Јас всушност и не го разбирам веќе светот. Кога мислев дека го разбирам, и кога требаше само да се адаптирам во него, одеднаш се измешаа работите и светот стана друг. Свет кој почна да нуди други морални вредности и дефиниции, сосема спротивни од оние кои јас ги разбирав, како општо прифатени начела врз кои се темели моето разбирање на светот. Сега светот е неразбирлив, а јас посетувам курсови за изучување на новите вредности, но морам да признам тешко ми оди. Мислам дека ова за мене претставува преголем залак, кој тешко можам да го проголтам, од едноставна причина, премногу изедов од сфаќањата за претходниот свет, бидејќи беше многу вкусен. Сега само ждригам и се обидувам да си олесам од прејадувањето...но заради некултурноста на појавата ждригање, никој неможе да ме разбере дека сум јадел многу вкусни сфаќања.