jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.418
„Во врска со прашањето кој го известил Гоце, таа рече дека го известила мајка му Кираца. - Зорица ја контактирала, ѝ пишала порака, она помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства, рече таа.“Се е така, да, од оваа гледна точка и со овие информации со кои располагаме. До вечерва ми се чинеше дека ќе идат сведоците на карта да го спасуваат Палчо дека е наместен, што и самата Кираца изјави денес дека не верува дека го направил за пари. Али после испадов ноќва на ФБ од страна на Гоце каде отворено го напаѓа Палчо, пак ми се мешаат картите. Оставам 1% можност да е твојата варијанта дека Гоце стварно им го решил случајот врз база на аналитика и интуиција.
Ова го изјавува мајката на Александар. Значи Зорица ја контактирала Кираца, не Александар. Они знаеле дека Гоце има луѓе и го искористиле да им помогне во истрагата. А многу е веројатно паничниот напад на Гоце, да е масло на Кираца, пошто како што гледаме тој може да е избувлив и лесно можат да го испровоцираат.
Автоматски споено мислење:
„
Прашана што конкретно Гоце помагал, таа одговори во сѐ.
- Бараше снимки на камери, сите се движеа, се гледаше каде имаше камера, менувачница, фризерница... Многу брзо првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања, рече таа.
Прашана дали дошле Гоце и другите што му помагале до некоја констатација, таа одговори дека доколку имало нешто сомнително сите се собирале за консултација, додавајќи дека по два дена довербата во полицијата максимално ја изгубиле.
“
Следново е од Кираца:
„
Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.
Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки.
Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.
- Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа.
Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.
- Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.
“
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ова значи дека роднините и пријателите си правеле една своја паралелна истрага. Значи не само Александар и Гоце. Учествувале Кираца, мајката на Александар, Зорица, стрината на Зорица, сестрата на Александар, внукот ...
Последно уредено: