Новите луѓе во мојот живот ги прифаќам со раширени раце. Значи отворена сум кон нови пријателства, но во нив влегувам и со мала доза на претпазливост, во смисол на тоа дека прво сакам да ги запознаам луѓето па да одлучам колку ќе им верувам и која улога ќе ја имаат во мојот живот. Често сум знаела да погрешам во проценките па затоа во сегашноста и не се осмелувам да судам за никого.Напротив, се трудам да сум иста кон сите, колку е можно покоректна и истото го очекувам и од нив. Ако некој ме изневери на почетокот, можно е веднаш да го отфрлам од мојот живот, но ако сепак не е којзнае каква грешка, знам да дадам и втора шанса секако ако сметам дека заслужува. Искрено сакам да запознавам нови луѓе, и интересен е фактот што честопати ми се има случено да разговарам со некој непознат, а да се чувствувам како да се знаеме од порано. Чудно е како можат некои луѓе да се поклопат во вистинското време и на вистинското место.:smir: