Замисли да бираш да му веруваш на зборовите на министерот за внатрешни работи и на полицијата во твојата сопствена држава кои се директно вклучени во истрагата, наместо да му веруваш на некој си квази истражувач и детектив од Србија кој патем има доживеано такво политичко фијаско во својата држава па сега е очаен за публицитет. Што сум чудна, стварно нема логика.
На овој може да му се симне капа само заради тоа што директно во сржта погодил дека народот се пали на сензационализам. До пред две недели наративот беше срам да му е на таткото, какво чудовиште, коцкар, наркоман, итн. сега па не е крив таткото, ниту еден родител не би му го направил тоа на своето дете.