leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.566
До 8 Декември 60 дена без запалена цигара. Со електронската како замена. Прво не купувајте непроверени течности и цигари особено кинески зошто има голем број на случаи со отрови. Второ кај мене оваа цигара сега ќе испадне му ја поддржувам рекламава на дечково успешна мисија има. Цигарите моментално ми смрдат на одвратно. И тоа секако е добар знак. Не чувствувам никаква потреба да запалам цигара. Си го имам цигарчево и не го пуштам од рака. Психолошкиот момент е дека мора да е до мене, да го гледам па макар и да не пушам.
Она што е добро е што не мириса станот, ни облеката не ми мириса! Немам кашлица на утро, имав само првите два дена кога се прилагодував на цигарава и трпнење на усните потоа ми се навикна организмот.
Течноста што ја земав е исто табак исто залажува вкус дека е цигара. Тешко е првата недела мислиш дека пушиш воздух. Али после се навикнуваш. И не, не земав 18ка, земав онолку колку што има и во цигарите 9ка. Тие малина, капина глупостите не се за пушачи. Ја полнам на вечер кога легнувам, секоја вечер. Трае батеријата цел ден.
Си имам дадено цел и мислам дека ќе успеам овој пат. Ќе се занимавам со цигарава до март/април и потоа и неа ќе ја баталам. Од неа полесно би се откажала барем така мислам сега.
Па ете моето искуство е позитивно со цигарава. Ако некој може и без ова: Овации од моја страна за упорноста и самоконтролата!
И стварно смрделе цигарите, никогаш не мислев дека ова ќе го речам - смрдат одвратно.

))