Како ги прифаќате новите луѓе во вашиот живот?

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Многу искрено и отворено. Комуникативна сум, зборувам некогаш и повеќе отколку што е потребно, ама што да се прави, мана ми е тоа. Пред непознати луѓе треба да се внимава што се зборува, ама само еден момент инстинктивно да се реагира и отиде грешката. Не знам да бидам претпазлива и после се обвинувам кога ќе ми згрешат нешто зашто самата сум си виновна што им верувам на сите.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Зависи на какво расположение ќе ме фатат, понекогаш никако не можам да си се откачам од моќните мисли што ме заплиснале некој момент пред да дое новајлијава, па ќе го искасапам за да не ме замара.
А сакам нови фацки. Имам мизантропски нагони и често иам филинг дека не ми праат кејф луѓето ко луѓе, но навистина сакам нови фацки.

Сепак, освен у погоре опишаната состојба, лесно се спријателувам со отворени луѓе, но со луѓе кои тешко се спријателуваат не комуницирам со премногу зборови ;).
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Ако сум супер расположена немам проблем во запознавањето нови личности.Но ако некоја личност на прв поглед не ми остави добар впечаток колку сака нека е фина неможам да ја поднесам.Независно дали е личноста срамежлива или не лесно можам да се спријателам.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ги прифаќам пополека, но доколку нешто во мене кажува дека се ОК од прв поглед пробувам одма да им влезам под кожа за да и они на мене побрзо ми влезат. Ако случајно се згреши при влегувањето постои магичното ctrl+z и пробувам одпочеток пак пополека, но ако се примети дека муабетот и општо таа течност за влегување под кожа пробувам најкултурно да ги избегнам....
 

little girl

~Little Girl with Big Heart~
Член од
30 август 2007
Мислења
68
Поени од реакции
0
На новите луѓе им давам шанса да се покажат какви се, но ретко кои се покажуваат со своето вистинско лице, за да утврдам дали можат да ми бидат пријатели на кои ќе можам да им се отворат.Луѓето горе доле ги познавам по ликот,очите и гласот веќе имам една претстава за нив.Но сепак треба да им се пружи шанса на луѓето.
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
ги прифакам веднаш како да се знајме сто години....имам верба во секој...али зато си го јадам на крајот:helou:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Lesno kako nikogas do sega:smir: Da pisuvav n temava pred 5 meseci odgovorot ke bese sosema porazlicen, ama ete se menuvame!
Gi prifakam kako luge, covecki bitija zelni za ljubov, toplina, vnimanie! Ne mi e bitno dali e kelnerot vo lokalnoto kafule, mesarot vo marketot, tetkata na kasa, sluzbenikot mrcator vo banka, slatkiot decko koj sekogas go seta kuceto vo isto vreme kako i jas(cista slucajnost:cheeky2:)yoga instruktorot, cistackata vo vlez, starata gospoga preku ulica, ta duri i sosedot koj sekoe utro najprijatelski mi se smeska i mi mafta dodeka go sobiram vesnikot od pred vrata! Tuka se, okolu mene se, postojat im trebam mi trebaat! Ist stav imam i koga stanuva zbor za sklopuvanje prijatelstva! Go sretnav na plaza vo 3 sabajle, prvo mislev deka e zavisnik ili alkoholicar vo najmala raka ama ete se zamuabetivme i od togas ne prestanavme:)
Otvoreni gledista, slobodni stavovi bez predrasudi, mnogu ljubeznost i siroka nasmevka! Funkcionira besprekorno! A boga mi i jas taka funkcioniram i komuniciram so coveckiot rod!:smir:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Секогаш кога запознавам нова личност тоа го правам со контрирање на ставови. Преку глава ми е од дадакање.
 

GoKo}sBePoT

Опасниот Буцко
Член од
27 јули 2007
Мислења
582
Поени од реакции
5
Многу искрено и отворено. Комуникативна сум, зборувам некогаш и повеќе отколку што е потребно, ама што да се прави, мана ми е тоа. Пред непознати луѓе треба да се внимава што се зборува, ама само еден момент инстинктивно да се реагира и отиде грешката. Не знам да бидам претпазлива и после се обвинувам кога ќе ми згрешат нешто зашто самата сум си виновна што им верувам на сите.


Истото,ама потпуно истото.:):)
 

-Mr.Positive-

MKD gentlemen
Член од
12 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
47
ги прифакам лесно разговарам се упознаваме
прашувам за кој тим навиваат
ако навиваат за интер ги фрлам у канта

ако за друг онда се дружиме со години (се додека еден од нив не фати женска и јас спијам со неа )
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ако почувствувам дека има меѓу нас убава енергија, муабет... Веднаш давам до знаење дека ми се пријатни, сакам да ги чујам , видам, да се гушкам, да си направам убав ден.
Ретко е тоа, ама добро излегло до сега.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Ги прифаќам пополека, но доколку нешто во мене кажува дека се ОК од прв поглед пробувам одма да им влезам под кожа за да и они на мене побрзо ми влезат. Ако случајно се згреши при влегувањето постои магичното ctrl+z и пробувам одпочеток пак пополека, но ако се примети дека муабетот и општо таа течност за влегување под кожа пробувам најкултурно да ги избегнам....
и јас исто како Точкест... многу брзо се зближувам со луѓето...
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Секогаш сум отворена, така да имам позитивен став и пристап кон новите луѓе во мојот живот. Дружељубива сум по природа и лесно стекнувам пријателства. Не верувам лесно на секој, зашто во денешно време тешко може на луѓето да им се верува. Одма штом се запознаам со некој, од сам почеток му кажувам дека мразам оговарање и зборење зад грб, па ако има нешто да ми каже нека ми го каже тоа мене, лично, а не да разберам од некој др. дека зборел за мене...Едноставно прифаќам критики, но не и зборување зад грб. Се на се, пријателски сум расположена кон сите, но дали тоа ќе остане така и понатаму, зависи од нив. :smir:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Многу лесно се спријателувам со луѓе поради косата :), дружељубив сум многу ама некогаш нема место за сите. Едноставно не можем сегде да постигнем па некој останува запоставен и се оддалечува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom