- Член од
- 26 април 2018
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 105
Колку често го гледам овој проблем, неверојатно нешто. Се' супер додека се во врска, стапуваат во брак, се раѓа дете и како тогаш да му текнува на мажите во што се впуштиле и одма повлекување од терен.Си заминав. Скоро месец дена како не сум во таа куќа и одлично се чувствувам.
Комуникација и искреност. Тоа е најголемиот проблем во овие приказни. Но воопшто не е едноставен. Мажите се под притисок да се однесуваат како 'мажи', да не покажуваат чувства, да решаваат проблеми со игнорирање, да не се отвораат пред други итн. Многу е жално што општеството го рачуна емотивното изразување на мажите како маана. Не е маана, доблест е. Посебно во брак. Одлучуваш да поделиш се' со една личност. Во тоа не спаѓа само дом за живеење, имате деца заедно.... огромен дел има нивото на интимност кај партнерите. Сега, постојат и такви кои никогаш нема да се сменат и цел живот ќе останат емотивно незрели, но има многумина, кои можат да се 'модифицираат'. За тоа пак треба многу упорност и работа од двете страни, и постојан разговор за сите нивни случки, чувства, желби и потреби.
Бракот не е како врската. И да се гледате секој ден во врска, тоа сепак е површно, бидејќи е неколку саати и е во слободно време и се' е ориентирано кон добар помин. Во брак, или заедно живеење, се е поинаку. Повеќе не е само: Ќе се видиме на 3-4 саати. ќе пиеме, ќе се шетаме, ќе имаме секс; туку делиш се, цел ден, сите обврски во домот, сметки, редовни случувања, проблеми, го гледаш партнерот во најразлични ситуации кои предходно не си ни знаел/а дека постоеле.
Да не зборуваме за кога ќе дојде на свет дете. Детето, посебно првите 3-4 години, е 24/7 работа. Нема: ми се смачи, па денес ќе го игнорирам и ќе го оставам гладно, помочано, да плаче. Е сега, многу мажи, па и жени, сметаат дека детето е обврска само на мајката. Епа не е. Ниту сама го зачнала, ниту сама може да постигне се'. За здрав развој на детето, мајката мора да биде одморена и расположена, најмногу што може. За здрав развој на детето, потребно е двајцата родители да бидат присутни во неговиот живот. Тоа дете го учи моделот за брак и улогите во него, односот меѓу мажот и жената од своите родители. Тие се први пред фронтот наречен 'Свет'. Ниту треба цела одговорност да е на мајката, ни може, и таткото мора да преземе дел и учество во животот на детето.
@JustDe , предложи му брачно советувалиште, или прочитај му некој пост што 'ќе ти фати за око' или некоја статија од интернет, или книга.
Ти посакувам многу среќа и тебе, и на бебенцето, и на твојот сопруг, без разлика како ќе заврши оваа приказна, само на крај, сите да бидете задоволни од одлуката.
Поздрав и се најдобро