Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Епа ајде објасни друже.
Сум ги поминал овие објаснувања досадно ми е и немам баш време, кажав погоре накратко кој што не му е јасно нека прочита и сам некка процени , ако некој запнал дека калориа е калориа пеки
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Сум ги поминал овие објаснувања досадно ми е и немам баш време, кажав погоре накратко кој што не му е јасно нека прочита и сам некка процени , ако некој запнал дека калориа е калориа пеки
океј јасно ми е.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Тоа е тоа, си го даде одговорот сам. Кола си е кола, едната само е брза (комплетна), другата е спора (некомплетна), во овај случај и двете се коли на крајот од денот.

@Кеплер ова од тебе не го очекував, навистина непотребно мислење.
Нема што да очекуваш или да не очекуваш, кардинална грешка е да се оди на варијантата „калорија е калорија“.
Еден тон фактори се во игра тука, извор од каде ги внесуваш тие макронутритиенти, време кога ги внесуваш, гликемичен индекс на истите, во кој дел од денот каква храна и со каков гликемичен индекс ќе внесеш, кога телото може да ги абсорбира и во која количина, колку калории треба да внесеш во денот во зависност од целокупните активности, каков да биде соодносот и тн.
Пример во денови кога вежбаш нозе или грб и во денови кога вежбаш некоја мала мускулна група како рацете, рамото, градите калорискиот внес треба да е различен, исто и соодносот на макроата.
Еве пример на 500мл кока кола имаш 50тина грама јаглехидрати (од кои сите шеќери) и околу 220ккал, на 70тина грама овесни снегулки имаш 45гр јаглехидрати и околу 240ккал, дали можеш секое утро да замениш наместо овесни снегулки по пола литар кока кола и да ги постигнеш истите резултати?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Не ги мешајте брзините, после прва следи втора, па трета...

Доколку 1 грам на прост јагленохидрат е 4 kcal, и 1 грам на комплексен јагленохидрат е 4 kcal, тоа значи дека е 4 kcal безразлика на нивните абсорбирачки способности. Не можеш ти да речеш дека не ги броиш калориите од фруктоза, декстроза или лактоза затоа што немаат исти нутритивни својства... Просто е, калорија е калорија а тоа од каков извор доаѓа и какви својства има, тоа е друг муабет да не мешаме баби и жаби...
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Зашто ве вака на факс неможеше да се полага.... Што е диференцијален притисок....диференцијален притисок си е диференцијален притисок и чао ... Може денес вакаа е на испит од кај да знам
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не ги мешајте брзините, после прва следи втора, па трета...

Доколку 1 грам на прост јагленохидрат е 4 kcal, и 1 грам на комплексен јагленохидрат е 4 kcal, тоа значи дека е 4 kcal безразлика на нивните абсорбирачки способности. Не можеш ти да речеш дека не ги броиш калориите од фруктоза, декстроза или лактоза затоа што немаат исти нутритивни својства... Просто е, калорија е калорија а тоа од каков извор доаѓа и какви својства има, тоа е друг муабет да не мешаме баби и жаби...
Очигледно не ги разбираш голем дел од работите и што сакам да ти укажам затоа си упорен со ова калорија е калорија, на хартија исти се калориите, ама во бодибилдинг и градење на тело тоа не функционира така едноставно, дури и општо за целокупното здравје не е така едноставно калорија е калорија.
На пример фруктозата и глукозата ти се и двата прости шеќери, ама механизмот на нивно разградување и конверзија во гликоген е различен, храната што има глукоза во принцип се разградува во тенко црево -> глукозата се ослободува во кротокот -> панкреасот лачи инсулин и ти ја пакува во скелетните мускули како гликоген, наспроти тоа фруктозата се пакува како гликоген само во црниот дроб. Каде е проблемот, во црниот дроб може да се спакува максимум 50-100 грама гликоген зависи од индивидуата наспроти скелетните мускули каде што може да се спакува во просек околу 500 грама гликоген, се што е над оваа бројка рачунај дека се зачувува како сало. Така да не е исто да внесеш 800калории од фруктоза и 800калории од глукоза.
Инаку ќе изгледаш онака како што ќе се храниш, ако на балк јадеш секакви глупости и се тешиш дека калорија е калорија, ќе бидеш дебел, ако внимаваш од каков извор доаѓаат тие калории, знаеш што да јадеш и кога да јадеш ќе бидеш голем, не е поентата само да се трча да се внесат хххх број на калории без да се внимава од што доаѓаат.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Добро сега на пример да речеме за одружување на килажа ми треба да речеме 2000кцал.
Прв случај- јадам 2500кцал на подолг период од чисти извори типична бодубилдинг диета.
Втор случај јадам 1800кцал на подолг период претежно јунк фуд ама ама внесувам 140гр протеин( 2гр по телесна тежина пр) од квалитетен извор.
Во кој случај индивидуата ќе слабее и губи масти. ?

Поентата е дека дали од брокула или баклава ако си во суфицит на енергија неможе да се слабе, или пак обратно, понатаму за квалитетот и изборот на калорите прилично знаеме што е пооптимално за градење на тело. Ама ова ако се запостави другото е залудно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Добро сега на пример да речеме за одружување на килажа ми треба да речеме 2000кцал.
Прв случај- јадам 2500кцал на подолг период од чисти извори типична бодубилдинг диета.
Втор случај јадам 1800кцал на подолг период претежно јунк фуд ама ама внесувам 140гр протеин( 2гр по телесна тежина пр) од квалитетен извор.
Во кој случај индивидуата ќе слабее и губи масти. ?

Поентата е дека дали од брокула или баклава ако си во суфицит на енергија неможе да се слабе, или пак обратно, понатаму за квалитетот и изборот на калорите прилично знаеме што е пооптимално за градење на тело. Ама ова ако се запостави другото е залудно.
Во вториот на краток период ќе губиш, по извесно време ќе го заебиш телото и ќе го поместиш прагот кога ти е одржување на килажа, а кога слабеење, т.е ако претходно со 2000ккал си одржувал килажа, а со 1800 си слабеел, сега ќе дојдеш во ситуација со 1800 да одржуваш, а со 2000 да се дебелиш.
Плус не е така едноставно, зависи на колку оброци ќе бидат поделени и во првиот и во вториот случај и од што се останатите 1200ккал, а исто така и во колку оброци и како се внесени тие 140 грама протеини, прашање и колку од нив реално ќе искористи телото, а колку ќе исфрлат бубрезите.
Еве ти едно интересно видео на оваа тема:
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Тотално ги игнорирате протеините од растителна природа? Јас како што имам читано и тие треба да се калкулираат бидејки и протеините со нецелосен состав на амино киселини имаат можност да се финализираат (комбинираат) во организмот поради самата абсорбција на сите амино-киселини. Односно додатокот на одреден вид на амино-киселини (пример во пилешко месо) можи да се искористи како финализер со одредени амино-киселини од растителни протеини.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Пак ќе кажам, кеплер не си во тек со муабетот ги помеша брзините. Калориите на растителните протеини и калприите на протеините од животинско потекло се исти 4 kcal по грам. Никој не зборува дали тие целосно ќе се абсорбираат туку доколку се внесе дополнителен протеин од растително потекло пример 100 грама, и од него се абсорбираат 50 грама, тогаш си во суфицит од 200 kcal... Крај на муабет, нема што да се објаснуваме повеќе...

По вашиов муабет, веганиве треба да умрат после 6 месеци активен режим на исхрана...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Тонус лебот е нешто најболи за јадење и вкусно и хранливо и здраво. Го јадам веќе година дена и се осеќам многу подобро.
а за другиве лебови црни, и татко ми има работено во пекара и ми кажувал дека они кај нив во белиот леб имаат ставано какао и го продавале како црн... дупло поскап се разбира
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
Мусака пред или после тренинг?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Тонус лебот е нешто најболи за јадење и вкусно и хранливо и здраво. Го јадам веќе година дена и се осеќам многу подобро.
а за другиве лебови црни, и татко ми има работено во пекара и ми кажувал дека они кај нив во белиот леб имаат ставано какао и го продавале како црн... дупло поскап се разбира
Не постои здрав леб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom