Кампања за купување на Македонски производи

Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Таквите тролови како тебе највише мрчат како нема работа,нема инфраструктура,не се вложува,како Македонија е дупка и слично..а од друга страна со мал прст нејќе да мрдне да направи нешто корисно за општеството, а уста на толкава само да се лае служи.. Купуваш Хрватско млеко и твоите пари идат за хрватската млекара,од нив после плата зима хрватски работник,млекарата плаќа данок во хрватскиот буџет..од тој буџет Хрватската економија се развива,хрватската инфраструктутура , општество итн... значи кога веќе не купуваш домашно,барем не се жали како нема работа кај нас,како се мали платите,како ништо не се гради,како патиштата ни се крш,школите,болниците и слично.. имај срам малце барем и ќути си.

Ај освести се малку жити се и престани да се маваш во гради. Ако купам скинати фармерки од македонски произведувач наместо нормални фармерки од хрватски произведувач значи дека и помагам на македонската економија? Значи ли дека ке имам подобар живот ако пијам расипано домашно млеко наместо здраво странско? Не знам што тебе ти значи поимот економија. Демек ако се вртат повеќе пари подобра е економијата? Парите не се јадат, лебот се јаде. Ако домашното и странското млеко се 40 а квалитетот е ист значи дека домашното реално вреди помалку и цената е вештачки напумпана.

Ако може некој да увезе млеко од Хрватска, да плати превоз и царина, и пак да биде конкурентен, значи дека нешто смрди кај домашните произведувачи или дистрибутери. Кампањата треба да биде „Произведувајте квалитетни производи“, а не купувајте домашни производи.

Не знам од кај ви е оваа идеја дека треба да јадам домашни гомна наместо странски леб. А скечот од к-15 е толку глуп што изгледа како владата да го финансирала. Па да не беа „странците“, 99% од тие работи Тошо немаше да ги има дома и сега ке копаше на нива за да обезбеди храна за себе. Ајде сега да не увезуваме ништо и се дома да си произведуваме. Што мислиш колку ке кошташе домашното млеко ако владата забранеше да се увезува јогурт? И што мислиш каков ке беше квалитетот?

Одма да напоменам дека никој не вика дека домашните не чинат, пошто знам дека ке ми ставите такви зборови во уста. Поентата е дека ке купам она што мислам дека вреди намногу за моите пари, а за да го покажам тоа наведов екстремни случаи. Тоа не значи дека домашното млеко е расипано или дека домашниот леб не чини.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
^^^

Абе муабетов ти вришти..
прво викаш македонското млеко било расипано, а фармерките фалц..за да на крај на пост се вадиш..леле немојте не мислев така :tapp:

КАЖИ МИ 3 МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ , кои се неквалитетни! Било кои,независно за што се работи,прехрана,текстил или нешто трето..наведи ми со име и презиме..што не вредат за тие пари...

Абе значи како ви го имаат исперено мозокот дека само странското е квалитетно,чудо едно..комплекс на нижа вредност ти се вика тоа..затоа и гомна да можат ќе ни продаваат на нас,зашто сме глупи ко коњи, и гомно да е странско само да е :tapp:

И парите не иделе во економија..па кај идат парите бе,на марс ? Од странските производи кај идат парите? Од домашните кај идат??
Подравка кај плаќа данок,Краш или Данон?? Кај нас сигурно да :tapp:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Јас ќе ти кажам зошто,затоа што имаат направено анализа на пазарот и на навиките на потрошувачите за тој одреден регион,и имаат дојдено до заклучок дека луѓето упорно ќе купуваат одредена марка или п-од за која сметаат дека е од "посигурен" производител иако е со повисока цена а можеби и со послаб квалитет од конкуренцијата,ете затоа пријателче.
--- Своевремено нешто слично направи француски Пежо со еден свој модел,имено се двоумеле со каква ценовна политика да почнат,дали со пониски или со повисоки цени,и на некој му текнало да направат анкета од врата на врата со потенцијалните потрошувачи со прашањето: Колку пари мислите да одвоите за набавка на вакво возило,од таа класа,модел итн. И на крај се фрапирале од добиените резултати,кадешто просечната цена која ја добиле од анкетата била поголема од претходно нивната најголема цена со која мислеле да ја отпочнат продажбата!!! Ете,со таква финта,Пежо а и многу други кои го применија истиот штос,своите п-ди со години ги продаваа со цени кои не соодествуваа на пазарот и која беа превисоки во однос на равенката вложено=добиено.Тоа го правеа сите европски авто-мејкери се додека не дојдоа корејците и не ги заебаа.
Е сега јас мислам дека и ИМБ ја прави истава финта,само што тука голема вина имаме и ние потрошувачите кои упорно го купуваме нивното скапо млеко,а јас и многу други сме уверени дека едно АЛПИ на пр. е на исто ниво по квалитет со нивното млеко,ама на кој да му објаснуваш.Се додека им се троши одлично млекото по таа цена(48-50 ден.)се дотогаш ќе продолжуваат со "финтата",поздрав ;)
Исто и јас мислам, дома немаме купено ИМБ 2 години, освен во инцидентни случаи во локалната продавница е таков изборот :).Здравје Радово е млеко со вкус на млеко и моментално такво користиме (41 ден./3,2% - 44 ден./1,5%), само да ја прошират дистрибуцијата и по помалите продавници ќе ги урнат ИМБ и со цени и со квалитет.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
^^^

Абе муабетов ти вришти..
прво викаш македонското млеко било расипано, а фармерките фалц..за да на крај на пост се вадиш..леле немојте не мислев така :tapp:

КАЖИ МИ 3 МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ , кои се неквалитетни! Било кои,независно за што се работи,прехрана,текстил или нешто трето..наведи ми со име и презиме..што не вредат за тие пари...

Абе значи како ви го имаат исперено мозокот дека само странското е квалитетно,чудо едно..комплекс на нижа вредност ти се вика тоа..затоа и гомна да можат ќе ни продаваат на нас,зашто сме глупи ко коњи, и гомно да е странско само да е :tapp:

И парите не иделе во економија..па кај идат парите бе,на марс ? Од странските производи кај идат парите? Од домашните кај идат??
Подравка кај плаќа данок,Краш или Данон?? Кај нас сигурно да :tapp:
Оф леле...ти наведов екстремни случаи за да се освестиш малку. Ако ти кажев дека домашното кошта 30 денари ама е малку полошо од странското кое е исто 30 ке ти сменеше нешто? Ти ги спомнав скинатите фармерки зашто тврдиш дека и помагаш на економијата ако купуваш домашни производи. Еве те прашувам сега, ако можеш да купиш домашни скинати фармерки за 1000 денари и странски убави квалитетни фармерки за исто 1000 денар, кои би ги купил? Едноставно е прашањето.

Друго, не ми е битно дали е производот од странец или од домашен произведувач. И производот кој е од странец мора да биде увезен и продаден така да пак некој овде кај нас ке заработи. Ако е поевтин уште подобро, тие пари што ке ми останат ке ги потрошам на нешто друго.

Трето, фирмите не плаќаат данок, луѓето плаќаат данок. Зграда не може да плати данок, маси и столици не можат да платат данок. Данокот го плаќаш ти како потрошувач. Во твојот случај го плаќаш хрватскиот данок од 25% што резултира со повисока цена на производот (кој пази пак е конкурентен во македонија!).
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ај освести се малку жити се и престани да се маваш во гради. Ако купам скинати фармерки од македонски произведувач наместо нормални фармерки од хрватски произведувач значи дека и помагам на македонската економија? Значи ли дека ке имам подобар живот ако пијам расипано домашно млеко наместо здраво странско? Не знам што тебе ти значи поимот економија. Демек ако се вртат повеќе пари подобра е економијата? Парите не се јадат, лебот се јаде. Ако домашното и странското млеко се 40 а квалитетот е ист значи дека домашното реално вреди помалку и цената е вештачки напумпана.

Ако може некој да увезе млеко од Хрватска, да плати превоз и царина, и пак да биде конкурентен, значи дека нешто смрди кај домашните произведувачи или дистрибутери. Кампањата треба да биде „Произведувајте квалитетни производи“, а не купувајте домашни производи.

Не знам од кај ви е оваа идеја дека треба да јадам домашни гомна наместо странски леб. А скечот од к-15 е толку глуп што изгледа како владата да го финансирала. Па да не беа „странците“, 99% од тие работи Тошо немаше да ги има дома и сега ке копаше на нива за да обезбеди храна за себе. Ајде сега да не увезуваме ништо и се дома да си произведуваме. Што мислиш колку ке кошташе домашното млеко ако владата забранеше да се увезува јогурт? И што мислиш каков ке беше квалитетот?

Одма да напоменам дека никој не вика дека домашните не чинат, пошто знам дека ке ми ставите такви зборови во уста. Поентата е дека ке купам она што мислам дека вреди намногу за моите пари, а за да го покажам тоа наведов екстремни случаи. Тоа не значи дека домашното млеко е расипано или дека домашниот леб не чини.
Глеј дилемата дали да купуваш Скинати фармерки од Македонски производител кој е многу скапи или ефтини високо квалитетни производи од странски производител е нереална. Никогаш нема да се соочиш со таа. Бидејќи после месец дена Македонскиот производител ќе банкротира и нема да го има на пазарот. На пазарот се наоѓаат производи со сличен квалитет/цена сооднос нема големи разлики. Се е горе доле исто. Така да ако купуваш од МК производител најверојанто ништо не губиш. Разликите меѓу производите се смешни. А влијанитот не твојот избор е никакво во основа ако влезеш во продавница и со затворени очи купуваш нема ништо поддобро да си поминеш од колку ако потрошиш 30 мин во супермаркет бирајќи. Имаш илузија на избор толку многу е прочистен пазарот што еден индивидуален момент нема никаво влијание.
Јас веќе имам престанато да бирам зошто не се добива ништо. Одам во првата продавница и ако ми треба квалитенто плаќам малку поскапо. Ако не ми е гајле за квалитетот го купувам најефтиното. 90% од изборот е чиста илузија и лажна моќ дека наводно можеш да го заебеш системот и да најдеш производ со „најдобар“ сооднос цена/квалитет. Дебело се лажеш. Со таргетирно купување на Македонски производи ништо не се губи.
Единствен проблем со купување Македонски производи е губење на можноста да го контролираш трошење за нешто ќе платиш поскапо а не ти треба скапо ти сакаш најефтино.
 
1.Првото нешто е да немаш предрасуди кон домашниот производ.Не е се увозно квалитетно, напротив.
2.Прочитај поназад некој пост, за млеко во прав - неговата цена и преработка и слично, за pепастеризација, адитивите и хемијата во млекото.Па после кажи за квалитет на млекото.Ненормално е млеко со толку долг рок на траење од странските (и дел 'домашни') млекарници.За квалитет и природност, гледај кое е со најкраток рок на траење.
Друго, поголеми компании се и можат да си дозволат и со помала цена да влезат овде дури ги средат нашите млекарници со многу помали капацитети.Плус субвенции и намалени државни обврски.
А можат и да работат во трета земја многу поефтино млеко.Уште поефтино од 38 денари (отприлика најефтиното овде).Познатото Алпско млеко последниве години е мејд ин Тузла, Босна.Сепак цената е 50+, па профитот е поголем во смисла плаќање босански или словенечки плати и трошоци.Ама Алпско еееј, за дел овдешни луѓе е синоним за светска марка (не алудирам на тебе, туку општо на дел купувачи).Па макар го произведувале и во Кина.
3.Претерана почит кон странците.
Порано млекото беше поквалитетно и цената беше помала.ИМБ ги крена цените после влезот на странците и го расипа квалитетот отприлика во тој период, почнаа продажба на ефтино српско млеко во ИМБ амбалажа (и дел млеко во прав), под реклама дека го пиеме најдоброто природно домашно млеко.Истовремено работат со екстра профити од постојаното кревање на цените, плус увозот од ИМЛЕК Белград и Суботичка Млекара.
Исто по влегувањето на хрватски Дукат во Идеал Шипка, нивното млеко го немам сретнато по продавници.Ама зато од Дукат имаш 10 разни млека и јогурти.Јогурт со 2 месеца рок на траење, произведен 900 километри настрана.
Истото е и со Агроплод (Swisslion, ~ 10 мил. евра добивка од фабриката во Ресен во 2010 година, а 33 милиони од увоз на исти производи) и ВВ Повардарие - Неготино (овде во обратен случај, српско вино со квалитетно неготинско грозје.А ѓубрето кај нас во социјалки):
 
Да, дилемата е намерно нереална за да биде екстремен случај.
Јас не сум против купување МК производи, туку сум против идејата дека треба да се купуваат исклучиво македонски производи.

Сега не би кажал дека разликите меѓу производите се смешни или дека постои некоја илузија на избор. Мене лично далеку повеќе ми се допаѓа Дукатовиот јогурт од било кој друг јогурт во македонија (без разлика дали е увезен или домашен), и затоа го купувам тој јогурт. За мене, квалитетот на дукатовиот јогурт е подобар од оној на битолска млекара и тоа е мој избор. Ти можда имаш поинаков избор.
--- надополнето: 23 март 2012 во 16:42 ---

Фала за долгиот одговор. Еве, погоре пишав дека немам никакви предрасуди према домашните производи. Напротив, не ми е ни гајле дали е нешто странско или домашно.
Второ, не можеме да зборуваме за „средување“ на домашните млекарници зашто не се само домашните присутни на пазарот. Имаш увозно млеко од Србија, Хрватска имаш домашно млеко имаш словенско млеко. Со дукатовиот јогурт нема ништо лошо, го пијам со години секој ден, некогаш и по литар дневно. Од битолска млекара не се сеќавам кога последен пат купив јогурт. Ако не ми се свиѓа не го купувам. Башка, имаш и дукатово свежо млеко со многу мал рок на траење.
Друго, ако имаш 10 разни млека и јогурти од дукат па веројатно некој ги купува истите и затоа уште ги има по продавници.
Трето, постојат многу фактори кои влијаат на цената на производите. Порано и бензинот беше поевтин :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Секаков тип на субвенционирање е лош како на државно ниво така и вака на индивидуално.

Македонските фирми или ќе си го подобрат квалитетот на своите производи и со тоа и самите ќе си направат услуга за да можат и во странство да им бидат конкурентни на странските производи или ќе држат ниски цени кои се соодветни на квалитетот.

Гледам зборите за млечна индустрија и млека и јогурти па да се надоврзам.

Јас цел живот купувам само еден јогурт од Бучен Козјак дека по мене е најдобар а не дека е Македонски. Од шведска млекара го купував млекото на почеток додека имаше вкус и мирис на домашно млеко али после стана како на битолска хемија освен ако не е ладно дури и лошо мириса.

Но мора и да се каже дека има многу квалитетни македонски производи дури и поквалитетни од увезените посебно од облека кои не ги купуваат луѓето само зошто овие вториве се марка а првите не се.

А највеќе пак нервир нешто кога ќе го преплатиш зошто е марка треба да е квалитетно (електроника најчесто ) и уште гаранцијата не поминала 3 пати на поправка треба да се носи.Али тука не ни имаме домашно производство и не се има избор.

Најдобар начин според мене да се купуваат македонски производи е според принципот на ВЕРО,КамМаркет (од кај нас пример ) или Валмарт (на глобално ),а тоа е со синџир на супермаркети/маркети во странство кој ќе продаваат во најголем дел македонска роба..Во веро на пример барем 20% од робата е грчка,во КамМаркет 50%+ од робата е германска во Валмарт 90% е кинеска.

Тука не викам сега да се натпреваруваат со најголемите синџири али би можеле да имаат маркети како Кам кои се многу мала инвестиција по сите средни и поголеми градови во регионов Ниш,Врање,Благоевград,Ќустендил,Подградец,Приштина каде големите супермаркети не можат да градат цели трговски дека не е исплатливо и со тоа не би можеле да направат монопол.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Да, дилемата е намерно нереална за да биде екстремен случај.
Јас не сум против купување МК производи, туку сум против идејата дека треба да се купуваат исклучиво македонски производи.

Сега не би кажал дека разликите меѓу производите се смешни или дека постои некоја илузија на избор. Мене лично далеку повеќе ми се допаѓа Дукатовиот јогурт од било кој друг јогурт во македонија (без разлика дали е увезен или домашен), и затоа го купувам тој јогурт. За мене, квалитетот на дукатовиот јогурт е подобар од оној на битолска млекара и тоа е мој избор. Ти можда имаш поинаков избор.
Гледај пазарот е најефиканса алатка. Си минимизира разликите и тоа многу. Јас купувам речиси искулучово во Кам Маркет таму немаш избор се е едно и најефтино така да не ми е гајле многу за мали вариации и лични фетиши за одредени производи. Јогурт е јогурт ако е малку погуст или поредок или малку покисел ич не ми е гајле пак ќе го пијам за мене побитна е цената. Ретко кога не го купувам најефтиното треба да е ептен срање за да не го купам. На пример најефиното млеко од 38 денари не го купувам.
1. Не е право млеко
2. Бугарско е а многу мрзам бугари.:)
Има едно за 40 денари тоа го земам.
Во основа доста купувам Македонски производи бидејќи најчесто се најефтини.
Во основа тоа што е најефтино го купувам но, има некој ситни исклучоци патики земам средна класа сепак си ги ценам стопалата. Се друго може да биде ниска класа немам проблем.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
За БиХ.

Голем дел од храната на полиците во Босна и Херцеговина доаѓа од земјите како што се Хрватска, Србија и Словенија, па дури и од далечни места како Кина. Во меѓувреме, домашните производи трпат. Сараевската невладина организација Здружение „Да купуваме и користиме домашни производи“, се обидува да го промени ова.
Во соработка со домашните претпријатија за храна, тие поднесоа неколку жалби до Министерството за трговија на БиХ, повикувајќи на промена во политиката.
„Како резултат на регулативата, големите трговски центри генерално ги дискриминираа домашните производи со наметнување малопродажни договори кои од нив бараат да платат во просек 10.000 евра, само за да преговараат за поставувањето на полиците на нивните производи“, вели Адмир Капо, претседател на сараевската невладина организација.
„Ако сакаат подобро изложување на нивните производи, тие плаќаат дополнително, и потоа им се наплаќа рабат, им се бара да обезбедат бесплатна стока како промоција за нивните производи“, рече тој.
Сега залагањето за реформи се чини дека вродува со плод. Во јули 2010 година Министерството за трговија на Федерацијата на БиХ (ФБиХ) го усвои Законот за внатрешна трговија во обид за регулирање на продажбата на домашните производи.
„Овој закон е прв обид да се наметнат некои правила во либерализираниот домашен малопродажен сектор, и ние секако дека размислуваме за нови регулативи во иднина“, вели Ѓула Ѓукиќ, помошник-министер за внатрешна трговија.
Според новата регулатива, рече тој, сите продавници со 1.000 метри квадратни простор или повеќе во ФБиХ сега мора да поднесат до министерството писмена изјава во која ќе потврдат дека најмалку 50 отсто од производите се произведени дома.
Исклучоци ќе бидат направени за стоката која не се произведува нашироко дома, како што се гумите за џвакање.
„Но, со виното, на пример, од кое ние произведувме многу и со добар квалитет, тие ќе мора да чуваат најмалку 50 отсто од домашните видови вино“, рече Ѓукиќ.
Пазарните инспектори ќе бидат овластени да наметнат санкции за продавниците што не ги почитуваат правилата, макар што првично тие ќе издаваат предупредувања и ќе го охрабрат следењето на регулативите, пред да се приклонат кон поостри мерки.
„Се надеваме дека ќе изложуваме повеќе домашни производи за домашните потрошувачи од порано, и ќе воведеме навика да се бараат домашните производи во продавниците“, рече Ѓукиќ.

Мислам дека како во случајов со Босна и кај нас треба на маркетите да им се наложи одреден процент од производите да се домашни..ако се сега застапени со 30% , треба да бидат барем 50 па и повеќе % ..

--- надополнето: 23 март 2012 во 18:23 ---

Студентите и младите најмногу купуваат домашни производи

Во анкетата, 63 отсто од испитаниците се согласиле дека со купување домашни производи се придонесува за стабилност на македонската економија, да се сочуваат и отворат работни места, како и да се зајакне домашната индустрија.
Студентите и младата популација до 24 години најмногу купуваат домашни производи. Ова го покажа истражувањето на компанијата ГФК Скопје, што го спроведе минатиот месец, на репрезентативен примерок на 2.500 граѓани постари од 15 години. Според истражувањето, од оние што купуваат домашни производи, дури 61 процент се на возраст од 18 до 24 години, како и 60 отсто од анкетираните студенти.

- Акцијата "Купувајте македонски производи", која веќе неколку години се спроведува кај нас е добро позната и прифатена од страна на граѓаните. Поттикнати од тоа, нешто повеќе од четвртина од македонските граѓани или 27 проценти од нив, денес купуваат домашни производи повеќе од порано - велат од ГФК Скопје.
Од податоците на оваа агенција може да се види дека 53 проценти од граѓаните изјавиле дека купуваат македонски производи исто како и порано. Тоа најмногу го прават граѓаните од југозападниот дел на земјава, дури 60 отсто.
Во анкетата, 63 отсто од испитаниците се согласиле дека со купување домашни производи се придонесува за целокупната стабилност на македонската економија, да се сочуваат и отворат работни места, како и да се зајакне домашната индустрија. Со ваквата констатација делумно се согласиле 20 проценти, а не се согласиле само шест проценти. Дека има корист за економијата на државата да се купуваат домашни производи во огромен процент (87 отсто) се изјасниле испитаниците од југозападна Македонија што се на возраст од 55 до 64 години.
Од ГФК заклучуваат дека свесноста кај граѓаните за купување македонски производи генерално е на високо ниво, особено кај младата популација, како и свесноста за влијанието врз развојот и стабилноста на економијата во Македонија со купувањето домашни производи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Кога сме кај јогуртите скоро сите ми се некако сумњиви. Ќе ги оставиш цела недела не скиснуваат. Дали има млеко внатре или прашак за пециво, дали се стварно јогурти...као дете се расипуваше ако не го испиевме до ручек. Едино од млекара Илинден Ил-млек ми се има расипано. Човек да се зажели да му се расипи јогурт :) Проблем е и со лебот ама не можеш да го бираш освен домашен. Ставаат секакви адитиви, а поголем дел од нив немаат декларирано на опаковката ниедна состојка.

Поголем проблем него домашни-странски генерално ми е контролата барем на основните производи. Некако се сомневам дали и колкава е контролата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Кога сме кај јогуртите скоро сите ми се некако сумњиви. Ќе ги оставиш цела недела не скиснуваат. Дали има млеко внатре или прашак за пециво, дали се стварно јогурти...као дете се расипуваше ако не го испиевме до ручек. Едино од млекара Илинден Ил-млек ми се има расипано. Човек да се зажели да му се расипи јогурт :) Проблем е и со лебот ама не можеш да го бираш освен домашен. Ставаат секакви адитиви, а поголем дел од нив немаат декларирано на опаковката ниедна состојка.

Проблем повеќе него домашни-странски генерално ми е контролата барем на основните производи. Некако се сомневам дека се контролирани што се има внатре.
Lurtz ќе си купиш свежо млеко и поткваса...и сам ќе се научиш да киселиш млеко :D
 
Леб од локална фурна само,а јогурт само од Бучен Козјак впрочем тој е мислам и единствениот што има уште киселкав вкус.На битолска е како кисело млеко а на другиве е благ
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Lurtz ќе си купиш свежо млеко и поткваса...и сам ќе се научиш да киселиш млеко :D
Не е смешно, мајка ми така прави хоум мејд кисело млеко. Само ни под разно не зема поткваса од киселите млека што се продаваат по маркетите.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
10
никој не рече исклучиво мк производи, нека не ви се дига притисокот многу затоа што ни к**** нема да ви се дигне со тој начин на аргументирање..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom