1.Бог е семоќен така? Зошто не го победи злото?
2.Се е божјата волја? Зошто остава милони невини луѓе да страдаат?
Бог сака и може да го уништи злото, но Тој го
одложува уништувањето не затоа што е злобен, ниту пак немоќен, туку затоа што не љуби нас луѓето. Навидум контрадикторно нели?
Да појасниме: ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи, во тој случај?
Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нашата омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот?
Еден филозоф (Созеницин) рекол:
Линијата што го одделува доброто од злото поминува низ човековото срце, низ сите човечки срца.
Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, туку сака сите да се покајат, да се одвратат од гревовите, да поверуваат во Него и вистински да живеат.
"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи,
бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се покајат" (
2 писмо на апсотол Петар 3:9, Библијата)
Ете го одговорот зошто Бог го одложува нокаутот на злото. Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но
Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволува тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведност, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син, Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.
Но Бог нема вечно да го одложува судниот ден. Бог е долготрпелив, ама не е вечно трпелив. Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда. Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Христос како нивен Спасител. До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам,
но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам!
Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
(
Исус Христос, ев. Лука 13:2-5, Библијата)