Исчезнати лица

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.157
Поени од реакции
9.844
Али па да мислиш да усред центар денски ке киднапираш човек во вреќа и нема ниедна камера да те фати…Ко да сакале да бидат фатени.
И цело време ќе се вртиш у круг со муабетов?
Автоматски споено мислење:

И почнавме... класика македонче, слушнав од еден познат, мене ми кажаа, ЈАС знам муабети.

Па друг се јави, завера е, не е тој убиецот, наместени се.

Човек кога ве чита си вика па ништо друго и не заслужуваме како народ и држава кога вака „размислуваат“ неколку тука, а всушност мнозинството меѓу нас во Македонија.

Веќе илузорно станува дали темата е затворена или отворена, ГНОЈ од народ живее тука и сака само сензација, шпански серии и задоволување на најпримитивни страсти - ништо повеќе. Наместо да го вклучат тоа бојлерот и да размислат малку пред да напишат нешто јавно или да искоментираат.

Еве ви прилика празници, најголемите православни, разглабајте по софри, по седенки, секој е експерт.
Лајна да јадат тие неколку во МВР, судска медицина, обвинителство шо стварно си ја знаат работата - некое рандом баце знае повеќе од нив. Секогаш.
Ако не ти се допаѓа темата не коментирај едноставно напушти ја.
Автоматски споено мислење:

Зурла го брани Палчо, не бил тој убиецот. Пребрајте му ги мислењата назад на темава ќе видите. Не наседнувајте, не се ова никакви теории, ова се рамноземјашки работи. Ќе си замисли тој како треба да изгледа вистината и потоа ќе изгради аргумент кој ги потврдува неговите фантазии. Од рамноземјашки мозок, толку.
Имам право да го напишам моето размислување ти се допаѓало тоа или не. Дали има нешто вистина во тоа што го напишав ќе видиме за некое време. Само ти следи ги моите мислења.
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.157
Поени од реакции
9.844
На кого дужел пари таткото? Што е тоа “огромен долг”? Да се убиваше така лесно за “огромен долг” пола скопски “фаци” немаше да постојат. Пари и изнуда не се мотив очигледно за убиецот ама за киднаперите да.
Дали си сигурен дека добро го познаваш татко и или само тоа што читаш и слушаш од медиуми? Татко и бил коцкар независно дали поседува огромен имот или не. Имал огромен долг за враќање.(не се 500 евра) Со шиптарѕка мафија нема заебанција... Само да почекаме да видиме дали воопшто Палчо ќе биде испорачан и дали ќе му се даде шанса да проговори ако не биде егзекутиран у меѓувреме.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.868
Поени од реакции
17.655
Он топик: ДБ соработникот срѓан вноГо очигледно пробува да дојде во фокус на јавноста со вакви валкани работи. Се надевам дека ке одговара за тоа од каде му се снимките...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Имам право да го напишам моето размислување ти се допаѓало тоа или не. Дали има нешто вистина во тоа што го напишав ќе видиме за некое време. Само ти следи ги моите мислења.
Ти цела тема имаш напишано за глупости, за едно мислење ли е проблем?

И нели ќе ме ставеше на игнор бе лепи?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.125
Поени од реакции
11.656
Ако не ти се допаѓа темата не коментирај едноставно напушти ја.
Тебе сигурно ќе те прашам што да напуштам, што не.
Дај не си ласкај.

Како не ти е срам да јадеш гурабии за народот а народот од сите страни дезинформиран и оставен 2 ипол месеци без никаков конкретен одговор.
Празник е, нема да ти кажам тоа што мислам и како вообичаено одговарам на ваква реплика.
Засега прочитај го потписот кај мене на профил, а наредна прилика ќе те ставам кај ти е место.

Народот имал право да ја знае вистината, ебате Васко Ефтов муабети ебате.
Истрагата е спроведена, колку беа кадарни толку ја направија, Палчо е во притвор, другите исто.
Колку што успеа мвр и обвинителство да спроведат истрага и да обезбедат докази толку ќе има исход од судењето потоа.
Како и да е сите ќе влезат затвор, а кога ќе влезат затвор се знае како ќе поминат.
Не си прави филмови дека некој од нив ќе го ослободат од одговорност, дете убија.

Другото ако не ти чини и ако бараш некоја идеална правда или држава, ене ти избори па гласај за идеални кандидати.
Ерозијата на општеството е одамна направена и во сите пори е тоа раширено, ова е само слика на тоа ерозирано општество и пред да ја отерате работата во политички пресметки (пошто за тоа гледам интенција) чукнете тоа главата малце оти кога ќе си ги вадите очите со некој другар, пријател, брачед или роднина по софри и на разно разни собиранки тие таму во собрание и воопшто на власт овие 30+ години слатко си се смеат и полнат торби со париња.

Народот е кабает, тој ги носи на власт, тој ги симнува, тој бара теории на заговор, тој сака сензација, тој пека по „вистината“, а уствари умрени се сите за да дознаат како му е на комшијата дома, од кај му се парите, која му е швалерка и дали на Аце Македонски гробот го најдоа.

Па и конкретен одговор сакале.

ГОСПОДА, не е за вас конкретен одговор. Не сте го заслужиле, како да ви објаснам?


Како овој нема :D
Талент, шо да речам.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.157
Поени од реакции
9.844
Како не ти е срам да јадеш гурабии за народот а народот од сите страни дезинформиран и оставен 2 ипол месеци без никаков конкретен одговор.
@Генерал ова за тебе важи. Би било пожелно сам да си ја напуштиш темата ако имаш намера да го понижуваш својот народ. Изгледа дека оваа тема е пречувствителна за тебе.
Автоматски споено мислење:

Народот е кабает, тој ги носи на власт, тој ги симнува, тој бара теории на заговор, тој сака сензација, тој пека по „вистината“, а уствари умрени се сите за да дознаат како му е на комшијата дома, од кај му се парите, која му е швалерка и дали на Аце Македонски гробот го најдоа.
:facepalm:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.741
Поени од реакции
66.945
Дур не го кажат мотивот кој навистина ке држи вода, а не користољубие, вака ке биде...

Уште не може да ми текне причина која ке има основ, зошто некој би киднапирал дете во сред Скопје и би го егзекутирал час подоцна, притоа да се надева дека нема да биде фатен...
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.642
Поени од реакции
7.668
Дали си сигурен дека добро го познаваш татко и или само тоа што читаш и слушаш од медиуми? Татко и бил коцкар независно дали поседува огромен имот или не. Имал огромен долг за враќање.(не се 500 евра) Со шиптарѕка мафија нема заебанција... Само да почекаме да видиме дали воопшто Палчо ќе биде испорачан и дали ќе му се даде шанса да проговори ако не биде егзекутиран у меѓувреме.
Незнаеш кај тераш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Па народ збори зошто одговорните и институциите кои требаа да го решат случајов уште на 28-ми ноември 2023, сеуште молчат и ништо не е јасно.

Како не ти е срам да јадеш гурабии за народот а народот од сите страни дезинформиран и оставен 2 ипол месеци без никаков конкретен одговор.

Па уште и главниот осомничен им кидна или намерно некој го пушти за да не можат да му се земат парафински докази и за да не може да му се земе изјава веднаш, и да се заташка ситуацијава до максимум дур тие инволвирани во случајов најдат начин да си ги покријат трагите и или одговорноста.
Народ зборува оти е мала држава, и нема попаметна работа.
Институциите се тиња и е факт, ама ваквите случаеви во големи држави се во фокус на јавноста макс недела дена, а претежно ни толку. После тоа институциите си тераат својата работа, а јавноста не ни памти дека се случило, и не се реткост.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.876
Поени од реакции
4.580
Ти генерализираш. Греота е за таквите кои чесно и поштено си ја работат својата работа.
Ах тоа те боли тебе, имаш твој близок вработен во МВР. Епа имам и јас, работев и јас државно, видов дека има не малку туку многу поштени и способни луѓе. Ама се удавени од поплава партиски идиоти и повеќето поштени имаат раце кренато од се. Има некој случаен крик на праведност ама ефектот е прдеж во ветер.
Не испаднаа способните на ТВ испаднаа идиотите и попара направија.
Еве трчаат да ги стават за тебе на форум и на фејсбук, си има истражна постапка.
Од кога тоа докази се даваат у јавност ?
Он да ги видел бе :tapp:
Читај наназад мислења не биди пуканка/неонка
Киднапирање има, девојчето не е убиено дома освен ако незнаеш нешто друго. По она што е достапно за нас како информација, Палчо на тие тројцата им продал една приказна, за на крај он да си го заврши своето. Она што останува мистерија е вистинскиот мотив на убиецот.
Технички си во право. Ти должам контекст.
Киднапирањето не е со цел откуп или користољубие, киднапирана е за да биде егзекутирана. Се надевам не ме разбра погрешно овој пат.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.676
Поени од реакции
4.058
Дур не го кажат мотивот кој навистина ке држи вода, а не користољубие, вака ке биде...

Уште не може да ми текне причина која ке има основ, зошто некој би киднапирал дете во сред Скопје и би го егзекутирал час подоцна, притоа да се надева дека нема да биде фатен...
Што може да биде мотивот освен пари ? Целата екипа биле фанатици по барање на злато така да уште од тоа им се гледа психолошкиот профил - луѓе што сакаат лесни пари без пот, за ова барем нивниот лидер Палчо е махер цел живот така до сега го истера. Додај на ова дека имаат иста партиска идеологија, труени од Палчо цело време со теории за крадење длабоки држави итн а од власта го користеа за валкани работи па може им продавал филмови и дека ќе имаат заштита т.е нема да ги откријат никогаш. Плус кога ќе се додадат некои семејни проблеми како на пример каратистот со еден бубрег и тој проблематичен си направиле екипа како да дојдат од пари, ќе има нешто за сите со изнудата плус кеш пред изборите за кампања. Мене само сомнително ми е кој им јавил дека е пријавено во полиција грабнувањето од страна на мајката веднаш, дали имале крт во полиција или таткото бил вмешан во ова па ги инфомирал

Не ме чуди и ова да не им е прво дело, да имаат добиено предходно откуп од други вакви слични случаи
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.125
Поени од реакции
11.656
@Генерал ова за тебе важи. Би било пожелно сам да си ја напуштиш темата ако имаш намера да го понижуваш својот народ. Изгледа дека оваа тема е пречувствителна за тебе.
Автоматски споено мислење:


:facepalm:
Ниту време, ниту енергија, ниту желба за да реплицирам со „масоните не местат“ баце ликови како тебе.

Жално е што мнозинството се изгубени во време и простор, како тебе, па духовната, морална и егзистенцијала ерозија која ни се дешава и заради која е отворена темата *(убиство на едно дете) само ја поттикнувате со такви БЕДНИ маубети и размислувања.

Тоа, во комбинација со оговарачите и ЈАС знам слушнав од близок чоек муабет, се главната причина ЗОШТО не заслужувате ништо, најмалку вистината.

Толку од мене за денес, празник е, терај магарето ти и тие што мислат како тебе дека ЗАСЛУЖИЛЕ да знаат повеќе.

За тие со 3 грама мозок, ќе го донесат Палчо, ќе сведочи и ќе каже мотив. Колку истрагата и обвинителството ќе е способна да докажи дали тоа е вистинскиот мотив или не е друго 20 и е во корелација со таа ерозија на општеството за која пишав погоре и која ликови како спомнатите се директно заслужни за истата.
Живи здрави ќе видиме. Како и да е, сите ќе лежат затвор (а нема цел живот притвор да ги остават), па откако ќе ги осудат може сами да заклучите како ќе си поминат таму едни убијци на дете.

И пред да ми реплицираш повторно, подобро заобиколи пошто немам намера да се тегниме. Некаде ни со инка не може да туриш.
Штета за детето.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.642
Поени од реакции
7.668
Технички си во право. Ти должам контекст.
Киднапирањето не е со цел откуп или користољубие, киднапирана е за да биде егзекутирана. Се надевам не ме разбра погрешно овој пат.
Ти личат на профил на луѓе каратистот и дебелиот дека би киднапирале дете со цел убиство? За пари и некое квазипатриотско срање да, али за убиство едноставно не ми се уклапаат у профил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom