За да нема годење ќе кажам двете причини зошто побарав протеин за готвење.
Дефинитивно можи и без него пошто до сега не го користев.
1) Го скратив месото скроз од исхраната неодамна и наеднаш цел "дел" протеини ми снема. Пак успевам, шо со млечни протеини, шо од зрнести ама ете да го имам за секој случај.
2) Многу сакам благо, guilty pleasure ми е. Згора на то обожавам да прам благо и ептен загреотна ситуација е кога прам нешто и сите јадат, а јас само парче мало имам за проба. Па сакам да земам нешто нездраво и да го напрам поздраво за да не се осеќам нешто особено виновно за ситуацијата. Башка и да, гледам да сум во калориски дефицит и ова дефинитивно ќе ми "заштеди" калории и ќе ме остај малку да одморам пошто ќе знам дека стигнав со протеин.
Така да, се согласувам дека протеин можи и поинаку да се внеси. Само за во класични колачи и нешто слично, радо би ги направила со прашак. Уште еднаш, фала ви на сите за помошта!