Прекрасно. Како и секое претходно. Само што за разлика од претходните, летово не се прибрав во Скопје, освен на крајот на јули кога бев речиси сама тука, а СИТЕ беа на одмори... Е, само тогаш бев тука... и не ми беше досадно, пак се снаоѓав иако друштвото ми беше сведено на минимум, си наоѓав занимации.
Инаку, секаде кај што бев надвор од градов си поминав убаво, и во Кочани, и во Сончев Брег, и во Градско, и во Охрид, и во Берлин, и во Кавадарци
Не ми се верува колку пати се пакував и распакував и колку “генералки“ ми направи машината за перење во дует со мајка ми. Берлин посебно ми остана во убаво сеќавање, мноогу убаво доживување ми беше...
Само криво ми е што многу работи не направив. Не најдов време за добри книги и филмови, не бев на многу договорени кафиња, не возев ролери, не купив табла, некако... не најдов време за многу работи кои би сакала да ги направам :/
Друго... добро ми помина матурата, љубов имав на претек, другарство такоѓе (пу, пу!), факултет упишав, глумев, пеев, играв, се смеев, сакав, бев среќна и така натака. И малку сум патетична. Ок, доволно е. Убаво лето, чао.