Ме изчуваа повеќе од одлично, сама сум, немам брат сестра, а ни роднини немам, премало семејство сме, немам дури ни први и втори братучеди.
Но сметам дека јас лично не сум за да чувам дете, имам многу различен начин од таквите што посакуваат деца.
Нема да имам време да се замарам со дете.Нема да кратам кариера ради породилно, станувам прерано и по цел ден имам работа, предавања, одење на пракса, кога ќе дојдам јадам готово, спијам, ако не сум уморна шетам или цртам, играм игри и слушам музика, имам друштво или одам по концерти.Знам да станам и да одам по јадење во 2 сабајле, цртам во 3 сабајле, секое лето со години по ред одам во Словенија и неколку други земји на фестивали со работа, зависна сум од патување, еднаш имам преспано во куќа со мало бебе и бев благодарна што не е мое, не сум јас за да станувам штотуку заспана во ниедно време за да мењам каки, доењето не го поддржувам, едноставно сум премногу независна да ми скока некој цел ден по дома, да ме замара додека правам било што и на крај да си кратам од слобода за да изигравам мајка.
Да е скраја од нас, но навистина е мачно со дете, имам познаници со деца, лажат дека им е убаво, отворете и на фемина да видите колку мака мачат.