Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Битен е и изворот на калориите, не треба да се занемари тоа, не е исто да внесеш 2000калории денес од брокула, чисто месо, ориз и да ги внесеш иститите од чоколади и сокови.
Да де битно е и потеклото на калориите, приемер ако се од храна богата со растителни влакна телото ќе троши повеќе калории обработувајки ја храната споредбено со заситени масти (пример масло за јадење) . Но исто така битно е на пример шеќерите премногу брзо се обработуваат во организмот па не е исто телото да ослободи 500 калории за 30 мин (ова како пример со бројкови не читајте буквално) и 500 калории од масти кои бавно се обработуваат на пример во временски интервал од 4 часа. кај шеќерите вишокот енергија ослободен за релативно кратко време лесно ќе се конвертира во боди фет т.е. сало
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Добро си разбрал.

Само уште еден бонус, само зашто ЈХ не е шеќер не значи дека е ок за на cut.
Треба да се пази и на гликемичниот индекс пошто контролирање на инсулинот е најбитно за време на Cut.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Треба да се пази и на гликемичниот индекс пошто контролирање на инсулинот е најбитно за време на Cut.
This, а сите што мислите дека со кратење на калории ќе успеете, а воедно јетрите, бубрезите, панкреасот како и генералниот липиден статус ви се у плафон се лажете ептен. На пример, ако изедеш 2.000 калории и притоа немаш никакви анти-оксиданти во диетата (овошје зеленчук - со ниско ниво на шеќер/гликоза) ке ослабете помалце него 2.300 калории ако ви истите има спанаќ, пиперки, калинки, лимони, авокадо итн! се ова е заради тоа што додавањето на овие растенија, го намалува спајкот после оброк, кој пази сега - се случува дури и кога идете на low carb диети? заради тоа што се што е од животно прави голема инфламација во организмот, а со тоа и регулацијата на шеќерот излага од контрола.

Додека не тестирате после ТЕЖОК оброк и после некои 2h на кое ниво ви е шеќерот, и тоа на 3-4 пати, во разни делови од неделата и во 2 разни прсти од 2-те раце, џабе везете. Се што ќе ви се случува е ова - или ќе имате премногу масти - спор метаболизам, или ќе имате загуба на мускулна маса, а на долго ниво ќе добиете напредна фаза на атеросклероза, болест која сите ја имаме/те но во умерена фаза, истата почнува на само 10 години.

Постов не се однесува на никого посебно, него генерално - не сум билдер, но имам доста истражувано на оваа тема.
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43
Битен е и изворот на калориите, не треба да се занемари тоа, не е исто да внесеш 2000калории денес од брокула, чисто месо, ориз и да ги внесеш иститите од чоколади и сокови.
Така де ама со време си го поправив и тоа, целта на почетокот ми беше помалце да јадам а после да го сменам изворот на калории.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
This, а сите што мислите дека со кратење на калории ќе успеете, а воедно јетрите, бубрезите, панкреасот како и генералниот липиден статус ви се у плафон се лажете ептен. На пример, ако изедеш 2.000 калории и притоа немаш никакви анти-оксиданти во диетата (овошје зеленчук - со ниско ниво на шеќер/гликоза) ке ослабете помалце него 2.300 калории ако ви истите има спанаќ, пиперки, калинки, лимони, авокадо итн! се ова е заради тоа што додавањето на овие растенија, го намалува спајкот после оброк, кој пази сега - се случува дури и кога идете на low carb диети? заради тоа што се што е од животно прави голема инфламација во организмот, а со тоа и регулацијата на шеќерот излага од контрола.

Додека не тестирате после ТЕЖОК оброк и после некои 2h на кое ниво ви е шеќерот, и тоа на 3-4 пати, во разни делови од неделата и во 2 разни прсти од 2-те раце, џабе везете. Се што ќе ви се случува е ова - или ќе имате премногу масти - спор метаболизам, или ќе имате загуба на мускулна маса, а на долго ниво ќе добиете напредна фаза на атеросклероза, болест која сите ја имаме/те но во умерена фаза, истата почнува на само 10 години.

Постов не се однесува на никого посебно, него генерално - не сум билдер, но имам доста истражувано на оваа тема.
Поголем куп глупости на едно место немам прочитано.
Не може со кратење на храна липидниот статус и функциите на органите да се во „плафон“.
Не знам зошто забораваш на кетоза?
Најефикасни се диетите со протеини/масти кога влагаш у кетоза.
Каков црн гликемичен индекс.
https://youtu.be/Wd8tZiHexPc?t=107
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Читај уште еднаш што имам напишано, зборам за луѓе кај кои нема резултат на слабеење дури и со такви диети, а тоа е затоа што најчето се пре- диабетичари или лимфниот систем им е преоптеретен
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Многу делови има за да се склопи сложувалката, не само што е битен гликемичниот индекс изворите на калории, туку е битно и периодот кога истите се внесуваат во телото.
@Psyside основно правило е внес на многу зеленчук, тоа ни почетник не смее да го погреши и не важи само за cut туку и за bulk, ако не може да внесува многу зеленчук тогаш мултивитамин и електролити се неопходни, тие ви советувам да си ги земате и покрај зеленчукот, исто топло ви ги препорачувам и пробиотиците.

Многу е просто и едноставно според мене, јас лично ги делам на два основни типови луѓето, луѓе што поднесуваат јаглехидрати и може да се чистат и со висок внес на јаглехидрати и луѓе што не поднесуваат и мора да се чистат со лоу карб или во најлош случај кето.

Ако сте „дебели“ и имате мака со вишок на килограми цел живот, клучно ви е кетото, посебно како прва диета за да си подобрите insulin sensitivity, ако сте ектоморф и тешко качувате килограми, само со калориски дефицит ќе се исчистите без мака, дури и во комбинација со intermittent fasting.

Попросто не може да ви ја доловам целата приказна, лично сум тестирал многу диети, сум правел крвна слика на неколку денови и триста комбинации и можам да ви кажам дека наједноставен пристап ви е овој од погоре, пронајдете се во кој тип спаѓате и тоа е тоа, јас се чистам со лоу карб или кето ако не сум внимавал цела зима на храна или после агресивен балк.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
@statusQuO
Друже имаш искуство со кето диеат. Те читам оддамна и гледам им навлегуваш во сржта на работите па ако имаш некој типс анд трикс за кето, сподели ако можеш.

Или ако немаш искуство за кето, сподели за губење на bf.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Има ли во некој од маркетиве урда нискомасна, или нешто слично на (фит од Бимилк што беше) ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
@statusQuO
Друже имаш искуство со кето диеат. Те читам оддамна и гледам им навлегуваш во сржта на работите па ако имаш некој типс анд трикс за кето, сподели ако можеш.

Или ако немаш искуство за кето, сподели за губење на bf.
Неам искуство али знам дека е ефективна и релативно едноставна, али не е за секој.
Овде имаш да не речам СЕ https://www.reddit.com/r/ketogains/wiki/index
И пожелно би било да ја прочиташ книгава http://www.bodyrecomposition.com/the-ketogenic-diet/
Прогуглај ќе најдеш пдф по нет.
Ако сааш некој со искуство пинг @GoD.HateUSaLL ако не го мрзи да ти каже некоја фора или рецепта.
А да и не е лошо да ја комбинираш со intermittent fasting за уште подобри резултати.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Каде може да се купи стек на големо, по подобра цена отколк во продавница а да не е бразилски или американски или кинески, да биде перутнина птуј или некој сличен словенски или од наше балканско потекло?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Дaли млекoтo е штетнo дa се кoнзумирa, инaку лaктoзaтa не ми престaвувa никaкoв прoблем
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дaли млекoтo е штетнo дa се кoнзумирa, инaку лaктoзaтa не ми престaвувa никaкoв прoблем
Не.
Ако беше штетно немаше да дојат мајките.
Размислете логично малце.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не е штетно, него е ужасно штетно, а споредбата на млеко од крава со човечко е не валидна.

Бенефит на животински протеин = мускули

+

Ништо друго, единствена опција за вистински healthy bb е риба и по некој морски плод
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Не.
Ако беше штетно немаше да дојат мајките.
Размислете логично малце.
Не е штетно, него е ужасно штетно, а споредбата на млеко од крава со човечко е не валидна.

Бенефит на животински протеин = мускули

+

Ништо друго, единствена опција за вистински healthy bb е риба и по некој морски плод
И сеа кој е во право?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom