Вистината...најпрво, е женско.
Како и секоја жена, така и таа, сака да се шминка, фризира и дотерува. Убава е како убав пролетен ден, харизматична, и сите ја сакаат. Понекогаш се однесува како тинејџерка и сака да си игра жмурка, да се криви, плази, а може и да има говорна маана...но знае и да биде мудра и паметна. Ќе облече црни хулахопки и високи штикли, и тогаш е неверојатно секси, провокативна и мистериозна.
Но ако стане на лева нога и се налути... тогаш личи на стара баба, со грбав нос, тртки и криви нозе. Никој не може да и се приближи, бидејќи е студена и недостижна. Живее на Северен Пол (може се соседи со Дедо Мраз!), во својата ледена палата, облечена во леден фустан со мразулеста круна..И никој не ја посетува таму, бидејќи е многу студено..А ако некој ептен се запне да и оди на гости, студено ќе го погледне и ќе го праша: Што бараш ти тука?? Тој ќе и каже, но јас забележав дека ти недостига друштво, па донесов кафе и локум..Ти донесов специјален локум од Крушево, со ореви, и свежо мелено македонско кафе..И после ја знаете приказната за жабата и принцот? Епа, понекогаш баби и жаби можат да се мешаат.
Во следната епизода, ќе гледаме дали бабата ќе му признае на принцот дека има сестра близначка..и која е која всушност?