Како да се откажете од цигарите?

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Џабе е бате, барем за мене, неможам јас така да се лажам, или ке пушам или не пушам, ако почнам така ко што викаш ти во еден период пак ке се вратам по старо. Сум пробал, пушев по 3 цигари дневно, ги откажав така полека и престанав да пушам скорз неколку месеца, по некое време ме фати тоа лудлиото и си реков ај бе пак ке пушам по 3 цигари дневно, што се... И почнав, и после по 4, па по 5 и се вратив пак на старо, редовен пушач. Така да некна оставив кутијата на фрижидер и ете ја уште таму стои, чекам некој да ја фрли.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Си ветив дека ќе ги откажам цигарите. Од утре не пушам и ова е веќе десети ден како се будам наутро и палам цигара со кафето. Уште го чекам тоа утре во кое јас станувам и не палам цигара.
Али ќе биде!
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Си ветив дека ќе ги откажам цигарите. Од утре не пушам и ова е веќе десети ден како се будам наутро и палам цигара со кафето. Уште го чекам тоа утре во кое јас станувам и не палам цигара.
Али ќе биде!
Немаш гајле бе од утре сигурно, ама затоа јас еве скоро цела недела без цигара, не дека не сакам не можам, прва прилика три одеднаш ќе ги запалам :icon_lol:
 
Цела недела? Браво. Кризите како?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
. Кризите како?
Кетонал, и молам да запалат цигара у моја близина за да го вдишувам чадот :pos:
Се зафркавам нема кризи повремено чат пат така ако ми текне после поминува,али дефинитивно фали кафе и цигара насабајле мамицата...
Знаеш она насабајле стануеш палиш цигаре кафето идеш у вц
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Кетонал, и молам да запалат цигара у моја близина за да го вдишувам чадот :pos:
Се зафркавам нема кризи повремено чат пат така ако ми текне после поминува,али дефинитивно фали кафе и цигара насабајле мамицата...
Знаеш она насабајле стануеш палиш цигаре кафето идеш у вц
А тие 20 годишните шишиња мојш да ги пиеш без цигаре? аА?а /АА /А??АА?А?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
А тие 20 годишните шишиња мојш да ги пиеш без цигаре? аА?а /АА /А??АА?А?
ЦК вода, вода другар ни вино ни ракија ни сок за кафе ми се плаче и моментално сум у состојба сум да убијам човек за шоља кафе :icon_lol:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ЦК вода, вода другар ни вино ни ракија ни сок за кафе ми се плаче и моментално сум у состојба сум да убијам човек за шоља кафе :icon_lol:
па напрај си!!! или сакаш од нас едно? ;)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Море џабе е, и сум кашлал како магаре, и сум хрчел сум се гушел у сон и наеднаш од сето срање шо ке ми се собере сум станувал и сум повраќал како свиња и џабе е, ако не веднаш ама утрото одма цигарата и кафето. Ако пушач како пушач сам не се реши се е џабе и здравствено и физички и психички итн....

Јас на пр. покрај сите срања што ми се случувале со цигарите и многу многу лоши работи не сум ги оставил никогаш, ми се случи убава работа за да ги оставам т.е. ми се роди бебе, и поради него сега почнав повеке да се чувам пошто знам дека ке му требам (бидејки јас сум растен без татко и знам кое срање е тоа) а штом порасне и се осамостои (баш пред некој ден ова на жена ми и зборев) одма, удри бригу на весеље.... нормално, ако до тогаш постојат цигарите, и дрогата и алкохолот и се.... т.е. ако постоиме и ние воопшто....:)
Не само заради тоа, туку и да му покажеш добар пример на твоето дете. Децата кои растат со родители пушачи, најчесто и самите тие стануваат пушачи. Зар сакаш твоето дете да биде пушач кога ќе порасне? :)
Јас сум пушач и знам колку е тешко да се откажат цигарите. Сум пробала два, три пати, не ми успеало. Но знам дека кога ќе останам трудна, ќе ги откажам секако...
Ајде, со лесно откажувањето. Сподели искуство потоа...
--- надополнето: 17 декември 2013 во 22:43 ---
Си ветив дека ќе ги откажам цигарите. Од утре не пушам и ова е веќе десети ден како се будам наутро и палам цигара со кафето. Уште го чекам тоа утре во кое јас станувам и не палам цигара.
Али ќе биде!
Леандро, мајки ко ќе треба да станеме, откажување. Пред тоа тешко дека ќе се натераме. :D
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Си ветив дека ќе ги откажам цигарите. Од утре не пушам и ова е веќе десети ден како се будам наутро и палам цигара со кафето. Уште го чекам тоа утре во кое јас станувам и не палам цигара.
Али ќе биде!
џабе збораш,со овај муабет ништо не прајш.
Види девојко да ги остајш цигатите е одлика на карактер..свести се
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Хахаха, пази сега, жена ми ги остави цигарите додека беше бремена. И не ја тераше на пушење воопшто додека беше бремена. И ми вика, од кога се породив, одма штом излезе бебето уште првата минута на прво што ми текна беше цигара. И после тоа пак не пушеше додека го доеше бебето ама мислам дека првиот ден кога престана да го дои (после некој 10-11 месеца) ведмаш отиде и си купи цигари и еве ја пуши и ден денеска, у моментов на тераса пуши, и сеа ке ми дојде тука и ке ми смрди ко пепељара некоја....
 
M

Muranyi

Гостин
Ајде јас да се исповедам, зашто мислам дека е добра идеја да си споделуваме искуства, нешто како групна психотерапија(се крстам на овие зборови :LOL: ).

По којзнае кој пат пробувам да ги откажам цигарите, но сега, за разлика од порано кога чекав да дојде први или понеделник или 1. Јануари, сега решив да ги откажам на петок 13. Добро ми оди, кафето наутро навистина ми нема смисла да го пијам без цигарче али штачеш, навика. Почнав да одам во теретана за да си го окупирам умот со нешто, да правам нешто корисно и да имам бубаче во мозокот дека ако пропушам се ќе засерам. Напнат сум, не сакам никој да си игра курташаци со мене зашо сум во состојба да го плеснам као вехабијата коа го плесна Дедо Мраз. Е сега, ми се погодија две вечери со кумот и другарите да пиеме ракија, фино мезенце, прекрасна атмосфера и урнебесна дружба и искрено си купив по една кутија цигари,пушев вечерта и од следниот ден исто како да не сум запалил.

Не се тешам, не се залажувам сам себе,имам искуства со откажување и знам како функционира посраната психа кога се откажуваш од мерак на душичката,али вака мислам дека ќе терам,барем ова време за да не го нокаутирам Дедо Мраз. Ионака се предновогодишни журки, собиранки и остало, ќе си пушам кога пијам алкохол,инаку не. Ова нека биде вакум период, од наредната недела планирам да не излезам од кафана, па барем да си го истерам хедонизмот до крај.

И ќе ти откажам,макар последно нешто ми било во животот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom