КУПИЛАПТОП предупредување

Член од
21 јули 2010
Мислења
15
Поени од реакции
1
Здраво до сите одфорумов. Сакам ,како оштетен корисник, колку што можам повеке да ги предупредам луѓето да не купуваат прозиводи од Kупилатоп (USANOTEBOOKS) компанијата. Зошто? Епа сите прозиводи се, или втора рака,или фабричка грешка, или Кинески......... Цените се доста примамливи,ама пазете се. Јас од таму купив DELL Inspiron 1521, и после само година дена, цркна, и неможеше во нивниот сервис да се поправе, туку морав да одам во макпетрол и да платам ДУРИ 10.000 денари. А кога го купував, во купилаптоп беше 35.000, а во Макпетрол 45.000 ден.И нормално се полакомив по поефтиниот,ама ете..... 10.000 денари пак ги дадов, ама со еден куп главоболки, затоа што тој ми беше службен компјутер, со еден куп фактури,ценовници,барања.................. Само држете се понастрана од купилаптоп. Поздрав
Фала Илија за предупредувањето, јас сакав да ја побарам WEB страницата на купилаптоп со цел да ја разгледам понудата но и да купам лап топ од кај нив но го видов и овој линк по што ја прочитав и темата. Сега дефинитивно сум разубеден да купам од таа фирма. Само жалам што како и секаде во државава па така и на овој форум има лица кои имаат некаква врска со купилаптоп па ја гушат темата и ја бранат таа фирма.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
SPORED MOE LICNO ISKUSTVO, na nikogoto ne bi preporacala da kupi od kupulaptop. uste posle 3 meseci pokaza ne dobri znaci( prostete mi na izrazot ne se razbiram vo tehnologija ) i se zagrevase mnogu, sam od sebe se gasese, ekranot crno pokazuvase samo, i toa dodeka bese pod garancija. jas i do den denes imam problemi so nego. go nosev 2 pati na servis(iako pod garancija) i vo laptop mi naplakjaa za toa, demek garancijata ne vazela. od srce vi preporacuvam da razmislite pred da si kupite, ne e ubavo da platite 29 000 a da si imate non stop problemi. poz
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ех, што нема да видиш у Македонија. Фирми кои се направија милионери и направија добра пара само поради тоа што македонскиот народ не е толку информиран околу технологијава, правилата, законите, па те мотаат како сакаат и колку сакаат, дури и ти наплаќаат суми(сигурно солени) за еден обичен сервис кој не би требало да се наплаќа и си важи со гаранцијата. Мислам дека е редно да напраат нешто слично на АЕК(Агенција за електронски комуникации), само да биде фокусирано на вакви проблеми, па да ги чешлаат малце поише у овие фирми-далавери.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14
Поени од реакции
1
Zdravo
znaci ne deka kupilaptop prodavaat vtora raka, fabricki greski ova ona, a za kineski site se kineski :). Sum slusal za niv deka prodavaat "refurbished" laptopi! refurbished znaci deka laptopot koj bil kupen od amerika na primer tamu davaat vo garancijata moznost ako ti se rasipe laptopot ili ako ti stignes od fabrika so nekoj defekt da mozes da go vratis. refurbished laptopite se znaci ednas kupeni pa poradi defekt ili nekakov problem vrateni, tie povtorno odat vo fabrika se poprava defektot i se prodavaat kako "refurbished laptops" otvorete na www.newegg.com i pobarajte nekoj refurbished laptop ke vidite deka cenite se do 50% PONISKI od cenata na normalnata verzija na produktot. znaci refurbished laptopite ne se stari i na tie imate garancija [mislam :)] no cenata na tie laptopi vo amerika e MNOGU PONISKA pa taka kje se najde nekoj pameten kje gi kupi tie laptopi od tamu i ovdeka kje im stavi cena za 2,3 iljadi poniska od drugite mesta, za da ne bide sumlivo no povtorno tie imaat ogromna zarabotka taka na primer ke zemat refurbished laptop 600$ od USA so transport sve kje i se fati 750$ maximum, a tie ovdeka go prodavaat 1000 evra no cenata pak e poevtina od na tie sto se prodavaat ovdeka i lugjeto se lakomat i gi kupuvaat a tie trijat race!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Kupilaptop.com е единствената IT фирма во Македонија која ви дава можност пред да го платите, да го проверите серискиот број на лаптопот на страната на производителот каде што ке
-добиете информации кога лаптопот е произведен,
-дали вие сте првите сопственици на лаптопот,
-дали е нов или под било која основ бил вратен назад кон производителот ,
-информации за должината на фабричката гаранција.
-оригиналната фабричка конфигурација на лаптопот

Kupilaptop.com на овој начин ви гаранитра дека секој лаптопо купен од нас е потполно нов. Прашајте дали и другите IT фирми во Македонија ви го овозможуваат ова право.

Ova go pisuva na nivniot WEB
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Kupilaptop.com е единствената IT фирма во Македонија која ви дава можност пред да го платите, да го проверите серискиот број на лаптопот на страната на производителот каде што ке
-добиете информации кога лаптопот е произведен,
-дали вие сте првите сопственици на лаптопот,
-дали е нов или под било која основ бил вратен назад кон производителот ,
-информации за должината на фабричката гаранција.
-оригиналната фабричка конфигурација на лаптопот

Kupilaptop.com на овој начин ви гаранитра дека секој лаптопо купен од нас е потполно нов. Прашајте дали и другите IT фирми во Македонија ви го овозможуваат ова право.

Ova go pisuva na nivniot WEB
Ќе залепат лепенки кога/каде е произведен, ќе смислат нешто они. Се е превара во денешно време. :(
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ќе залепат лепенки кога/каде е произведен, ќе смислат нешто они. Се е превара во денешно време. :(
Не се лепенки, туку има сериски број компјутерот на пример Dell, и влегуваш на официјалната страна од Дел и можеш преку СБ да го провериш компјутерот кога е произведен и све друго.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Има некој направено кај нив така, да го провери компјутерот дали е користен или не?
 
V

Vollstandig

Гостин
Не се лепенки, туку има сериски број компјутерот на пример Dell, и влегуваш на официјалната страна од Дел и можеш преку СБ да го провериш компјутерот кога е произведен и све друго.
Дај линк директен ако можи?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Да ти тврди еден е ништо, но да ти тврдат 100...е нешто.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Каде може да се провери серискиот број за асус лаптоп ? (барав на нивната официјална страна, меѓутоа не најдов ништо)
 
V

Vollstandig

Гостин
Се знае дека најголем удар за фирма, е отворање тема со негативен став во истата. Да биди уште полошо, форумот е доста познат и раширен. Антиреклама за која секој конкурент би посакал платил дебел кеш.

Е сега, да не бидите толку наивни, никогаш не може да знаете зошто некој отвора токму тема против некоја фирма. Многу пати мене во маркет не ми дале фискална сметка, во такси можеби ми надзеле некој денар, сум купил расипана стока, неодговорно однесување од мобилни оператори, ама пак не сум отворил тема на форума.Големо црнење е на фирмата,и не е баш едноставно во реалноста да се излезе на крај со уништување туѓ бизнис:)
А да се вратиме на темата, не дека ги фалам купи лап топ, еден апел до небојша, најнеуслужливиот човек досега 1000 пати го прашав за dell mini како оди , на рати, во готово , попусти...и освен 2 збора не добив никаков одговор, што беше доволна причина да прошетам по други локални продавници и да го набавам истиот па дури и за малку пониска сума.Далје, се имаат исто така жалено луѓе, а некои па се фалат, значи сепак е до компјутерот односно производителот него ли продавачот.

И не се единствени доколку плукаме по тоа кој како продава, особено најлошо е да купувате од некои незначителни мали продавници со големина на трафика а сервисираат и продаваат компјутери и галантерија. Со сигурност го добивате компјутерот од таму склопен од 15 различни компјутери, дотраен двд режач исчистен малце, некоја рам меморија во фаза на умирање, кулери извадени од фен, некоја матична плоча од тројка одвај најачана и ќе ви продаат нешто за кое ќе си ја траскате главата цел живот, како мене што ми се случи пред 7-8 години кога го купив првиот компјутер 4-ка, кој го платив дебело а не вредеше ни 1 % од цената.
И повторно, нема да именувам фирми, не сакам да звучам како антипропагатор, но затоа ќе речам, не помага доколку ја насочи некој фирмата. Помага, да си земите човек со вас кој разбира од компјутери,и да си кажите за што точно барате компјутер, дали за курчење пред другари, лаптопи ајпади, и сл, дали за фејсбук, дали за играње игри..
Сигурно дека ќе ве однесе на место каде што продаваат добри компјутери и ќе заштедите време и малтретирање,а воедно ќе го имате вашиот нов компјутер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom