MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Навистина, не знам кој си, оти лично не Те познавам, ама сигурен сум дека не си Црквата Христова и не си од Црквата Христова.Ако Христос не им забрани да јадат што сакаат на Велики Петок, тогаш кој сум јас да им забранам? Ако Христос и апостолите јадеа пред да се причестат на првата причест (Господова спомен вечера), тогаш кој сум јас да им велам: „Ако не сте постеле нема причест!“?
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:04 ---
А зашто не го болтуваш и оној дел од цитатот кој го обоив со сина боја?...„А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:06 ---
Оваа одредба е од самиот Апостол, но не и од целата Црква.Во овој контекст треба да се спомне и забраната за стапување во брак на епископите, на кои Бог во Библијата јасно им дозволил да бидат во брак, а православните цркви им забрануваат.
„Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)
Колку ми е познато, епископите навистина и биле сопружници, до вториот (или третиот, не би се сетил...) вселенски Собор, кога е одлучено дека епископите треба да бидат венчани или за своите сопруги или за Црквата, но е и со двете истовремено...
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:08 ---
Убо вели Апостолот: верата не се зацврстува со јадење и пиење, оти на душата човекова не и‘ е потребна материјална храна...А туѓите науки се‘уште постојат, на што сме очевидци.А
„Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив!“ (Евреите 13:9, Библијата)