- Член од
- 16 август 2008
- Мислења
- 3.293
- Поени од реакции
- 637
Шведска фаворит на Евровизија, Македонија по неколку години го избегна дното
Евровизиската треска полека се разгорува, а и покрај тоа што сите земји сеуште ги немаат избрано песните за во Баку, обложувалниците веќе ги поставуваат коефициентите за земјите учесници.
Верувале или не, моментално како првакотира Шведска, земја која сеуште го нема избрано преставникот. Но, една од учесничките на шведскиот фестивал Melodifestivalen, Loreen, која настапува со песната Euphoria, се смета за фаворит за победа во Шведска, а веќе многумина и и’ ја дадоа победата во Баку.
Нашата Калиопи се наоѓа во вториот дел на табелата на рангирањето на обложувалницата William Hill, но сепак не се наоѓа на самото дно, како што беше случајот со учесниците од Македонија во изминативе 3 години.
Меѓутоа, состојбите на обложувалниците се менуваат од ден во ден, па секакви промени се можни. Како и да е, искуствата покажуваат дека не секогаш фаворитите ги освојуваат првите места, ниту пак дека најмалку фаворизираните не можат да направат изненадување.
http://www.primetime.mk/шведска-фаворит-на-евровизија-македо/