Може да разберам дека секојдневно јадење на пилешко (стек) е подобра опција од свинско (заради масти, калории) ама нискомаслено млеко? Што ви мења толку бе другари 2-3 гр на 100мл. една чаша еве 300 мл нека биде (обично ниско маслено содржи 0.9% масти) 3,2-0,9=2.3 2.3 * 3 = 6.9 gr масти повеќе во денот * 9 кцал тоа е 62,1 кцал повеќе за 300 мл млеко. Стварно мислите дека ова е клучот за здраво и убаво тело? Тука може и да се додаде фактот дека обично нисколасмените млека имаат повеќе шеќери (лактоза) во 100 гр од традициоанланото млеко со 3,2 масленост. Јас лично конзумирам полномасни млечни производи (млеко- јогурт) Обично најквалитетните протеини (со најдобар амино баланс за нас луѓето) природата ги врзува со масти. Кога спомнав свинско, не знам дали знаете дека протеинот од свинското месо е убедливо подобар е од веј и од секаков друг протеин, но за секојдневна употреба сепак не е заради, високата калоричност, премногу масти и холестерол. Сепак за пржење ви препорачувам малку свинска маст (најдобро на тефлонско или гранитно тавче) убедливо најотпорна на термичка обработка, маслиново масло е само за ладни салати. Додека кога се пржи (заради транс мастите) ги губи својсвата и станува поштетно и од сончогледово.