Како да се откажете од цигарите?

Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.501
Ја ги откажав у англија пред 2 години,а претходно пушев 10години.не знам како успеав али мислам дека најмногу влијаеше тоа што не смеев да пушам кај што сакам,плус цената(околу 5 фунти најефтини),туку морав да идам у гаража да палам.после месец дена ми се смачи да идам да пијам кафе у гаража ко набркан хаха,а и зимо беше,па ги баталив нив а после некое време и кафето(ми беше терсене без цигара да го пијам) и се префрлив на чај :)).
 
M

Muranyi

Гостин
Добро е, денес имав огромна криза и искушение да си купам една кутија, траеше некои си половина час и ме одмина. Ако морам вака да се борам секојдневно до крајот на животот, ќе умрам за 10 години од преголем стрес.
 
%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Добро е, денес имав огромна криза и искушение да си купам една кутија, траеше некои си половина час и ме одмина. Ако морам вака да се борам секојдневно до крајот на животот, ќе умрам за 10 години од преголем стрес.
Само уште два -три пати ќе треба да се бореш и после ќе си живееш среќно и здраво до крајо:D

Кога имаш кризи нек ти текне за причината поради која ги откажуваш цигарите и повторувај си ја како мантра:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од денес овде ќе си водам дневник за откажувањето од цигари.
Прв ден

Денес со утринското кафе запалив една цигара. Само една!

И после два саати ме фатија живците и испушив три цигари. Има надеж. Утре ќе биде подобро.
 
W

Werther

Гостин
Добро е, денес имав огромна криза и искушение да си купам една кутија, траеше некои си половина час и ме одмина. Ако морам вака да се борам секојдневно до крајот на животот, ќе умрам за 10 години од преголем стрес.
Не мора. Првите неколку дена се само така.

Иначе, да се пофалам. Немам запалено три недели. (првите денови беа хорор...)
 
M

Muranyi

Гостин
Во меѓувреме се разболев, што значи дека наредниве 4-5 дена ќе ми биде каде каде полесно и нема да има кризи.

Добро е, почнав и ткива да плукам, ми се распаѓа белодробието.
 
M

Muranyi

Гостин
Не мора. Првите неколку дена се само така.

Иначе, да се пофалам. Немам запалено три недели. (првите денови беа хорор...)
Хехехе, почекај, па ќе праиме муабет:) Јас, иако сега јавно ќе признаам дека сум најголем глупак, ги откажав пред две години и не пушев 14 месеци. Од искуство ти кажувам дека повремено ќе имаш кризи, дури и после една година ќе има едно ѓаволче во тебе кое ќе ти шепка:"Вертер,запали само една,од една нема да пропушиш пак". Е сеа многу е важно тоа ѓаволче да го ишнеш, игнорираш за да не се заебеш како мене.

Инаку,честито поради одлуката и со лесно.
 
Да, да, знам. Рационализирање на таа глупоста е најзезнатата ствар.

Јас со ова почнав. :)
Инаку,честито поради одлуката и со лесно.
Фала. :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Имам чуено дека од ден на ден со сечење на цигарата на пола, па на нешто помалку до пола, па уште помалку........ се губи големата потреба од цигари, а со тоа доаѓа и до нивно откажување :)
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Имам чуено дека од ден на ден со сечење на цигарата на пола, па на нешто помалку до пола, па уште помалку........ се губи големата потреба од цигари, а со тоа доаѓа и до нивно откажување :)
Ти немаш мозок, да сечам цигара па не сум луд :D
 
M

Muranyi

Гостин
Имам чуено дека од ден на ден со сечење на цигарата на пола, па на нешто помалку до пола, па уште помалку........ се губи големата потреба од цигари, а со тоа доаѓа и до нивно откажување :)
Нема врска тоа Боб, глупости. Ако сакаш да ги откажеш, ги оставаш и воопшто не палиш. Тие финти со сечење, намалување на број се само изговори и губење на време.

Совет до тебе како до помал- немој Бобе никогаш да пропушиш,штетно е по здравјето. И по растот, веруј:)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нема врска тоа Боб, глупости. Ако сакаш да ги откажеш, ги оставаш и воопшто не палиш. Тие финти со сечење, намалување на број се само изговори и губење на време.

Совет до тебе како до помал- немој Бобе никогаш да пропушиш,штетно е по здравјето. И по растот, веруј:)
Верувај јас во моиве 22 години цигара немам пропушено......... спортска душа :)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
мурањи, вертер, тек сега ја посетувам темава и гледам дека двајцата правите големи преокрети.
браво, со лесно нека ви е.
П.С. јас ќе продолжам да си пуфкам, уште не ме фатиле бубачките за откажување, а вероватно и никогаш нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom