у шупи живеат..
Второ, биле неквалитетни,уште една лага.. воглавном сите се со добар квалитет и пристапни цени, а неквалитетните производи бргу пропаѓаат..помина времето на таквите производи..свеста на купувачот денес за квалитетот е многу поголема,а купувачите се многу попретпазливи и пробирливи...
Иначе да се радувам за битолска пивара и кембах..одлично пиво..ќе го заменам сигурно скопското со кембахот :P
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Од магацинот на битолската пивара денес излегоа првите камиони со „Битолско“ и „Кенбах“ пиво. На тој начин свечено беше отворена пивара Битола.


Пиварницата е реконструирана по германски проект, со најнова технологија за производство за пиво. Токму затоа од оваа пивара единствено во Македонија ќе се произведува пиво по германска формула.
Двете пива на пазарот ќе се појават во стаклени амбалажи од 0.33 и 0.5 литри и ПЕТ амбалажи од 1.5 литар кои ќе се продаваат по промотивни цени со што ќе бидат конкурентни и достапни.
За да уживате во единствениот вкус на битолското пиво од 0, 50 литри ќе треба да платите 30 денари, додека за „Кенбах“ од истата амбалажа - 35 денари. Амбалажите на битолско од 1, 5 литри ќе чинат 75 денари, а 1, 5 литар „Кенбах“ – 90 денари.

Фабриката има капацитети за производство на газирани сокови, кои се планира во следните денови да се појават по името „Пел“ во амбалажа од 1.5 литар.
Блажо Димитров, сопственик на битолската пивара истакна дека за почеток пивата ќе бидат пуштени во продажба само во Битола, а потоа низ цела Македонија и во соседните земји.

Засега во пиварата се вработени 80 лица, а во блиска иднина се планира вработување на уште 20 лица за производство.
Се враќам на Кенбах пак, убедливо најдобро македонско пиво што сум го пиел, и тоа 90 ден. литроипол.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Иначе да се радувам за битолска пивара и кембах..одлично пиво..ќе го заменам сигурно скопското со кембахот :P
Ако пиеш кафе пробај ги "Деспина" од Витаминка (можда сте ги спомнале). Не знаев дека постојат, случајно ги видов пред некој ден со чоколаден прелив и портокал и колачиња без шеќер. Може и без кафе :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако пиеш кафе пробај ги "Деспина" од Витаминка (можда сте ги спомнале). Не знаев дека постојат, случајно ги видов пред некој ден со чоколаден прелив и портокал и колачиња без шеќер. Може и без кафе :D
Кај ги најде ? и ја не сум ги знаел .како кога ги нема по продавнициве,од кај ќе знам..:notworthy:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Кај ги најде ? и ја не сум ги знаел .како кога ги нема по продавнициве,од кај ќе знам..:notworthy:
Во Тедико и СП ги видов, во одделот кај што продаваат мусли, сушени ананаси и производи од виталија. Можда има и по други продавници. Пеесет и нешто се ама цената на другите производи не е нешто пониска. Домачица хрватска е пример над 90 денари, чоколадниот локум го качија негде на 110...Можда некому нема да му се бендисаат, мене за пред теве ми се таман :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Вива водечки бренд, а Пивара Скопје водечка фирма за безалкохолни пијалаци

Вива е водечки бренд кај безалкохолните пијалаци во Македонија, Синалко бележи најбрз раст, а Пивара Скопје е водечка компанија за безалкохолни пијалаци, се вели во специјализираниот извештај за состојбата со производството и продажбата на безалкохолни пијалаци во земјава, изработен од страна на Јуромонитор интернешнал.
Соковите „вива“ се водечки бренд гледано во однос на заработувачката, а Пивара Скопје е водечки производител на безалкохолни пијалаци, исто така гледано според заработувачката. За скопската пиварница во извештајот се вели дека своето челно место во најголема мера го одржува поради дистрибуцијата на производите од брендовите на Кока-Кола, но се додава дека пиварницата го губи тлото под нозете кога станува збор за волуменот на продадени безалкохолни пијалаци. Синалко е најбрзорастечки бренд и во однос на волуменот и во однос на вредноста на продадените безалкохолни пијалаци.
Во извештајот се додава дека банкротството на МиА бевереџис во 2010 година има оставено значителен сегмент од продажбата на безалкохолни пијалаци отворен, особено кај овошните и кај зеленчуковите сокови.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83471/viva_vodechki_brend,_a_pivara_skopje_vodechka_firma_za_bezalkoholni_pijalaci.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Витеа”, ново име на чаевите на „Витаминка“

„Витаминка“ ги ребрендираше своите чаеви со комплетно нов, модерен изглед, пакување и име „Витеа“.

- Не случајно се одлучивме за ребрендирање на чаевите сега, во пролетниот период. Ова е период на детоксикација на телото за подготовка на претстојниот летен период, а во тој процес најдобро помагаат чаевите. Потрошувачите можат да ја почнат својата пролетна детоксикација со чаевите на Витаминка со веќе потврдениот квалитет, но во нов помодерен дизајн и име „Витеа”, изјави комерцијалниот директор на „Витаминка“ Владимир Трпаноски.

Добро познатите чаеви од нане, камилица, шипка и хибискус со шипка се дел од асортиманот на „Витаминка“ повеќе од 15 години. Тие се добиени од квалитетни и високо ароматични плодови и билки од сончевото македонско поднебје. Предвидено е оваа линија да се проширува во согласност со пазарните трендови и барања на потрошувачите.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/49491/„vitea”,_novo_ime_na_chaevite_na_„vitaminka“.aspx
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Одлично,покрај Алкалоид и Витаминка се застапени со квалитетни чаеви..него што се деси со брендот на чаеви КОРО..нешто не ги гледам последно време,знам дека еден период беа доста застапени..
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Одлично,покрај Алкалоид и Витаминка се застапени со квалитетни чаеви..него што се деси со брендот на чаеви КОРО..нешто не ги гледам последно време,знам дека еден период беа доста застапени..
Уште ги има, само поретки се.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Одлично,покрај Алкалоид и Витаминка се застапени со квалитетни чаеви..него што се деси со брендот на чаеви КОРО..нешто не ги гледам последно време,знам дека еден период беа доста застапени..
Пробај Lipton :D
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ко деца во средно, знам само Битолско имаше во пласика, и навечер во парк кога ке испоседневме само битолско пиевме, пошто нели најевтино, а со најголема количина. Сега го барам тука низ локалниве колонијали ама го нема, уште не стигнал, ама мора да го пробам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Шарпланинските Јогурти се киселат доста брзо, после 3 макс. 4 дена, не е многу форсирана хемија.


Немам сетено многу пати, најчесто брзо го пиеме.Исто и другите производи

Со Бучен Козјак моментално мислам дека се најдобри и најстандардни во квалитет и тој кисел вкус на јогурт.
Плус добра ценовна политика, 40-42 ден.3,2% / 43-45 1,5%.Лани не ја ни кренаа после покачувањата на скоро сите други.
Им фалеше уште еден млечен производ на Тетовчане за да баталам БиМилк целосно.
tetovskamlekara_pavlaka.jpg
И уште еден меѓу најдобрите јогурти во Македонија, заедно со Шарпланински и Бучен Козјак.
1633.jpg
Бистра Агрохоланд - Кичево
 

Kajgana Shop

На врв Bottom