И јас се лажев како многу овдека да направам атлетско тело (без хемија) и после 2,5години напорни тренинзи и квалитетна храна не успеав да ги извадам стомачните, дојдов до заклучок дека без хемија нема мускули како што гледаме по слики и списанија.
Еве што правев
Вежбав пет пати неделно во теретана и 4 дена по 1000стомачни, понеделник, среда и петок трчав по 20-30 круга на стадион без одмор и во недела пешачев до манастирот Трескавец 15км. Сето ова го правев секоја недела 2.5години..
Исхрана стек стек стек ми се чини дека крила ми никнаа од пилешко...телешко месо, секаква риба во нормални количини, секакво овошје, банани пред тренинг .... изварка, ориз, јајца само белка, мусли мислам дека сите врсти ги пробав..
Не дека немаше позитивен ефект цело тело ми се зацврсти како камен, ама пак не видов стомачни па ни некој бицепс јак или гради дефинирани....
Па ако сакате мускули набавете си протеини, аминокиселини, трибулуси, креатини и слично...и речете му збогум на внатрешните органи...