Ти другар ги утна малце брзините, т.с малце поише. А и споредбата со тренингот е мешање баби и жаби. Како што кажаа
@Macedonian97 на крајот на денот калорија си е калорија. При градење на тело од нутретивниот аспект првин треба да ја исполниме целата слика а тоа се калоријте, нив ги манипулираме во зависност што сакаме да постигнеме ( na bro science јазик кажано bulk или cut ). Сега глупо е да кажеш ( у твој случај тврдиш ) дека растителниот протеин не треба да го рачуна пошто нема комплетен спектар на аминокисилини, а да му кажуваш на
@Macedonian97 дека треба да учи кога во случајот ти треба да си го обновиш знаењето. Кога калорискиот внес ке биде задоволен од аспект на нашата цел, доаѓат макронутриентите, за градење и задружување на мускул најбитен е протеинот, мастите и јх ги распоредуваме одкако пр ќе биде задоволен. Да речеме на 3000кцал за булк треба личноста да внесува 140гр протеин, од како го знаеме ова ги распоредуваме мастите и јх ( за рекреативец од аспект на тоа што повеќе му одговара во lifestyle-ot, но сепак ја лично би препорачак 0.7 до 1 гр по телесна тежина како минимум за мастите, остаток јх). Сепак тука може многу да се дискутира и да се прилагодува од зависност од индивидуата и мн др фактори. Значи на крајот на денот да калоријте се најбитни, па послем доаѓа содветен внес на протеини, па јх и масти. Е сега растителните протени сами по себе не се оптимални за раст на мускул и ја лично не би се потпирал на нив. Но не значи дека не би можело да се сосздадат услови за постигнување на нашата цел со користење на нив, само треба поголемо знаење и искуство на комбинирање на храната. Во случај кога личноста е во калориски суфицит и поголем дел од протеините му се од животинско потекло, притоа внесува поголем избор на пр од растително потекло недостатокот од аминокиселини од едниот извор на пр се надополува со аминокиселните од другиот извор на растителни пр, при што тие би се искористиле за нашата цел. Нема ништо лошо од тоа кога е во суфицит или благ дефицит да се бројат протеините ( притоа да не се гледат како извор на пр пошто повеќето во глобала се побогати со јх, ама да се каже дека тие протеини не ги бива без да се земат другите фактори во обзир е глупо и неодговорно) од леќа,грашок,овез башка во пракса повеќето овие храни ги внесуват истовремено со некоја храна богата со пр од животинско потекло така да може комотно да си ги рачуна. Во спортов ништо не е црно на бело, и многу фактори зависат од многу фактори но основата си е таа и треба првин она да се испочитува па послем да се навлегува во ситни детали. Поздрав.