Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
31 март 2019
Мислења
6
Поени од реакции
1
Може ли некој да ми каже како се пие сурутка во прав по колку дози и кога во текот на денот ?
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
И јас имам прашање. Баш пазам на исхраната, ама јадам и многу сирење. До сега што начекав по маркетите и продавниците сите се полномасни сирења со 15-20% заситени масни киселини.

Дајте совет од каде и кое сирење побезмасно да се земе?
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
497
Поени од реакции
715

Има 1% урда на идеал шипка во тинекс и исто така Шмарски рок на зелене долине е ПОЛУ-масен -12.3% кашкавал во тинекс и рамстор.

Друго ако има нешто безмасно или полумасно нека каже некој друг.
 
storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Може ли некој да ми каже како се пие сурутка во прав по колку дози и кога во текот на денот ?
Сурутка или Whey, се пие одма после трениг 30грама и околу 20грама сабајле после станување. Генерално и нема најточно како се зема и зависи од тоа колку внесуваш преку храна. Доколку не внесуваш доволно некогаш и три дози, некогаш само една. Тоа е додаток во исхрана не замена за исхрана првенствено. Имај некоја основа од прилика 1.7г -2г протеин по телесна тежина. Имај избалансирана разновидна исхрана тоа е клуч:anco:. И дижи тенгове ;):vozbud:
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Здраво. Имам 81кг, а висок сум околу 176. Планирам од мај да се чистам т.е топам масти. Некој да ми каже кој е најдобар начин да слабеам масти, а колку-толку да задржам мускул. Планирам да почнам со кардио секој ден, но ме интересира нешто околу исхраната. Иначе викаат дека пулсот при кардиото требало да биде околу 140-145 за да се топат мастите, се над тоа се горел и мускулот... некој околу ова да потврди дали е точно? Ии ме интесесира дали околу 8-10 недели е доволно за cut
 
Па според мене 8-10 недели би требало да се доволно за cut ако си мид фат сепак зависи тоа.
Што се однесува до кардио, прави со низок интензитет најдобро се согоруваат масти и ако си во можност прави од сабајле на гладен стомак додека инсулинот ти е на ниско ниво.
Што се однесува на исхрана, конзумирај здрава исхрана т.е здрави калории и биди во дефицит. Само немој длабок дефицит за да не ги "гориш" мускулите. Пресметај да бидеш во дефицит едно 500-700 kcal. И обавезно пиј доволно вода да бидеш хидриран.
Можеби нешто пропуштив али генерално е ова најбитно.
П.С Соодносот на протеини и карбс би требало да биде следен: протеин->2г х чиста телесна маса(без "сало") и јаглехидрати-> под 1.5г х чиста телесна маса, а масти треба на најниско ниво пд околу 0.7г х чиста телесна маса.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Калорија си е Калорија, но секоја е за посебен вид на 'машина'.
 
storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Калорија си е Калорија, но секоја е за посебен вид на 'машина'.
Е да си жив, секоја за посебна машина. Ќе планирам деновиве не сум седнат ќе направам некој пост околу тоа и соодносот на макро нутриентите. ;):D
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
189
Поени од реакции
121
Што мислите за урдава на Бучен Козјак со ниска масленост? Би требало да е точна нутритивната вредност.
 
Attachments

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Почнав со кето од понеделникот, да видиме што ќе направам за 4-5 месеци како за почеток. Се информирав доволно за се што ме интересираше, водам дневник на макроата во MyFitnessPal (каква апликација, алал вера, некој будала внесувал паковање бадеми од на Тинекс марката хахах)

Дали некој бил на кето од темава или сеуште е? Ми треба совет од искуство...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.516
Поени од реакции
34.573
Почнав со кето од понеделникот, да видиме што ќе направам за 4-5 месеци како за почеток. Се информирав доволно за се што ме интересираше, водам дневник на макроата во MyFitnessPal (каква апликација, алал вера, некој будала внесувал паковање бадеми од на Тинекс марката хахах)

Дали некој бил на кето од темава или сеуште е? Ми треба совет од искуство...
Ако си правел се исправно, до денес треба да си влезен во кетоза. Внимавај на внесот на протеини, преголем внес на протеини ќе те извади од оваа состојба. Првите 2-3 денови си омалаксан и без енергија, дури е познато како кето грип, кога ќе влезеш во оваа состојба треба да имаш константна енергија, редуциран глад, малку зезнато е со здивот (непријатна миризба има здивот поради кетоните), метален вкус во устата и тоа е тоа. Еден од начините да провериш дали си во оваа состојба се кето лентите (ketogenic strips), не знам дали има во мкд и колку пари се, на алиекспрес одат околу 2-3 долари за 100 лентички. Е сега ако си дехидриран знаат да погрешат, исто и испил многу течности, наменети се за мерење на кетони во урината. Има и за здив електронски уреди, не сум користел таков, демек и тие не се секогаш точни, најточно е преку крв ама е и поскапо и непрактично.
Еден од тие будалите што внесувале храна со име на фирма, калории и сите тие работи на мајфитнес пал сум ти и јас, јас ги внесувам за себе, ама може да ги гледаат и другите, така ми попрактично за мерење на калориите, купуваш паковање од 50 грама и си работиш со дропки, изедов 4тина пример 0.25хцелото паковање :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom