Форум е и секој може да го каже мислењето што од една страна е добро, ама и знае да биде заебано.
Во овој случај иако си сакал да помогнеш според мене и даваш лош совет, исто како што голем дел од сајтовите за фитнес кои копираат едни од други без разлика колку и да ти е добра намерата.
Путерот од кикиритки е топ храна, но доколку се примени правилно како и се друго. Ако го гледаш Еди Хол, Катлер и тн, фаци кои внесуваат на дневно ниво по 5-10 000 ккал тогаш во нивниот режим има простор путерот од кикиритки да се користи како извор на протеин. Ако го користиш во кето, повторно има логика да биде на дневно мени бидејќи имаш голем распон за внес на масти (70-75% од вкупни калории). Но ако ти треба да одиш во дефицит, си лимитиран со мастите, лимитиран со калориите (пример кај женско и под 1500ккал) тогаш треба внимателно да се бира храна која ќе те наполни и ќе те држи сит + ќе ти надохнади доволно протеин за да ја зачуваш мускулната маса. Пример овесните снегулки иако имаат повеќе јх се подобар избор на протеин од путерот кога пробуваш да симнеш килажа. На 100 гр овесни имаш околу 370 ккал, над 10гр фибриди, 13гр протеин + во комбо со дозерка веј имаш оброј од 450ккал и 40тина гр протеин што сооднос калории-нутритиенти е одлично и ќе те прејади. За разлика од нив 3 лажици путер се 100 грама, имаат 600ккал и под 30 гр протеин, ем гладен, ем помалку протеин.
На интернет има мал милион студии, скоро и да нема точно определена идеална количина на протеин затоа што истата варира и зависи од многу фактори. Во бодибилдинг од мое искуство најдобро функционира над 2гр на кило телесна тежина (пожелно и над 3гр), што е ем тешко да се постигне, ем скапо, а само со веганска храна да не речам невозможно да се надополни.
Steta so tie proteini od ovez, puterot,oriz i tako dajle, tie proteini se bilni a bilnite proteini ne se svrzuvat za muskul posto ne gi sodrzat site amino kiselini a za da bidat celosni ke treba da se kombinirat bilni proteini od povejke izvori. Bez meso, jajca, riba, whey tesko do dobra muskulna masa. So zelka, morkov, jabolka ne se klava muskul.