По денешните сведочења се повеќе и повеќе ми станува јасно дека и таткото е дебело вмешан и не за џабе го држат во притвор цело време. Кога од неговите родители ќе чуеш дека бил зависник, но се излечил, знаеш дека со тој лик постои огромна веројатност нешто да не е во ред. Згора на тоа мајка му кажа дека бил невработен од 2018 година, а на прашањето како преживувал одговори со тоа дека они му помагале пошо се голема фамилија. Овој дебело има негде загазено во некои гомна, само на крај ни криво ни должно детето му настрада.
Едина дилема и енигма за мене е ископаниот гроб унапред, другото горе доле е очигледно. Веројатно таткото договарал киднапирање со психопативе, но немал на ум дека може детето да му умре. Е зошто ја утепале ако целта била изнуда на пари тоа само Палчо и другарите знаат и се надевам дека ќе биде кажано пред целокупната јавност кога ќе се заврши судењето.
А тој Гоце иначе, што глумел Шерлок у ситуацијава, не дошол денес во судница затоа што добил панични напади. Кујзне и овој на кој начин е поврзан, си ебале мајката сите, на крај 200 луѓе ќе испаднат поврзани со дешавкава, индиректно или директно. Мислам, да не се разбереме погрешно, овој Гоце можда не е вмешан во убиството на Вања ама можеби е поврзан или се знае со Палчо, зашо ти пред полицијата да стигнеш до заклучоци е малце чудно во најмала рака.