Не го пишав да не испаднам забегана и дека се замарам со такви работи ама ајде ќе споделам и тоа. Значи веќе напоменав додека сме биле во врска се било супер. Дури и јас сум била таа што била поише на дистанца, он бил тој шо бил поише посветен околу мене.. не ме оставал еден ден да не се видиме, он беше буквално иницијатор и имаше желба мн поише од мене за се.
На веридбата, пред да си одат гостите, бидејки имаше многу цвеќе им ги давав, и за едно многу добро се сеќавам прашав чиво е за да не го вратам нели истото. Тоа остана кај мене. После извесно време, овена цвеќето нели и свекрва ми си ги вади оние хартиите што се околу нив, и се наоѓале... само што ја пресече машната од букетот, испадна свеќа, онаква жолта од црква веќе палена. Се стаписавме и двете и се мислевме шо како .. свркрва ми вика јас ги полнев вазните со вода неможе да не ја видам ако била у вазната... само ја фрливме и толку... истата девојка, при нашата последна кавга кога јас си заминав, ми тврдеше дека мм се гледа со бившата, као 100 % е така да ме плукнеш ако не е така... и после друг муабет, одкако јас разговарав со маж ми испадна "ама јас само сакав да помогнам" "тоа беше мислење само" а верувајте не беше мислење туку ме убедуваше дека е така па и почна да ми разкажува за минатото нивно и сл.
И ете, од љубов, од сакање, до ова сега... дури кога разговаравме при последната кавга збореше "никого не сакам, ни мојте дома не ги сакам" ... како така одеднаш?
И на мене до вчера ми велеше неможам да живеам без тебе... буквално се смени за 360 степени и сите околу него го приметиа тоа...
Мислев дека ќе го сметате за глупост ова затоа не го кажав.