Како да се откажете од цигарите?

Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Искрено не знам, само знам дека доста скапо го плати, беше на полнење и му траеше доста долго. Го имаше земано од странство, од каде точно не знам, не ме интересираше за да го распрашувам повеќе. Само глетката беше лоша и влечењето по болници напорно.
Скапо а.. гарант со некакви модови и чуда.. ако не бил доволно упатен и искусен не требало да си игра играчки... како и да е , како што ти кажав , ако ми е страв од ова треба да ми е од се што ме опколува секојдневно... шансите да ми падне лото се поголеми одколку да ми пукне вејпот у уста.
 

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Има шанси да експоадира модот ама тие се многу мали и најчесто им се случува на неискусни вејпери.
Мора да се внимава на квалитетот на батериите, опаковката од батериите да не е изгребана, високи вати а мала омажа е троа поголем ризик. Ставање на електронската додека е вклучена во џеб со клучеви, парички истотака не е препорачливо

@Tutor изгуглај Електронски цигари на кирилица и придружи се на заедницата ;-)
 
Член од
8 ноември 2017
Мислења
36
Поени од реакции
10
Сакам да го променам marlboroto, и да преминам на други цигари, слимс 120ка ваш предлог ? И секако да бидат над 7 јачина ;p
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Методата броење не е успешна кај повеќето, но кај мене се покажа релативно успешна. Намалував секој ден по една цигара се додека не дојдов до четири цигари на ден и на тоа останав неколку години, а потоа спуштив на 3, па и на 2 цигари на ден. :) Не е целосен успех, но сепак има разлика од кутија на ден и неколку цигари, и битно веќе не палам цигара од навика. И за оваа метода е пред се најважна и потребна извесна волја или причина.
 
Член од
20 февруари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали некој знае каде можам да купам никотински мастики?
 

Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
67
Поени од реакции
33
Дефинитивно за слаби карактери, намалување нагло, од 3 до 5 цигари помалку секој ден и заменување на навиката со активност, дали е спорт или вежби по дома, а никако со никотински мастики зашто пак внесуваш никотин во организмот (боље џвакајте Чунга Лунга(не содржат Аспартам, може да се џвакаат повеќе на ден) или лижавчиња), и никако со електронска цигара зашто така не си ја тргнал навиката за дим, само си ја заменил, што значи не си се откажал од нив/димот. Плус пазете на тригери, работи што ве тераат на цигара како кафе, алкохол, чекање итн. Заменете го кафето со чај, алкохолот со смути или цеден сок, жесток алкохол со лајт алкохол како пивце.

П.С. Ако ви е најтешко во друштво да не запалите, ќе мора во карантин да се ставите бар некој период, дур не ви се тргне навиката, јебига ќе мора да се избегаваат пушачи ако не сте јак карактер.
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Јас цигарите ги исфрлив откако истражував повеќе за нив, правев квантна анализа и кога видов до кое ниво ми е никотинот и тешките метали, не ми се веруваше. Веднаш ги оставив по 13 години активно пушење :)
 
Член од
5 август 2019
Мислења
7
Поени од реакции
12
Кој се најслаби цигари , најмалку катран и никотин да имат , ама да не се СЛИМ ? Ако некој знај и колкава
јачина имат нека напише...И дали пафкање една цигара на ден , со слаба јачина е штетно или ?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Барав Nicorette во Зегин, ме гледаа чудно не знаеја што им зборувам.

Барав слични препарати во Еурофарм и Виола. Никаде ништо нема.

Совет каде да најдам нешто? Мастики пред се.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Ja pusev 10 godini i toa po 2 kutii dnevno nekad i 3 i sekogas vikav deka ne mozam da gi otkazam. Ustvari gi otkazav u 2012 i od togas voopsto neam zapaleno cigara. Najdi si nekoja zanimacija za da nemas vreme za cigari i ke gi otkazes. U lepenki,mastiki i ostalo ja bas i ne veruvam.
 

A62

Член од
15 септември 2016
Мислења
20
Поени од реакции
7
Јас во кафана ги оставив, ја испушив последната цигара и запалката на другар му ја дадов.Му кажав дека веќе не пушам нормално ми се смееше ама еве 2 год немам запалено.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom