Уште од мал ме интересираа мистерии и митологија така да ја купував и читав секоја литература на таа тема. Денес во домашната библиотека не знам што нема од таа тематика почнувајќи од астрална проекција, светски мистерии, митологија па се до природно лечење како и некои „позабегани“ теми
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Најпрво дојдоа книгите од Ахмед Боснич на тема: Сите мистерии на светот. Почнувајќи од пирамидите, Атлантида, кристалните черепи па се до теориите за настанокот на човештвото. Буквално ги „голтав“, сум седел по цели ноќи наместо да учам за да ги прочитам што побргу
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Тие да ми беа лектири никад немаше да бегам од часови
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Потоа дојде интерес за парапсихологија и окултните науки. Неколку книги од таа тематика бајаги ме усмерија во одреден правец. Книга која многу ме погоди беше: Тајниот живот на билките (Тајни живот биљака), страшно добра книга. Во тоа време се заинтересирав и за радиестезија и духовниот свет затоа што отсекогаш ме интересирало и сум верувал дека има живот и од „другата“ страна.
Потоа ја најдов Астрална проекција (книгата Магус што ја барал
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) и една феноменална книгичка од Мери Хоуп каде на чист, лесен и некомплициран начин без лаги и паразитски елементи е објаснето што е окултот и што можеш а што не можеш да очекуваш на „патот“. Следеа „Паралелни свет„ за искуства надвор од физичкото тело или после смртта како и сите книги од Деникен за најинтригантните светски мистерии за настанокот на човечката раса.
Потоа дојде на ред Библијата неколку пати да ја читам и сватив дека има огромни нелогичности кои стануваат логични исклучиво ако се помешани два ентитета кои погрешно се тумачат како еден
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Следеа Херодотовата историја, Епот за Гилгамеш и глинените таблици од Сумер како надополнување на нелогичностите од Стариот завет. „12-та планета“ од Захарија Сичин е последна која ме натера за размислување за настанокот на човекот посебно што има многу интересни совпаѓања со некои настани од Херодотовата историја и Библијата.
После сето прочитано како и сопствените искуства ми е јасно дека телото и физичкиов свет се само една битна алка во нашето постоење но не и единствена затоа што постојат многу светови каде има живот и битија и дека нешто поголемо од нас што религијата го вика Бог несомнено постои но не во таа форма и по тие правила како тврдат признатите религии.
За мене си важи поговорката: Помогни си самиот на себе за да ти помогне и оној горе
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Како и да е интересен е и тек ќе биде интересен патот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.