Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Предлог некое интересно место за одмор, само да не е Грција, Албанија, Бугарија и Хрватска.
Оваа година сакам нешто поразлично од идење само на плажа и печење цел ден на сонце.
Да има што да се разгледа и може и езеро и планина.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Дојран.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.708
Поени од реакции
2.036
Предлог некое интересно место за одмор, само да не е Грција, Албанија, Бугарија и Хрватска.
Оваа година сакам нешто поразлично од идење само на плажа и печење цел ден на сонце.
Да има што да се разгледа и може и езеро и планина.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Знам дека рече не за Бугарија, ама ако имаш мали деца, Банско ти е блиску. Цел Пирин го имаш за шетање, плус 2-3 музеи, а најдобро од се е што има хотели со топла минерална вода и хотелите имаат вообичаено голем простор за да си играат децата надвор, а и внатре. Ако сакаш предлози, пиши ми пп. Поздрав.
 
Австрија, Италија, Франција, Данска може. Ми треба да е и место каде што ќе има активности, возење точак, фудбал, планинарење такви работи.
Бугарија нема којзнае што и веќе видено.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Најзаинтересиран за Сардинија, ако имате некои совети и предлози за таму за смештај, плажи, ресторанти, вечерно шетање, помагајте :D
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Предлог некое интересно место за одмор, само да не е Грција, Албанија, Бугарија и Хрватска.
Оваа година сакам нешто поразлично од идење само на плажа и печење цел ден на сонце.
Да има што да се разгледа и може и езеро и планина.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Барселона и Валенсија, се што си навел има, и многу повеќе.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Каде во Бугарија е најдобро за ноќен живот и за друштво составени од претежно млади?И преку што е најубаво да се резервира?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Австрија, Италија, Франција, Данска може. Ми треба да е и место каде што ќе има активности, возење точак, фудбал, планинарење такви работи.
Бугарија нема којзнае што и веќе видено.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Норвешка![DOUBLEPOST=1556657727][/DOUBLEPOST]Инаку Крит е добра дестинација, иако е Грција.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Каде во Бугарија е најдобро за ноќен живот и за друштво составени од претежно млади?И преку што е најубаво да се резервира?
Преку букинг или да се јавиш на газдата.
За млади најубаво за ноќен живот е Сончев Брег, освен ако не ти сметаат пијани англичани кои лежат на земја и повраќаат, гласните туристи и тн...
 
Ф

Флеш

Гостин
Има некој размислувано за Израел или Либан како дестинација?! Ако сте биле,како искуство и пари до таму(пари,јадење,документи)?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Барселона и Валенсија, се што си навел има, и многу повеќе.
@Forza Milan!!!
Валенсија е супер град.
Тоа шеталиштето им е огромно и има да се рентаат велосипеди.
Како шеташ, јадеш мандарини кисели. :D
Има што да се види во градот, а и со рентање на кола околните места кои се преубави се на саат време возење.
Плус, најголемиот Аквариум во Европа се наоѓа во Валенсија.
Картите се малце солени (35 ЕУР) ама дефинитивно вреди.
Не пропуштај и да ја посетиш Местаља.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Има некој размислувано за Израел или Либан како дестинација?! Ако сте биле,како искуство и пари до таму(пари,јадење,документи)?
Тел Авив е отров скап, Ерусалим така така. Јас бев преку Контики Травел, српската агенција. За документи, не ти треба ништо само пожелно е да не си бил никогаш во животот во Турција или било која друга муслиманска земја а ако си бил, спреми се на пасошко детално да одговориш на прашања зошто си бил таму и што си правел.

Либан не сум била ама другарка беше, треба виза, агенцијата ти вади, пасошот до амбасадата нивна во Бугарија го праќаат чинам.[DOUBLEPOST=1556814859][/DOUBLEPOST]https://www.kontiki.rs/sr/location/vitlejem-/hotels
 
Kajgana Shop

На врв Bottom