me intersira kolku vreme si pusac i posle seto ova dali gi ostavi cigarite?:salut:Ме инспирираше темата “Ги баталувам цигарите” па решив малце да погуглам и да најдам нешто што ќе им помогне на луѓето. Иначе и јас сум пушач и решив да ја следам оваа листа која ја најдов овде. Тука ја преведов листата на македонски
- Верувајте во себеси. Верувајте дека можете да се откажете. Помислете на некои од најтешките работи кои сте ги направиле во својот живот и сфатете дека ја имате храброста и одлучноста да ги откажете цигарите. Се зависи од вас.
- Откако ќе ја прочитате оваа листа седнете и направете ваша листа, прилагодена на вашиот карактер и начинот на кој ги правите нештата. Направете ваш план на откажување.
- Запишете си ја причината зошто сакате да се откажете (придобивките од откажувањето): ќе живеете подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе биде подобро за вашата фамилија, ќе заштедите пари, ќе мирисате подобро итн. Знаето што е лошо кај пушењето и знаете што ќе придобиете ако се откажете. Запишете си го тоа на лист хартија и читајте го тоа секојдневно.
- Замолете ја вашата фамилија и пријатели да ве подржуваат во вашата одлука. Замолете ги да тотално да ве подржуваат и да не ве осудуваат. Пред време ги известите дека најверојатно ќе бидете нервозни па дури и ирационални додека се откажувате од пушењето.
- Одредете дата за откажување. Одлучете на кој ден ќе се откажете целосно од цигарите. Запишете си го тоа. Планирајте за тоа. Подгответе си го умот за помислата: “првиот ден од остатокот на својот живот”. Дури може и да си одржете мала церемонија кога ќе го пушите последниот цигар, или пак утрото на првиот датум на откажување.
- Зборувајте со доктор за откажувањето. Подршката од стручно лице е докажан начин да ги подобрите шансите во откажувањето.
- Почнете да вежбате. Вежбањето е просто не компатабилно со пушењето. Вежбањето ве ослободува од стресот и му помага на вашето тело да се опорави од штета предизвикана со години од пушење цигари. Ако е потребно почнете бавно, со кратки прошетки еднаш или двапати дневно. Зголемете на 30-40 минути ригорозно вежбање 3-4 пати неделно.
- Секојдневно практикувајте длабоко дишење околу 3-5 минути. Вдишувајте преку носот многу бавно, задржете го здивот неколку секунди и издишете преку устата. Пробајте да дишете со затворени очи.
- Замислете го вашиот живот како непушач. Затворете ги очите и почнете да се замислувате како непушач. Замислете се како уживате повеќе како во точка 7. Замислете како одбивате цигара ако некој ви понуди. Замислете се како ги фрлате сите цигари и за тоа како освојувате златен медал. Развијте некоја сопствена имагинација. Тоа помага.
- Почнете да ги оставате цигарите постепено (ако го изберете овој метод обавезно одберете дата кога сигурно и целосно ќе ги откажете цигарите). Постојат повеќе начини да се остават цигарите постепено. Еден од тие начини е да планирате колку цигари ќе испушите секој ден до датата кога целосно ќе ги оставите цигарите со тоа што секој нареден ден ќе пушите се помалку и помалку. Менувајти ги марките на цигари за да не уживате толку, давајте цигари на други за секојпат кога ќе сакате да запалите да мора да барате цигара.
- Најдете некој друг пушач којшто сака да ги откаже цигарите и помогнете си еден на друг со позитивни зборови и убедување да не се откажете од помислата на откажување ако некој попушти.
- Миете си ги забите често во денот. Уживајте како изгледаат вашите заби и одржувајте ги убави.
- Пијте многу вода. Водата е добра за вас како и да е а повеќето луѓе не внесуваат доволно. Помага во отстранувањето на никотинот и другите хемикалии од вашето тело.
- Дознајте што ја активира вашата желба за пушење. На пример стресот, после оброк, пристигање на работа, влегување во кафич итн. Планирајте алтернативни начини како да се справувате со овие ситуации.
- Најдете нешто што ќе го држете во раката и устата за да ги замени цигарите. Цевки за пиење се добра алтернатива.
- Напишете си инспиративна песна или поема за откажувањето, цигарите и што ќе ви значи ако се откажете. Читајте ја секојдневно.
- Цело време носете со себе слика на некоја личност која ви е многу важна во животот. На парче хартија запишете си: “Се откажувам заради тебе”. Залепете го ливчето за фотографијата и кога ќе посакате да запалите цигара извадете ја сликата и прочитајте тоа што сте напишале.
Со среќа во откажувањето!!
.
A1 напиша:Слики од болести на кутиите со цигари
Оштетени бели дробови, инфаркт, мозочни удари, гангрена - вакви предупредувачки слики од септември ќе стојат на секоја кутија цигари со цел да се натераат пушачите да се откажат од цигарите.
Министерот Бујар Османи верува дека овие визуелни пораки силно ќе делуваат врз тие кои не ги знаат последиците од пушењето, но и не се грижат доволно за своето здравје.
Особено загрижувачки во последно време е фактот што околу 8 насто од пушачите во Македонија се помлади од 15 години, а 20 проценти од нив почнале да пушат пред 10-тата година.
И истражувањата спроведени во 2008 меѓу учениците на возраст од 13-15 години покажуваат алармантни резултати.
„Околу 20 проценти искажале имаат тенденција во наредната година да пропушат“, изјави Елена Ќосевска од Републичкиот завод за здравство.
„Податоците во државите коишто веќе ги користат овие пиктограми, односно овие слики, покажуваат дека е многу поефективно предупредувањето коешто вклучува и фотографија“, рече министерот за здравство Бујар Османи.
Колку ваквата акција ќе вроди со плод? Надлежните се оптимисти, но признаваат дека бавно се делува, ама вината не е само во законските рамки туку и во менталитетот.
Законот за забрана на пушењето на јавни места е на сила со месеци но речиси никаде не се применува. Слични се резултатите и кај законот за јавна чистота.
А Европа предупредува - земјите кандидати за влез во Унијата мора веднаш да ги имплементираат овие закони.
„Многу од земјите кандидати од Западен Балкан ја потпишаа Конвенцијата за Тобако контрола и штом го направиле тоа, сега имаат законска одредба итно да ја спроведат“, смета Андрула Василиу, европски комесар за здравство.
Но и дел од европските држави доцнат со имплементацијата. Пример е Белгија.
„На гостите непушачи им пречи кога другите пушат. На пример, гостите од Ирска, по навика, иако е дозволено, излегуваат надвор да пушат“, рече еден келнер во бар во Брисел.
„Треба да се забрани секаде. Јас не пушам во затворена просторија, значи секој треба така“, смета жителка на Белгија.
Во Македонија строгата забрана стартува на 1-ви јануари. Инспекциските служби ќе имаат полни раце работа со оглед на навиката, но и менталитетот на Македонците.
Епа да ти се згади од нив да ги откажеш. :helou:Додека ги гледав сликиве у уста имав цигара.
Водка....заебан си бе да тибам!
Ме згадиии
а каде пишува дека директна поврзаност има ракот со цигарите!!!
Е овие слики од септември ќе ги глеате на кутиите со цигари.
Браво за владата за ваквиот потег, пушачи нек ви дое памет еднаш.
А од јануари 2010 строго забрането пушење на јавни места. Пушачи колку сакате противете се но увек сте во втор план.
Абе па и ти....боље рак него импотенцијаете нека пишат не пушите цигари оти факате РАК
Де пак ти, вчера ја тргна цигарата од уста и одма браво за влада, уа пушачи цркнете. Дај ќе збориме после 10 години кога стварно ќе кажеш УСПЕАВ!Е овие слики од септември ќе ги глеате на кутиите со цигари.
Браво за владата за ваквиот потег, пушачи нек ви дое памет еднаш.
А од јануари 2010 строго забрането пушење на јавни места. Пушачи колку сакате противете се но увек сте во втор план.
Де пак ти, вчера ја тргна цигарата од уста и одма браво за влада, уа пушачи цркнете. Дај ќе збориме после 10 години кога стварно ќе кажеш УСПЕАВ!
Таквите непушачи се најлоши, кои до вчера пафкале по кутија две на ден.
Земав книга одамна „Како да се откажете од цигари„, Јас се откажав замисли, ама од книгатаМене ни сликиве не ми дејствуваат Ќе мора владава да смисли трет начин за појавување желба.
:pos2::pos2:Земав книга одамна „Како да се откажете од цигари„, Јас се откажав замисли, ама од книгата
:pos2::pos2:
Јас направив 12 години кариера страстен пушач и ќе ме плашат со сликички кој мојов морбиден мозок ги доживува како смешни.
Бев на пулмолог пред некој месец да проверам да не имам некој рак,ми рече дека можам до 40 години да пушам,а после други ќе палеле за мене:pos2:
Е овие слики од септември ќе ги глеате на кутиите со цигари.
Браво за владата за ваквиот потег, пушачи нек ви дое памет еднаш.
А од јануари 2010 строго забрането пушење на јавни места. Пушачи колку сакате противете се но увек сте во втор план.