Како да се откажете од цигарите?

B

Blacks

Гостин
Ме инспирираше темата “Ги баталувам цигарите” па решив малце да погуглам и да најдам нешто што ќе им помогне на луѓето. Иначе и јас сум пушач и решив да ја следам оваа листа која ја најдов овде. Тука ја преведов листата на македонски



  • Верувајте во себеси. Верувајте дека можете да се откажете. Помислете на некои од најтешките работи кои сте ги направиле во својот живот и сфатете дека ја имате храброста и одлучноста да ги откажете цигарите. Се зависи од вас.


  • Откако ќе ја прочитате оваа листа седнете и направете ваша листа, прилагодена на вашиот карактер и начинот на кој ги правите нештата. Направете ваш план на откажување.



  • Запишете си ја причината зошто сакате да се откажете (придобивките од откажувањето): ќе живеете подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе биде подобро за вашата фамилија, ќе заштедите пари, ќе мирисате подобро итн. Знаето што е лошо кај пушењето и знаете што ќе придобиете ако се откажете. Запишете си го тоа на лист хартија и читајте го тоа секојдневно.


  • Замолете ја вашата фамилија и пријатели да ве подржуваат во вашата одлука. Замолете ги да тотално да ве подржуваат и да не ве осудуваат. Пред време ги известите дека најверојатно ќе бидете нервозни па дури и ирационални додека се откажувате од пушењето.




  • Одредете дата за откажување. Одлучете на кој ден ќе се откажете целосно од цигарите. Запишете си го тоа. Планирајте за тоа. Подгответе си го умот за помислата: “првиот ден од остатокот на својот живот”. Дури може и да си одржете мала церемонија кога ќе го пушите последниот цигар, или пак утрото на првиот датум на откажување.



  • Зборувајте со доктор за откажувањето. Подршката од стручно лице е докажан начин да ги подобрите шансите во откажувањето.



  • Почнете да вежбате. Вежбањето е просто не компатабилно со пушењето. Вежбањето ве ослободува од стресот и му помага на вашето тело да се опорави од штета предизвикана со години од пушење цигари. Ако е потребно почнете бавно, со кратки прошетки еднаш или двапати дневно. Зголемете на 30-40 минути ригорозно вежбање 3-4 пати неделно.



  • Секојдневно практикувајте длабоко дишење околу 3-5 минути. Вдишувајте преку носот многу бавно, задржете го здивот неколку секунди и издишете преку устата. Пробајте да дишете со затворени очи.



  • Замислете го вашиот живот како непушач. Затворете ги очите и почнете да се замислувате како непушач. Замислете се како уживате повеќе како во точка 7. Замислете како одбивате цигара ако некој ви понуди. Замислете се како ги фрлате сите цигари и за тоа како освојувате златен медал. Развијте некоја сопствена имагинација. Тоа помага.



  • Почнете да ги оставате цигарите постепено (ако го изберете овој метод обавезно одберете дата кога сигурно и целосно ќе ги откажете цигарите). Постојат повеќе начини да се остават цигарите постепено. Еден од тие начини е да планирате колку цигари ќе испушите секој ден до датата кога целосно ќе ги оставите цигарите со тоа што секој нареден ден ќе пушите се помалку и помалку. Менувајти ги марките на цигари за да не уживате толку, давајте цигари на други за секојпат кога ќе сакате да запалите да мора да барате цигара.



  • Најдете некој друг пушач којшто сака да ги откаже цигарите и помогнете си еден на друг со позитивни зборови и убедување да не се откажете од помислата на откажување ако некој попушти.



  • Миете си ги забите често во денот. Уживајте како изгледаат вашите заби и одржувајте ги убави.



  • Пијте многу вода. Водата е добра за вас како и да е а повеќето луѓе не внесуваат доволно. Помага во отстранувањето на никотинот и другите хемикалии од вашето тело.



  • Дознајте што ја активира вашата желба за пушење. На пример стресот, после оброк, пристигање на работа, влегување во кафич итн. Планирајте алтернативни начини како да се справувате со овие ситуации.



  • Најдете нешто што ќе го држете во раката и устата за да ги замени цигарите. Цевки за пиење се добра алтернатива.



  • Напишете си инспиративна песна или поема за откажувањето, цигарите и што ќе ви значи ако се откажете. Читајте ја секојдневно.



  • Цело време носете со себе слика на некоја личност која ви е многу важна во животот. На парче хартија запишете си: “Се откажувам заради тебе”. Залепете го ливчето за фотографијата и кога ќе посакате да запалите цигара извадете ја сликата и прочитајте тоа што сте напишале.

Со среќа во откажувањето!!



.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Што се случува после последната испушена цигара?

После 20 минути
- крвниот притисок паѓа до нормалата
- пулсот се враќа во нормала
- телесната температура на рацете и стопалата се зголемува до нормалата

После 8 часа
- јаглерод-моноксидот во крвта паѓа до нормалата
- кислородот во крвта се зголемува до нормалата
- исчезнува "пушачкиот здив"

После 24 часа
- веќе е намален ризикот од срцев удар

После 48 часа
- нервните завршетоци започнуваат пак да растат
- се зголемува способноста за мирис и вкус

После 72 часа
- бронхиите се релаксираат и полесно се дише
- се зголемува капацитетот на белите дробови и полесно се прават физички активности

После 2 недели до 3 месеца
- се подобрува циркулацијата
- пешачењето станува полесно
- белите дробови работат до 30% поефикасно

После 3 до 9 месеци
- се намалуваат кашлањето, синусните проблеми, заморот и "краткиот здив"
- целокупната енергија на телото се зголемува
- се зголемува способноста за справување со слузот, се чистат белите дробови, се намалува ризикот од инфекција

После 1 година
- ризикот од коронарна срцева болест е за 1/2 помал од оној кај пушачите

После 2 години
- ризикот од срцев напад паѓа блиску до нормалата

После 5 години
- ризикот од рак на белите дробови е за 1/2 помал од оној кај стандарден пушач на 1 кутија дневно
- ризикот од мозочен удар е намален
- ризикот од рак на устата, грлото и крајниците е преполовен

После 15 години
- ризикот од коронарна срцева болест е ист како и кај лице што никогаш не запалило цигара.

ОСТАВЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ АКО ВИ Е МИЛ ЖИВОТОТ! :)
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
После 48 часа
- се зголемува способноста за мирис и вкус
Не знам ова колку е точно... кај мене беше баш спротивно. Третиот-четвртиот ден ми се намали осетот за вкус, на пр. едвај осеќав разлика меѓу џус и вода. Инаку ова траеше еден ден одприлика.
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Советиве се добри. Ќе се обидам некои да практикувам, некои и немора. Само цврсто и решително :helou:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Еве..имам уште четири цигари...да ги испушам тие и веќе не пушам :pipi:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Vodkamixx, имаш некој податок за враќање на потенцијата во нормала? :)



П.С. Ви се извинувам. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Што се случува после последната испушена цигара?

После 20 минути
- крвниот притисок паѓа до нормалата
- пулсот се враќа во нормала
- телесната температура на рацете и стопалата се зголемува до нормалата

После 8 часа
- јаглерод-моноксидот во крвта паѓа до нормалата
- кислородот во крвта се зголемува до нормалата
- исчезнува "пушачкиот здив"

После 24 часа
- веќе е намален ризикот од срцев удар

После 48 часа
- нервните завршетоци започнуваат пак да растат
- се зголемува способноста за мирис и вкус

После 72 часа
- бронхиите се релаксираат и полесно се дише
- се зголемува капацитетот на белите дробови и полесно се прават физички активности

После 2 недели до 3 месеца
- се подобрува циркулацијата
- пешачењето станува полесно
- белите дробови работат до 30% поефикасно

После 3 до 9 месеци
- се намалуваат кашлањето, синусните проблеми, заморот и "краткиот здив"
- целокупната енергија на телото се зголемува
- се зголемува способноста за справување со слузот, се чистат белите дробови, се намалува ризикот од инфекција

После 1 година
- ризикот од коронарна срцева болест е за 1/2 помал од оној кај пушачите

После 2 години
- ризикот од срцев напад паѓа блиску до нормалата

После 5 години
- ризикот од рак на белите дробови е за 1/2 помал од оној кај стандарден пушач на 1 кутија дневно
- ризикот од мозочен удар е намален
- ризикот од рак на устата, грлото и крајниците е преполовен

После 15 години
- ризикот од коронарна срцева болест е ист како и кај лице што никогаш не запалило цигара.

ОСТАВЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ АКО ВИ Е МИЛ ЖИВОТОТ! :)
Уште нешто...
После 6 месеци
- тежината ви е зголемена за најмалку 5kg :smir:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Некои луѓе имаат таков нагон што не можат едноставно со никаква метода да се откажат. Едноставно цигарата им е како дрога и мораат да ја зимаат. Жално но вистинито. Јас пример немам таков нагон и никогаш не ме тера да палам цигара всушност и не пушам воопшто.
 
Член од
10 септември 2008
Мислења
65
Поени од реакции
23
Ama mn e teshko u sekoj slucaj.. Jas sum pushach i momentalno se obiduvam da gi ostavam, ama ne odi...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ama mn e teshko u sekoj slucaj.. Jas sum pushach i momentalno se obiduvam da gi ostavam, ama ne odi...
земи лижи ментол бомбони, гризи чечкалици, сеа ништо не е лесно мораш да бидеш упорен ...
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Сите шо сакаат да ги откажат цигарите прво се заебуваат кога ќе престанат нагло, денес си пушел по 2 кутии дневно, од утре ниедна цигара не палиш, џабе е, не иде тоа, пред 2 години и ја така се заебав, и као демек не купуев, издржав 2-3 дена да не запалам, ама тешки кризи претрпев за цигара, и прво изглегување у град гребење од другари, и ќе испушев поише цигари од сите и ќе си идев дома.

По 2 години од тоа, значи сега пред месец и пол од кутија дневно шо сум пушел почнав да намалувам на 10-тина цигари дневно, 1 кутија 2 - 3 дена да ми трае, после тоа цврсто на 5 цигари дневно никако над 5, дали во текот на денот ќе ги испушев тие 5 или за 15 минути ќе ги испушев тие 5, над 5 никако. Терав 2-3 недели така, и знам беше 29 мај „светски ден против пушење“ и тој ден испушив само 2 цигари, и од тој ден едно 2-3 недели терав на 2 цигари дневно, некад и 1-на, уз кафе и после ручек, над 2 никако. И дојде и денот кога ја испушив задњата цигара, ми дое толку неубаво шо едвај ја пушев таа цигара и реков не ми е мерак више да пушам, и од тогаш не запалив ниедна, веќе 2-ра недела кај шо неам запалено цигара и неам желба да запалам.

Седам со друштво, претежно пушачи, со разни луѓе пушачи ги гледам како се трујат, значи имам можност да им земам по некоја цигара но нејќам, се осеќам непушач. После толкав труд месец и пол дена во намалување на цигари и скроз откажување, срамота е да запалиш пак, ако запалиш цигарите победиле, не ти.

Врло битна ствар околу откажувањето, силна волја, и полека, прво со намалување и потоа ќе си дојде денот кога нема да запалиш цигара. Неможе све од одма, за се си треба време.
И кога возиш кола со 200 км/ч немоеш нагло да закочиш на 30 км/ч.

Е и кога ќе се откажете од пушење скроз, ќе јадете многу поише, нови навики (старите пушачки навики ќе исчезнат, наместо тоа ќе праите нешо друго) и слично.

Ајде среќно со откажување „пушачи“. И прочитајте тука некој совет, нека ви се зголеми желбата за откажување од цигарите.

Ја сум непушач.:vozbud:

П.С. И уште нешто... глејте си за свое здравје, ако во друштвото повеќето се пушачи, немора да значи дека мора и ти да си пушач, ако останатите нејќат да ги остават, глеј си за себе.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Едноставно можам да ги оставам цигарите ама некам...
е сеа дали тоа некам е неможам незнам што е работата, пусам и кога сум дома ама најмногу по дискотеки во една рака пиво во друга цигара:nesvest:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ke zemes nekoj svecen tevter
i na prazen list ke napises posledna cigara
i koga ke ja ispusis poslednata cigara ke ja izgases na listot ( toa e ko pecat)
i odma zapisi vo kolku saat i kolku minuti si ja izgasnal cigarata
i toa ti e potvrda deka ne pusis vise.
i obavezno ke zapises den, datum i godina koa bilo toa
i ne pusis vise, imas potvrda so pecat
deka ne pusis vise!
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.459
Поени од реакции
426
Совети не помагаат, треба цврста војла, желба и да се има цврст став. Кога ќе се каже не пушам и нема пушење, треба да се има свое јас, ако кажеш уште еден цигар, уште денес или уште оваа кутија, ништо не постигнуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom