Како изгледа вистината?

Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Vistinata e prekrasna makar i da e surova sepak e prekrasna kakva i da e ... toa sto go boli covekot e manjakot na vistina vo koja e staven poradi x x pricini i togah najcesto izmisluva svoja nekoja vistina sto ne mora da e tocna. Toa e pekol koga ja baras vistinata vo necivo odnesuvanje ... zasto oooo zasto lugeto se pedeeri i ne ja kazuvaat cak i koga gi molis da go napravat toa ...ebem ti toa sadistite :kesa:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Vistinata cesto koga ja slusas kako antipod na lagata vo koja si veruval e kako...ne znam...ima eden tekst sto mi asocira na toa..."I saw the future dressed as a stranger..."
Strasno i tesko e da se soocis so toa...kako da te tresnal nekoj so kamen vo zabi...i moras da go sodzvakas!
Sepak, iluzijata e zaebana rabota. I najgadnata vistia e podobra od slatkata iluzija.

There are two sides of every story...mine, yours and the truth.:)
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Вистината...најпрво, е женско.
Како и секоја жена, така и таа, сака да се шминка, фризира и дотерува. Убава е како убав пролетен ден, харизматична, и сите ја сакаат. Понекогаш се однесува како тинејџерка и сака да си игра жмурка, да се криви, плази, а може и да има говорна маана...но знае и да биде мудра и паметна. Ќе облече црни хулахопки и високи штикли, и тогаш е неверојатно секси, провокативна и мистериозна.
Но ако стане на лева нога и се налути... тогаш личи на стара баба, со грбав нос, тртки и криви нозе. Никој не може да и се приближи, бидејќи е студена и недостижна. Живее на Северен Пол (може се соседи со Дедо Мраз!), во својата ледена палата, облечена во леден фустан со мразулеста круна..И никој не ја посетува таму, бидејќи е многу студено..А ако некој ептен се запне да и оди на гости, студено ќе го погледне и ќе го праша: Што бараш ти тука?? Тој ќе и каже, но јас забележав дека ти недостига друштво, па донесов кафе и локум..Ти донесов специјален локум од Крушево, со ореви, и свежо мелено македонско кафе..И после ја знаете приказната за жабата и принцот? Епа, понекогаш баби и жаби можат да се мешаат.
Во следната епизода, ќе гледаме дали бабата ќе му признае на принцот дека има сестра близначка..и која е која всушност?
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Мислам дека не постои апсолутен критериум за вистината што би бил важечки за сите луѓе.
Верувам сите ја знаете познатата мисла на старо-грчкиот философ Протагора - Човекот е мера на се.
Согласно тоа, човекот е мерило за вистината, како што е мерило за правдината, доброто и злото.

Што се однесува до психолошката страна на темата, тежината на препознавањето вистина или лага во говорот на соговорникот зависи од повеќе фактори.
Прво, кого имате за соговорник, колкава е неговата способност да направи лага во која вие ќе поверувате,
и секако колку е способен да остане доследен на лагата без да направи некаква грешка.
Второ, каков е вашиот однос со соговорникот, и нивото на доверба кое го имате во него.
Трето, кои сте вие, и колкава е вашата способност да процените што е лага, а што вистина.
 
K

kat.<3

Гостин
Кога доаѓаат тие зборови од луѓето на кои сум им ја дала целата моја вера, за мене се што ќе кажат е вистинито, чисто и искрено. Не постојат сомнежи.
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165
Zboruvaj ja vistinata skromno i jasno ,no slusaj gi i drugite, duri i glupavite i prostite :i tie imaat svoja prikazna.
Za mene vistinata e samo nekakva prikazna dobra ili losa.
 

Demon_Lord

May the force be with you!
Член од
11 септември 2008
Мислења
428
Поени од реакции
9
Вистина е одговорите кои можеш да ги очекуваш од некого во кого имаш доверба, не мора да биде потполна само да не биде премногу изневерувана таа доверба.
А инаку спротивностите на вистината се лагата,невистината и заблудата...
 
Член од
23 септември 2008
Мислења
313
Поени од реакции
7
Kako sto veke bese spomnato vistinata za mene e relativna rabota. Iako e retka osobina na lugjeto sekogas da ja zborat vistinata, samo vistinata i nisto drugo osven vistinata, sepak postojat dosta faktori koi ja determiniraat. Na primer sogovornikot e dosta biten. Iako bi bilo pozelno da se kazuva vistinata ednostavno na nekoi lugje ne moze da im se kaze vistinata zatoa sto potoa toa go iskoristuvaat na najlos mozen nacin protiv onoj koj im go kazal toa. Od druga strana pak dokolku sekogas sekoj ja kazuva vistinata togas na svetov ke nema mesto za tajni a kolku tie bile dobri ili losi sepak se ima potreba od niv. Zamislete kako bi bilo koga bi nemale tajni pred nikogo. Dali ne bi se custvuvale ednostavno sogoleni vo ocite na svetot? Sepak ima momenti i situacii koi baraat od nas lugjeto da bideme potpolno iskreni. Moe mislenje e deka tokmu vo tie momenti e najbitno da se bide iskren zatoa sto kako sto rekov pogore ima lugje so koi ne treba da se bide iskren a ima i lugje so koi treba da se bide iskren i tokmu iskrenosta kon niv bi go pokazala nasiot stav kon vistinata. A covekot treba da ja prepoznae taa situacija i licnost i tokmu so toa da ja pokaze svojata vrednost i svojata sposobnost da kaze vistina i istata da ja prepoznae vo takvata situacija.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Големите вистини изгледаат неподносливо грдо. Затоа се лажеме (и самите себе и другите) на секој чекор, па преживуваме.

А, оние малите вистини...Не се битни. Така да комотно можат да бидат и лага.
Важно е само да се смееме:pipi:
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
Вистината некогаш болна некогаш среќна.Во секој случај вистината треба да се каже каква и да биде.Секогаш директен и искрен без лажење.И најмногу несфатлива!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Како ја препознавате вистината кога не ја гледте со свои очи? Кога некој нешто ви кажува, како одлучувате дали е искрен или ве лаже?
Дали тоа го правите според зборовите кои ги користи, според понатамошната ваша анализа на разговорот во кој заклучувате дека нема ни најмала грешка во која би се посомневале или едноставно се` земате здраво за готово?
Дали можеби посебно внимание обрнувате на изразот на лицето на соговорникот, додека нешто ви изјавува? Ако е така, колку сметате дека може да е точно и тоа? Колку сте сигурни дека ако некој сака да ве излаже, неможе и тој дел да го одглуми?
Или па се` зависи од тоа кој човек ви зборува? Колку го познавате, колку доверба имате во него и колку сте сигурни дека не би ве излажал за ништо? Колку може и тоа да е фактор според кој би пресудиле дека ви се кажува вистината?
Има ли за вас апсолутна вистина или секогаш постои шанса, ако нештото не сте го виделе со свои очи, да е лажно пренесено?

Параноична тема, нели?:vozbud:
Зборовите кое изразуваат вистина и оние кои ја претставуваат лагата, тежат но и звучат на еден сосема поинаков начин. Оние на вистината се стиснати, понесигурно искажани и до некаде редуцирани. А пак оние на лагата се спротивното од погоре наведените.
Ако некој сака да ме излаже, може да го направи тоа. Не се сомневам во актерските способности на човекот. Но знам дека како што не постои совршен актер во глумење, не постои ни совршен актер во лажење.
Секој некогаш се подлизнува. Едните на одигрување лоши улоги, другите на употребување несоодветни зборови.
И познавањето на човекот е огромен фактор во верувањето. Повеќе му верувам на некој кој го познавам 2 години отколку на некој кој го знам само 2 недели. Сепак и ова е релативно и варира од тоа каква е личноста. Но нели најчесто, искуството си го прави своето. Па бидејќи имаме повеќе искуство со оној кој го знаеме подолго, логично е потсвесно повеќе да му веруваме
Многу нормално дека се што не сум видел може да ми биде различно пренесено. Но тука не станува збор само за лажење. Во овој случај огромна улога има и начинот на перцепирање на работите.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Вистината:



Не, не Меган Фокс. Долгите секси нозе, аналогно на - на лагата и се кратки нозете. :eek:jea:

Контрадикторноста е што вистината никогаш не е толку слатка како нозеве.
Meсто за сомнеж оставам, као _must е. Да не паднам на крајот јако.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Vistinata e prekrasna makar i da e surova sepak e prekrasna kakva i da e ... toa sto go boli covekot e manjakot na vistina vo koja e staven poradi x x pricini i togah najcesto izmisluva svoja nekoja vistina sto ne mora da e tocna. Toa e pekol koga ja baras vistinata vo necivo odnesuvanje ... zasto oooo zasto lugeto se pedeeri i ne ja kazuvaat cak i koga gi molis da go napravat toa ...ebem ti toa sadistite :kesa:
Јеа бра. Вистината е секогаш добра дури и кога е сурова, едноставно те става пред свршен чин и сакал нејќел ќе се помириш со неа. Тоа што е болно до лудило е кога претпоставуваме дека нешто е така и така а пак не сме сигурни во тоа, на пример кога се сомневаме во саканата личност.

Инаку, јас би рекол дека ние на некој начин секогаш ја знаеме или ја насетуваме вистината но едноставно одбиваме да ја видиме, некогаш кога работите сакаме да бидат идеални, но и кога не е толку сурова па ние ја правиме да биде посурова, се поради нашиот мисловен процес кој нема врска со реалноста, поради его екстензиите.
 
S

StereoLove

Гостин
Свесни сме дека има луѓе кои лажат.Може да те гледа во очи и да те лаже и да те уверува дека ја зборува вистината макар и да не е така.Вистината некогаш знае да биде убава но и болна.Секогаш ја барам вистината макар каква и да е.Неможам да поснесам некој да ме лаже и да не ја кажува вистината.

.Во секој случај вистината треба да се каже каква и да биде.Секогаш директен и искрен без лажење.И најмногу несфатлива!
Денес повекето лажат отколку што ја зборуваат вистината мислејки дека со тоа ке постигнат нешто.
Штета што денес ги има мал број на искрени луге.
Има случаеви кога ја бараш вистината и ја кажеш а на крај пак не погодуваш со тоа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Скептицизмот ни е насушен. Секоја им чест на оние кои уживаат додека ги лажат и не се свесни за тоа.

Вистината секогаш има две лица, то ест, има две вистини. Едната е моја, другата е твоја. Заедничкиот компромис наречи го како сакаш, но паричката сеуште ќе има две страни а валутата ќе биде иста од двете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom