Ајде јас да се исповедам, зашто мислам дека е добра идеја да си споделуваме искуства, нешто како групна психотерапија(се крстам на овие зборови
).
По којзнае кој пат пробувам да ги откажам цигарите, но сега, за разлика од порано кога чекав да дојде први или понеделник или 1. Јануари, сега решив да ги откажам на петок 13. Добро ми оди, кафето наутро навистина ми нема смисла да го пијам без цигарче али штачеш, навика. Почнав да одам во теретана за да си го окупирам умот со нешто, да правам нешто корисно и да имам бубаче во мозокот дека ако пропушам се ќе засерам. Напнат сум, не сакам никој да си игра курташаци со мене зашо сум во состојба да го плеснам као вехабијата коа го плесна Дедо Мраз. Е сега, ми се погодија две вечери со кумот и другарите да пиеме ракија, фино мезенце, прекрасна атмосфера и урнебесна дружба и искрено си купив по една кутија цигари,пушев вечерта и од следниот ден исто како да не сум запалил.
Не се тешам, не се залажувам сам себе,имам искуства со откажување и знам како функционира посраната психа кога се откажуваш од мерак на душичката,али вака мислам дека ќе терам,барем ова време за да не го нокаутирам Дедо Мраз. Ионака се предновогодишни журки, собиранки и остало, ќе си пушам кога пијам алкохол,инаку не. Ова нека биде вакум период, од наредната недела планирам да не излезам од кафана, па барем да си го истерам хедонизмот до крај.
И ќе ти откажам,макар последно нешто ми било во животот.