Исчезнати лица

Член од
21 јуни 2019
Мислења
49
Поени од реакции
54
Знам дека многу ќе се смеат ама вчера добив инфо дека девојчето го снемало уште во петокот, а истрагата и паниката нели почна во понеделникот. Прво ми беше чудно и малку веројатно, ама на крај кога ќе размислиш и не е невозможно затоа што многу работи се чудни откако се објавија некои ствари, хронологијата на настаните, реакцијата на МВР, ја нема на ниедна камера во дел кај што не постои објект без камери итн итн. Могуче е да се има десено ова и веќе во понеделникот кога немале избор родителите пријавиле во полиција што би значело дека имало некој проблем или со девојчето или со некој од родителите т.е. таткото во случајов. Башка вчера нели имаше пост од некој нејзин роднина у фазону све ќе ти простиме само врати се..., така да ова ми е многу сомнителна и чудна ситуација. Дај боже да се работи за долг или некоја таква работа, ама ако е она другото тогаш...
Информацијата е од сигурен извор или
 
Член од
8 април 2019
Мислења
28
Поени од реакции
88
Информацијата е од сигурен извор или
Сигурен сигурен, Трајанка од Зелениково и кажала на Маре од Сопиште додека чекале ред на зелен пазар за пиперки да купат..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.484
Поени од реакции
109.578
Информацијата е од сигурен извор или
Од МВР, ама не може ништо со сигурност да кажам. Еве мене лично не ми е верно, само го кажав како можна теорија, ништо повеќе.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.525

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.359
Поени од реакции
29.504
Глув телефон
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.275
Поени од реакции
57.422
Во моментов информацијата е веродостојна колку :
Зошто да не е веродостојна? Има доста сомнителни детали.
Прво, исчезнува баш кога сестра и не иде у школо заедно со неа откако претходно тоа им било редовна пракса.
10 минути откако ја нема на час, се интервенира кај мајка и која после саат време пријавува у полиција со сомнеж дека ќерка и е киднапирана. Саат време подоцна и татко и пријавува у полиција. Во текот на денот и Интерпол се вклучува у потрагата.
Никој нит ја видел сабајлето, нит па ја има на било каква камера на местата кај што наводно движела.
Кружат информации дека татко и бил со проблеми со лихвари и слични заебанции.
Кружат информации дека и девојкава била малце проблематична.
МВР искачаат со штури информации од една страна а од друга страна вели дека истрагата напредува.
Уапсени се 5 лица и ако добро видов запленето е и возило.

Еве едно сценарио кое држи вода.
-Родители разведени поради коцкарски проблеми на таткото кој е задужен по лихвари. Му даваат услов да ги врати парите, не ги враќа, ја киднапираат ќерка му и му даваат рок, пробува за ден-два да се снајде, не успева, нема излез и мора да пријави у полиција. Објавуваат на фб, пријавуваат у МВР каде све им кажуваат на полицијата која во истиот момент започнува да делува, се вклучува и Интерпол.
Сето тоа се шири на социјални медиуми за да добие на тежина кај јавноста и да се изврши некаков притисок врз потенцијалните киднапери. МВР продолжува со штури информации без детали.

Многу сомнително исчезнување у секој случај, ќе видиме на крај што ќе излезе мада ни тогаш нема да бидеме комплетно запознаени.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
сигурно е само дека Боки 13 е пуштен а Зекири осуден на смешна казна која нема ни пола да ја одслужи, ќе му го бројат и домашниот притвор... Важно ке се испитуваат сите ( каури) за потекло на имот над 60.000 евра, треба секој да докааже дека од плаата го заработил, ама внукот на Аљи што доби Зградуринаа во Центар НЕ, пошто е на ПОКЛОН за лепе ОЧИ... а и тие струјо И Данок Неплааќачи ништо не требаа да докаажуваат, пошто ТАМУ е се е Дивоградба, нема имотен Лист
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.525
Зошто да не е веродостојна? Има доста сомнителни детали.
Прво, исчезнува баш кога сестра и не иде у школо заедно со неа откако претходно тоа им било редовна пракса.
10 минути откако ја нема на час, се интервенира кај мајка и која после саат време пријавува у полиција со сомнеж дека ќерка и е киднапирана. Саат време подоцна и татко и пријавува у полиција. Во текот на денот и Интерпол се вклучува у потрагата.
Никој нит ја видел сабајлето, нит па ја има на било каква камера на местата кај што наводно движела.
Кружат информации дека татко и бил со проблеми со лихвари и слични заебанции.
Кружат информации дека и девојкава била малце проблематична.
МВР искачаат со штури информации од една страна а од друга страна вели дека истрагата напредува.
Уапсени се 5 лица и ако добро видов запленето е и возило.

Еве едно сценарио кое држи вода.
-Родители разведени поради коцкарски проблеми на таткото кој е задужен по лихвари. Му даваат услов да ги врати парите, не ги враќа, ја киднапираат ќерка му и му даваат рок, пробува за ден-два да се снајде, не успева, нема излез и мора да пријави у полиција. Објавуваат на фб, пријавуваат у МВР каде све им кажуваат на полицијата која во истиот момент започнува да делува, се вклучува и Интерпол.
Сето тоа се шири на социјални медиуми за да добие на тежина кај јавноста и да се изврши некаков притисок врз потенцијалните киднапери. МВР продолжува со штури информации без детали.

Многу сомнително исчезнување у секој случај, ќе видиме на крај што ќе излезе мада ни тогаш нема да бидеме комплетно запознаени.
Не е веродостојна пошо не е официјална.
Се шират еден куп теории, последно што слушнав беше дека таткото е полицаец (затоа и немал фб профил и затоа мајката изјави дека не сакал да се експонира пред јавноста), па киднапирањето е поврзано со некоја претходна истрага на која работел.
Па избегала со дечко кој бил Албанец ( од дома не ја оставале )
Па била заведена од педофил на дискорд
Била во депресија

Премногу теории, не дека ниедна не е можна, ама како поминува времето сѐ покреативни стануваат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.364
Поени од реакции
40.186

Како за она детето од Србија Коста К што имаше. Јаоооо није он крив снајпери су пуцали са крововима. :icon_lol:
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.275
Поени од реакции
57.422
Премногу теории, не дека ниедна не е можна, ама како поминува времето сѐ покреативни стануваат.
Па или покреативни или поверодостојни со оглед на тоа што веќе јавноста е запознаена и се дознава кои и што се луѓето.
Затоа реков, нема никогаш да ја дознаеме апсолутната вистина без разлика каков и да биде исходот на крај.

Мене ми држи вода ова на Стекот, тоа дека избегала со дечко ми е помалце веројатно со оглед на тоа што МВР барале низ манастири и коритото на Вардар и вклучувањето на Интерпол. А и пријавата на мајката саат време откако не ја добила на телефон, дека се сомнева дека е киднапирана.
И да избегала со дечко, до сеа ќе се предомислеа, преголем е притисокот за никој да не ги дознае и најде.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.450
Поени од реакции
58.571
Таман помисливме дека завршија шпекулациите на темава и сите бевме во очекување на официјална изјава од МВР, @Stefan-kobe и @Џонтра Волта:

Не е за хумор темава, од нервоза постирам нешто. Дај нека кажат дали е живо и здраво девојчето. Имаат 5 лица притворено, некаков резултат мора да има.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
736
Поени од реакции
1.599
Зошто да не е веродостојна? Има доста сомнителни детали.
Прво, исчезнува баш кога сестра и не иде у школо заедно со неа откако претходно тоа им било редовна пракса.
10 минути откако ја нема на час, се интервенира кај мајка и која после саат време пријавува у полиција со сомнеж дека ќерка и е киднапирана. Саат време подоцна и татко и пријавува у полиција. Во текот на денот и Интерпол се вклучува у потрагата.
Никој нит ја видел сабајлето, нит па ја има на било каква камера на местата кај што наводно движела.
Кружат информации дека татко и бил со проблеми со лихвари и слични заебанции.
Кружат информации дека и девојкава била малце проблематична.
МВР искачаат со штури информации од една страна а од друга страна вели дека истрагата напредува.
Уапсени се 5 лица и ако добро видов запленето е и возило.

Еве едно сценарио кое држи вода.
-Родители разведени поради коцкарски проблеми на таткото кој е задужен по лихвари. Му даваат услов да ги врати парите, не ги враќа, ја киднапираат ќерка му и му даваат рок, пробува за ден-два да се снајде, не успева, нема излез и мора да пријави у полиција. Објавуваат на фб, пријавуваат у МВР каде све им кажуваат на полицијата која во истиот момент започнува да делува, се вклучува и Интерпол.
Сето тоа се шири на социјални медиуми за да добие на тежина кај јавноста и да се изврши некаков притисок врз потенцијалните киднапери. МВР продолжува со штури информации без детали.

Многу сомнително исчезнување у секој случај, ќе видиме на крај што ќе излезе мада ни тогаш нема да бидеме комплетно запознаени.
Теоријата дека е киднапирана од некој лихвар не дека не е возможна, ама малку држи вода.Вакво кривично дело е пресериозно и се добива доста години затвор, башка тоа што е медиумски покриено.
Киднапирањето на дете на некој што должи пари нема да го врати долгот во повеќето случаеви.Ако се работи за многу висок долг, не детето, што сакаш прави му на должникот едноставно не може да ти ги врати парите и тоа е тоа.Лихварот уште повеќе се става во гомна во ваков случај.
Башка тоа што не се овоа 90-те Џонтра па да можат ваквите луѓе да прават што сакаат и кога сакаат.Киднапирање на дете е ептен сериозно кривично дело.
Ама...Никогаш не можеме да знаеме.Ќе почекаме уште малку, најверојатно денес ќе се дознаат многу работи за случајов.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.536
Поени од реакции
43.084
Од претпоставки и можни теории си патиме, класичен расипан телефон, цело скопје истите муабети ги врти со пар промени у приказните, муабетите со лихва, долгови, вчера 3 различни групи на луѓе ми ги кажаа плус дома моите, секој со своите извори, од МВР до колеги на мајка и во А1 ...

Како гледате на тие 7 минути откако почнал часот ко децата во школо да се цртаат 5 секунди пред да почне часот, а не 15-20 минути претходно.

Технички, неа во школо ја немало едно 25 минути, 30, а не 7 минути, зашто го рачунате времето само откако почнува часот не ми е јасно, повеќе од 7 минути она не била присутна во школото, приметиле нејзини соученици, кажано и е на класната, и 5-7 минути откако веќе почнува часот, она се решава да ја исконтактира мајката, ама поминато е поише од доволно време за класната да сврти телефон што и било нејзина пракса, а не само 7 минутки.

Второ, претпоставката чим класната одма пријавила значи мајката имала некои индиции па и пренела на класната за сваки случај ?!?!
Ок, ако веќе одите со таа претпоставка, не ви звучи истото малце глупо во ситуација кога самиот родител го остава своето дете да оди само во школо? :)

Да има родител такви индиции, од влезна врата дома до влезна врата у училница ќе го прати своето дете, а не само да го остави да иде у школо.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.300
Кога веќе се изнапишаа десетици страни со глупости…
Ај и јас ќе тропнам една…
Колку што се погоре држи вода, со резонирање останува и уште една (бар теоретски) возможна причина.
А тоа е дека “снемувањево” на детево е уствари smoke and mirrors за јавноста!
Ништо не е позагрижувачки од потрага по еден млад живот! Сите медиуми брчат само за тоа една недела! Социјални мрежи вријат!
Секој полу-писмен има напишано и постирано нешто за случајов… Се друго се заборави!

Нели е малце сомнително тоа..?!? Сте се запрашале ли?!
Снема пола тон дрога, и никој не зуцна!!
Веројатно уште еден тон “ствари” што мене бар не ми се познати, а треба да се подзаборават од јавноста..

Што ако целиов случај е само добро изведен социјален инжињеринг?!
…гласно размислувам o_O
 
Kajgana Shop

На врв Bottom