Во болно и агонично исчекување на зимата, што сеуште трае, зошто не ги можам горештиниве. Сакам снег. Ова од метеоролошки аспекат.
Од одморски аспект, нула. Компир. Никаде не бев на одмор летово. Се правеа некои планови за викенди некакви цело време, ама ај не овој, ај следниот, ај не, тој по него, и ништо не испадна на крај. И планови за планини и роуд-трипови низ Македонија... Ништо не испадна. Последниов план го зачнав и не го доизреализирав до крај.
Од социјално-друштвен аспект, одлично. Летово ми беше исполнето со дружби, случувања, скитања, не се прибрав дома буквално. Интересно и исполнето. Со исклучок на еден период од 10тина дена, крај на јули почеток на август, кога апсолутно СИТЕ луѓе што ги знам беа некаде ван Скопје по одмори, и имав буквално двајца пријатели останато се на се
Тоа беше агоничен период на осаменост и досада, ама брзо заврши и после дупло надоместив за неактивноста.
А да, ова лето му се вратив на алкохолот, пороците и блудничењата.
I`m one happy hedonist.
Од љубовен аспект, беше невообичаено лето. Со непредвидливи пресврти. Да речеме, не баш какво што го замислував, туку подобро. Или барем, поразнолико и занимливо. Во секој случај, различно. И, доста со описиве. Интересно лето во секој случај, со убави и грди моменти.
Од образовен аспект, мирна глава ми беше, единствен контакт со факултетот ми беше една посета до Студентски, да средам неке папире. Не дека немам предмети за у септември, ама се лесни, би ми одземале недела највеќе, така да не си го трошам летото.
И тоа. Се на се, океј лето, накај одлично. Да бев на едно фино 10 дневно одморче, ќе беше топ.