Како одлучувате дали ќе гледате некој филм?

Што треба да ви е погодено за да ве привлече еден филм?

  • Вкупно гласачи
    139

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Оценката на имдб и слични сајтови баш и не ми е битна, многупати имам спротивно мислење за оценките, затоа во последно време и не ги пишувам кога препорачувам филм. За филм да се решам да гледам одлучува само моето слободно време, без разлика со кои актери и режисери е, би сакал да го погледнам, многу пати за филм од кој не сум очекувал многу сум се изненадил, и обратно.

Покрај се, доволна е и препораката на некои форумџии (пр: џимеј, иосоно, апо, бада, мац итн..).
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Гласав за препораки, ама актерите и режисерот играат голема улога во то кој филм го одбирам. И името на филмот игра некоја улога(не многу голема ,ама сепак влијае) , да речиме ако има 2 филма со наслови How i changed the world и I ate cake on Sunday многу лесно ќе биди да одберам филм :)
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
јас обично филмот одлучувам да го гледам првите 5-10 минути, ако не ми е интересен на почетокот го гасам веднаш, но најмногу ми влијае препораката на другари, ако ми кажат дека е добар го гледам, не ми се важни толку актерите како што ми важен жанрот ако е некој премногу акционен (машки филм) или вестерн - блаккк
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Ова толку ме насмеа што морав да го постирам некаде. Овде би било добро, затоа што често се водиме од најавите (трејлери, постери...) за да одлучиме што ќе гледаме. Но обично најавите се измама, а еве некој се сетил да преработи неколку и да прикаже што би требало да пишува на нив, ако се искрени:

Кога постерите би биле искрени
Во самиот врв на лагите кои ги продава Холивуд, се наоѓаат постерите од филмовите, кои во најмала рака знаат да бидат ужасна измама. Еве неколку постери од филмови во нивната чесна верзија.

Врв на се, Тројцата Амигоси, втор дел :pos2:. Сега ми текна дека приказната всушност, е иста...
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86

Ова не го имаше на страната на ОФНЕТ?
Ептен ми е познато...
 
k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Најмногу гледам акција и хорор филмови па гледам дали е нешто во врска со ова..
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Она што најмалку го почитувам околу изборот на кој филм ќе го гледам е препораката од други луѓе, едноставно се имам заебано многупати околу таквиот избор и на крај испаѓаат се некој дебилни филмови. Според мене најголемо значење им давам на доброкритикуваните филмови од страна на филмските критичари, кои воедно никогаш не се дебилни и грди. После тоа идат филмските награди, нема за ѓабе да ги добие тој филм тие награди, глумата, содржината, музиката... сепак тоа се моите критериуми т.е начинот на кој бирам.

А гледам само јас одбрав Според филмските награди :pos2:
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Знам дека е глупаво, али многу ми влијаат имињата и постерите... Актери, само некои има што ги сакам и ако е со нив супер, ако не е ником ништо :) Не ми е битно што актери има.... А режисерите па ич не ги знам :) А најчесто по препорака или трејлер ако видам и ми се свиѓа....
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Според актерската екипа,на пример сите филмови со Џеки Џен ми се супер:toe: исто така Бред Пит нема потфрлено во ниту еден филм :raz: хмммм :raz: други не ми текнуват но ако видам филм со нив секако го гледам бидејќи знам дека нема да ме разочараат
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Воглавно според насловот и ако има позади кратка содржина, а инаку најчесто само според насловот и жанрот...
 
leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Ср заедно и препораки и актери и жанр и музика...
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Она што најмалку го почитувам околу изборот на кој филм ќе го гледам е препораката од други луѓе, едноставно се имам заебано многупати околу таквиот избор и на крај испаѓаат се некој дебилни филмови. Според мене најголемо значење им давам на доброкритикуваните филмови од страна на филмските критичари, кои воедно никогаш не се дебилни и грди. После тоа идат филмските награди, нема за ѓабе да ги добие тој филм тие награди, глумата, содржината, музиката... сепак тоа се моите критериуми т.е начинот на кој бирам.

А гледам само јас одбрав Според филмските награди :pos2:
1. Затоа што гледаш само наградувани филмови никогаш нема да изградиш свој став и вкус за филмови. Најлошиот начин го одбра за најдобар.
2. Најмалку тоа што го почитуваш - предлогот на другите луѓе? Нормално дека неможеш да имаш сосема идентичен вкус со тој што ти предлага филм. Но повеќе луѓе се разочарани кога ќе изгледаат од препораките на друг, не ради тоа што се слаби филмовите, воопшто некои не се, туку поради тоа што незнаат што бараат.

Многу глупаво е кога некој ќе каже - препорачај ми филм, ама да е добар!
Има милион добри филмови. Но најдобар начин да не се "зезниш" е да дадеш насока кон која ќе оди предлогот. Дали ќе наведиш актер, жанр, режисер. Во тоа е проблемот.
Тогаш кај некои нема ова да биде најмалку почитувана опција.
 
mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Најчесто се водам според препораките на луѓето, тука секако спаѓаат и мои пријатели кои ми советувале да гледам филм, како и критичари или пак оценки IMDb.

Не одбрав актерска постава, затоа што има некои филмови со многу добри глумци кои испаднале тотална утка, а има и филмови со unknown актери кои биле ремек-дела.

Не одбрав режисери, затоа што не се разбирам многу, дали 5 режисери има што знам да ги набројам. Шејм он ми :kesa:

Не избрав ни добиени награди, затоа што еве на пример „Господар на прстените“ доби тогаш 11 оскари, а мене воопшто не ми се свиѓа овој филм, така да не се водам по тоа. (без навреда кон верните фанови на овој филм:))

Опцијата за топ тема не ја сфаќам, дали се мисли за некоја актуелна тематика дека се обработува во филмот или се мисли на жанр некаков, нема везе, во секој случај се одлучив за препораките од луѓето.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom