Се знае дека најголем удар за фирма, е отворање тема со негативен став во истата. Да биди уште полошо, форумот е доста познат и раширен. Антиреклама за која секој конкурент би посакал платил дебел кеш.
Е сега, да не бидите толку наивни, никогаш не може да знаете зошто некој отвора токму тема против некоја фирма. Многу пати мене во маркет не ми дале фискална сметка, во такси можеби ми надзеле некој денар, сум купил расипана стока, неодговорно однесување од мобилни оператори, ама пак не сум отворил тема на форума.Големо црнење е на фирмата,и не е баш едноставно во реалноста да се излезе на крај со уништување туѓ бизнис
А да се вратиме на темата, не дека ги фалам купи лап топ, еден апел до небојша, најнеуслужливиот човек досега 1000 пати го прашав за dell mini како оди , на рати, во готово , попусти...и освен 2 збора не добив никаков одговор, што беше доволна причина да прошетам по други локални продавници и да го набавам истиот па дури и за малку пониска сума.Далје, се имаат исто така жалено луѓе, а некои па се фалат, значи сепак е до компјутерот односно производителот него ли продавачот.
И не се единствени доколку плукаме по тоа кој како продава, особено најлошо е да купувате од некои незначителни мали продавници со големина на трафика а сервисираат и продаваат компјутери и галантерија. Со сигурност го добивате компјутерот од таму склопен од 15 различни компјутери, дотраен двд режач исчистен малце, некоја рам меморија во фаза на умирање, кулери извадени од фен, некоја матична плоча од тројка одвај најачана и ќе ви продаат нешто за кое ќе си ја траскате главата цел живот, како мене што ми се случи пред 7-8 години кога го купив првиот компјутер 4-ка, кој го платив дебело а не вредеше ни 1 % од цената.
И повторно, нема да именувам фирми, не сакам да звучам како антипропагатор, но затоа ќе речам, не помага доколку ја насочи некој фирмата. Помага, да си земите човек со вас кој разбира од компјутери,и да си кажите за што точно барате компјутер, дали за курчење пред другари, лаптопи ајпади, и сл, дали за фејсбук, дали за играње игри..
Сигурно дека ќе ве однесе на место каде што продаваат добри компјутери и ќе заштедите време и малтретирање,а воедно ќе го имате вашиот нов компјутер.