Како изгледа вистината?

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Некогаш ружно и ја отфрламе. Некогаш премногу добро и не ја прифаќаме. Некогаш реално, некогаш невозможно. Вистината не боли, не може да боли, туку нејзината спротивност е таа што создава болка.
 
S

smart ass

Гостин
Како ја препознавате вистината кога не ја гледте со свои очи? Кога некој нешто ви кажува, како одлучувате дали е искрен или ве лаже?
Дали тоа го правите според зборовите кои ги користи, според понатамошната ваша анализа на разговорот во кој заклучувате дека нема ни најмала грешка во која би се посомневале или едноставно се` земате здраво за готово?
Дали можеби посебно внимание обрнувате на изразот на лицето на соговорникот, додека нешто ви изјавува? Ако е така, колку сметате дека може да е точно и тоа? Колку сте сигурни дека ако некој сака да ве излаже, неможе и тој дел да го одглуми?


Параноична тема, нели?:vozbud:
Па многу едноставно-кај повеќето луѓе кога лажат имаме механичка реакција(тиковии:pos2:),еден другар на пример кога лаже ја наведнува главата и ги трие рацете,друг ја чеша косата,а една колешка се поместува од местото(онака,...полека).

Исто така важен е и начинот на кој е тоа искажано-дал е вообичаен или има некоја шема...

Или па се` зависи од тоа кој човек ви зборува? Колку го познавате, колку доверба имате во него и колку сте сигурни дека не би ве излажал за ништо? Колку може и тоа да е фактор според кој би пресудиле дека ви се кажува вистината?
Такви луѓе се ретки но кај мене тие луѓе се бројат на дланка...поточно 4 ца го достигнале тој како да кажам левел,врз основа на што???

Па ми помагале кога треба,јас исто нив,на некој телефоно му го даов и не го продаде туку го користеше-за разлика од друг(велешанец е тој шо го продаде ахах ЕВРЕА):pos2:тоа беше HP IPAQ 514,нејсе не ми е за телефонот треба уште навреме да направиш дистинкција на трастед пипл,а остатокот едноставно подобро потони-but don't rely on them...
Болдираните не само што се откриени,и стварно испаднаа прави лицемери ги знаат веќе какви се..

Јас ги оставам раат таквите-Let them LIVE in their OWN AGONY,if you try to help-you will make a mistake-for the FAIL he/she will blame you-advice stand aside from them,you better hang around with trusted people.

Ова од искуство ви кажувам.

а за ова имаше тема мислам..
Има ли за вас апсолутна вистина
Не,бидејќи самиот збор кажува истата мора да биде совршена,отпорна на промените т.е безвременска и.т.н-а тешко до тоа.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
у принцип за многу работи вистината знае да биде прикирена или целосно сокриена.. знае да биде извитоперена но често пати ја среќаваме како болна и сурова.. зашто е така незнам...
ова незначи дека вистината треба да ја гледаме од негативна страна само.. секако вистината знае да биде и позитивна полна со енергија радост и среќа... зависи во ваква ситуација бараме одговор за вистината т.е во каква ситуација ја наоѓаме правата вистина!
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Вистината е единственото нешто што може да те навреди.Вистинскиот збор навредува, а не лажниот.
Само вистината боли, лагата не е толку тешка како вистината.
Понекогаш е и многу подобро да не ја дознаеме.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Вистината е единственото нешто што може да те навреди.Вистинскиот збор навредува, а не лажниот.
Само вистината боли, лагата не е толку тешка како вистината.
Понекогаш е и многу подобро да не ја дознаеме.
Навредува но и ослободува. Зависно од начинот на кој ти е искажана, или уште подобро од начинот на кој ја примаш.
Само често вистината се меша со полувистината, која што е полоша од најголемата лага. На пример ако не си способен да дојдеш до девојка тоа не е вистина :). Вистина е дека делуваш неспособно, но можеш да ја развиеш способноста. Примеров е малку... но тоа е тоа отприлика. :)
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Навредува но и ослободува. Зависно од начинот на кој ти е искажана, или уште подобро од начинот на кој ја примаш.
Само често вистината се меша со полувистината, која што е полоша од најголемата лага. На пример ако не си способен да дојдеш до девојка тоа не е вистина :). Вистина е дека делуваш неспособно, но можеш да ја развиеш способноста. Примеров е малку... но тоа е тоа отприлика. :)
Можеби погрешно се изразив.Вистината може да ти набие комплекс :smir:
Доколку на некого му речеш КОЊ еден нема да го навреди, затоа што не е коњ и нема да му се појави комплекс на нижа вредност.Но доколку на некој му ја плеснеш суровата вистина во лице ќе му набиеш комплекс и ќе те памети цел живот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Можеби погрешно се изразив.Вистината може да ти набие комплекс :smir:
Доколку на некого му речеш КОЊ еден нема да го навреди, затоа што не е коњ и нема да му се појави комплекс на нижа вредност.Но доколку на некој му ја плеснеш суровата вистина во лице ќе му набиеш комплекс и ќе те памети цел живот.
На тоа и мислев, дај пример некој. Ако сака да те навреди со вистината и тонот му е навредлив тоа боли да, но се е до оној кој прима, и како прима. :)
 
Г

Господ

Гостин
Вистината е невидлива,па затоа е и толку лесно да се прикрие.
Кој и да рекол на лагата и се кратки нозете очигледно
бил во голема заблуда:toe:
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Вистината боли :wink:
Позната реченица на многумина од вас. Но уште попозната: Лагата боли повеќе :)
 
M

marsovka

Гостин
Не знам дали се сеќавате на средно, во секоја генерација им по една/еден кој е згоден привлечен и ебан кретен/ка .Те гледа попреку, а ти му се восхитуваш бараш такво нешто, сакаш да го имаш баш тој типец/ка и конечно добиваш шанса за муабет ... се случуваат две ситуации: првата пропаѓаш во земја и бегаш што подалеку од срам бидејќи не знаеш како да реагираш , втората е правите муабет и сваќаш дека не е баш најсјана лично и тешка кучка/кретен .
Е тоа е вистината, привлечна цура со големи цицки која те прави да се осеќаш ко говедо а сепак сакаш да ја ебеш .
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Ако се открие,не секоја лага има "кратки нозе":helou:
Но, секоја лага има крај :wink:
Ако открие некој дека си го лажал, мислиш дека полесно ќе ја прифати вистината??? Тука се лажеш сам себе :wink:
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Zal tesko ja prepoznavam ,,,mozebi zatoa sto sakam da cujam samo vistina,a realnosta e poinakva za zal:pipi:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Те покосува и фазно те поместува од реалноста, предизвикувајќи состојба на тотална ментална блокада.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Вистината? Не е убава... Да е, нема да се обидуваме да се лажеме себеси и другите. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom