Сигурен си дека Светиот Дух слезе само врз апостолите?
"Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото"
(
Дела на апостолите 10:44)
"И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот"
(
Дела на апостолите 11:15)
Не е точно дека само апостолите ја ширеле добрата вест. Во една прилика Исус испратил 70 Негови ученици да ја проповедаат таа вест (
Лука 10).
Исто така и самарјанката која Христос ја сретнал крај бунарот, после разговорот со Него, веднаш ја оставила стомната своја и со трчање отишла во градот да им каже на сограѓаните за Христос. (
Јован 4)
Исто така и Павле и Варнава кога отишле во Антиохија, тие не го проповедале евангелието сами, туку заедно со МНОГУ ДРУГИ тамошни христијани.
"А Павле и Варнава останаа во Антиохија,
каде заедно со многу други поучуваа и
го проповедаа Господовото слово"
(
Дела на Апостолите 15:35)
Не знам, ти најдобро знаеш зошто не го проповедаш евангелието и покрај тоа што тоа е заповед на Исус Христос. А и кога би те испратил, прашање е дали те ќе го проповедаш евангелието и учењето на Христос, или пак учењето на Григориј Палама, Јован Дамаскин, учењето за иконите, свеќите, моштите, митарствата, светите водички, кандила, бројаници, молењето кон светци, култот на блажената Марија, крштевање бебиња и ред други работи кои не се дел од Христовото учење, туку човечки преданија од подоцнежните векови.
Не заборавај дека Христос им заповеда на оние кои ќе го проповедаат евангелието да ги учат луѓето на Христовите заповеди, а не на човечките преданија.
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што
Сум ви заповедал! "
(
Исус Христос во Матеј 28:19)
Тогаш се крстиле 3000 души затоа што толку поверувале во Христовото евангелие. Каква врска има ова со темава? Да не сакаш да кажеш дека сите тие станале свештеници или што?
Епископ е легитимна функција во една Христова црква. Епископ значи "надгледник", а не "свештеник". За оние што не знаат грчки само ќе ги потсетам на зборовите: микро
скоп, теле
скоп, графо
скоп итн. Сите овие инструменти служат за гледање нешто, а не за свештенство.
Свештеник на грчки се вели "хиереус", а такво нешто апостолите не поставиле во НИТУ ЕДНА црква во Новиот Завет.
Хиереус и Архиереус (првосвештеник) во Новиот Завет е само Исус Христос, а сите останати може само да си фантазираат дека се свештеници и архиереи, но лично сметам дека тоа, што некој Му го узурпира местото и улогата на Христос, не му се допаѓа на Бог.