Последната полоша епизода ми беше... Гласна, прилично.
Чекав да останам сама целиот ден, комплетно сама, и првиот момент кога добив потполна темница и тишина се убив од плачење. Ретко ми се случува, ама кога ќе ми се собере премногу, не можам. И полесно ми е после. Тешко, се` уште, но значително полесно.
Не беше за пред други луѓе, не сакав совети и тешење, едноставно сакав да се испразнам без некој да ме сожалува или храбри. Тоа е се`.