Како да се откажете од цигарите?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.120
Поени од реакции
13.837
Пробував неколку пати, приметив дека го врзувам со моментална нервоза палењето цигари. Еднаш се враќам од полициска станица за едни заврзлами, и немав цигари у мене...и знам кога се вратив на работа побарав од еден колега демек да се смирам. Баш го посматрав моментот потполно свесен, и од тогаш целата таа илузија отиде у неповрат :)
Доста време откако ги баталив на моменти кога ќе ми било така не толку најсјајно ми се вртело у глава да запалам....ама освен повод да се насмејам ништо друг ефект немало :D
Иначе не сум бил некој пушач, по неколку дневно....највеќе со алкохол. У недела ретко палев затоа што недела било секогаш цел ден за спорт и спиење и сум палел навечер ако отидам негде.
Си поставив за цел неколку работи пред неколку години, од откажување месо, цигари, џанк фуд, алкохол. Остана само алкохол од време на време, и тоа ќе го лимитирам барем на максимум 4 пива или пола литар вино ако ништо повеќе, во моменти кога ќе пијам. И не повеќе од два три пати месечно.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.651
Поени од реакции
746
Утре правам една недела.

Ролер факинг костер :) Буквално напади за никотин добивам. Лудило чоече. Ама издржувам јбг.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.937
Поени од реакции
2.584
Другар ги откажа со Iqos.
Нема запалено веќе 2 месеци скоро, пробал да пафни малку цигара и вели дека сега му биле прегадни.
Чекај а Iqos не е цигара?
Мене барем исто ми се фаќа дали Iqos или цигара...
 

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
253
Поени од реакции
149
Чекај а Iqos не е цигара?
Мене барем исто ми се фаќа дали Iqos или цигара...
Слично е на електронска цигара, ама попрактично е.Има само никотин, другите штетни елементи катран/јаглерод моноксид/канцерогени елементи се отстранети, но сепак има висок степен на никотин.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.937
Поени од реакции
2.584
Слично е на електронска цигара, ама попрактично е.Има само никотин, другите штетни елементи катран/јаглерод моноксид/канцерогени елементи се отстранети, но сепак има висок степен на никотин.
Абе брат, знам што е. Често знам да сменам од цигара на iqos коа сум на гости кај шо не се пуши ама шознам. 150 денари кутија. Пак е никотин, пак гориш пари.
Интересна работа е ама за мене не е тоа откажување на цигари, пошо нели пак даваш 150 дневно :)
И ја се размислувам да си зеам апаратче за у затворени простории ама не ми се фрлаат 5-6 000. Иначе огромна е разликата од електронска и од iqos барем за мене. 3 електронски ги фрлив, за нишо не ги бива, ова барем ми заменувало цигара... :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.289
Поени од реакции
9.832
Често знам да сменам од цигара на iqos коа сум на гости кај шо не се пуши ама шознам.
Ти мислиш дека не мириса од iqos?

Овде не се спроведуваат закони, инаку сите тие работи се забранети во затворени јавни простории - гледано според закон. Без разлика на рекламите.
Инаку чисто да знаеш, јас кај мене дома не дозволувам ни iqos а сигурен сум дека не сум единствен... Да не ти биде џабе инвестицијата, подобро прашај си ги домаќините (а најдобро остави сѐ топтан од тоа штетно ѓубре). :)
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.937
Поени од реакции
2.584
Ти мислиш дека не мириса од iqos?

Овде не се спроведуваат закони, инаку сите тие работи се забранети во затворени јавни простории - гледано според закон. Без разлика на рекламите.
Инаку чисто да знаеш, јас кај мене дома не дозволувам ни iqos а сигурен сум дека не сум единствен... Да не ти биде џабе инвестицијата, подобро прашај си ги домаќините (а најдобро остави сѐ топтан од тоа штетно ѓубре). :)
Пошо често идам кај луѓе што не пушат цигари туку iqos затоа и се мислам дали да зеам.
Иначе знам дека има арома, ко на влага. Ја лично мотам тутун со арома на ванила или некад цреша. И колата и собата ми мирисаат на ванила или цреша. Веруј и на апла непушачи не им сметала миризбата, бар не се пожалиле како кога пушев класични цигари.


Не ме сфаќај погрешно но избегнувам да идам на места (гости) кај што не се пуши, едноставно ќе те испочитувам нема да запалам но не е тоа тоа. Доста пријатели иам шо се непушачи и на повеќето "не им смета" ако запалиш 1-2 цигари, нормално и ја иам усул една со кафе и тоа е тоа.

За iqos мислам дека е дозволено внатре но не сум сигурен, некој што пуши нека каже дали може во кафичи ресторани итн да се пали.

И да, за мене си кажав, iqos е исто ко и цигара.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.125
Поени од реакции
3.485
Цигари се откажуваат нагло, без замена, без грицки, без да размислувате што ќе правите со рацете или навиките. Едноставно, веќе не пушам, не бројам денови, не јадам бонбончиња. Ова ви го пишувам од искуство, до пред да ги оставам пушев по три кутии јаки цигари или мотав тутун. Искрено, лекар, пријател ме уплаши, кој ме излажа дека сите мои проблеми потекнуваат од тоа ѓубре. И јас сум му благодарен за тоа.
Со пушењето на разноразните замени покажувате дека не можете да се изборите со зависноста. Не чекајте доктор да ви ги забрани.
И, да знаете, во нив има ѓавол. После толку години, нешто ми вели дека убаво би било сега да запалам. Иако, оттогаш не сум запалил ниту една.
Уште нешто: никако не можам да ги сфатам оние кои лупаат глава како да ги остават, а пушат помалку од десетина цигари. Јас да знаев да бидам така умерен, никогаш не би ги откажал
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.038
Поени од реакции
12.015
Јас не пушам веќе 8 години, но не ги откажав нагло. Месецот пред целосно да ги откажам палев по 1 - 2 цигари на ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom