Исповед

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Светата Тајна исповед, стои веднаш до Крштевањето (на некој начин претставува второ Крштевање) и е уште еден начин преку кој Бог ни ја покажува Својата безгранична, совршена милост и љубов.
Исповедта е единстениот начин да се очистиме и да добиеме опрост за нашите гревови, кои се наталожие во нас од денот на Крштевањето.
Таа е чинот кој не враќа кон Господ, и кој не подготвува повторно да се вратиме на Божјиот Пат и во Христовата Црква. Без неа, вистинското враќање кон Бога и Христијанскиот живот, не може да биде целосно остварено.
Благодатта на Исповедтта е многукратна (во понатамошните постови, здравје Боже, ќе образложам поопширно на таа тема, користејки се со текстови на свети луѓе).
Се разбира, нема Исовед, без вистинско, искрено, понизно кање и свесност за гревовите (и за тоа ќе напишам поопширно подоцна).

Она што всушност сакам да подикутираме е колку, како Христијани, сте запознаени и ја практикувате таа неверојатна шанса дадена од нашиот Творец, и преточена во чинот на Исповед?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ej jas ednas sum bila na ispoved kaj Otec Aleksandar.... pred mozebi 5-6 godini... sega ako odam pak, treba so list i penkalo!!! I so nesto sto pottiknuva memorija.... :toe:
mada... vo ispoved veruvam ama ne veruvam bas deka mora da e pred nekogo ili neso taka.... vo sekoj slucaj ispoved e novozavetna stvar (tajna spored nekoi), znaci treba da se praktikuva, a i be nea nema Gospodova vecera!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Во Православието е нагласено дека исповедтта мора да биде пред свештеник, а не само преку лична комуникација, во форма на молитва, со Бога, или пак пред икона.
Затоа што само тогаш ќе го добиеме опростот на нашите гревови.

Ова пак потекнува од зборовите кој Бог, Исус им ги кажал на апостолите, велејќи им (парафразирам, не е дословен цитат): Она што вие ќе го заврзете на земјата, ќе биде заврзано и на Небото. Она што вие ќе го опростите, ќе биде опростено и на Небото.
Оттаму, потребата од свештеник, кој како продолжение на Божјата Воља, ќе посредува во процесот на Исповед, и ќе ни ја донесе нејизната целосна Благодат.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
muabetot mi bese: dali ni treba posrednik vo vid na svestenik? zosto ne pred tebe na pr. koga jas so isto pokajanicko srce ke se ispovedam i ti isto od srce ke se molis za mene.
edna od osnovite za bilo koe "hristijanstvo" e deka site zgresija i na site im treba Bog.
ne se deklariram kako hristijanin po vera. samo po tradicija. (kolku za informacija) :)
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Во Православието е нагласено дека исповедтта мора да биде пред свештеник, а не само преку лична комуникација, во форма на молитва, со Бога, или пак пред икона.
Затоа што само тогаш ќе го добиеме опростот на нашите гревови.

Ова пак потекнува од зборовите кој Бог, Исус им ги кажал на апостолите, велејќи им (парафразирам, не е дословен цитат): Она што вие ќе го заврзете на земјата, ќе биде заврзано и на Небото. Она што вие ќе го опростите, ќе биде опростено и на Небото.
Оттаму, потребата од свештеник, кој како продолжение на Божјата Воља, ќе посредува во процесот на Исповед, и ќе ни ја донесе нејизната целосна Благодат.
Дај Библиски доказ дека ми треба свештеник или посредник.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто бараш од него библиски доказ? Па тој не рече дека во Христијанството е така, туку во православието. Во Христијанството Божји Збор е Светото Писмо и затоа сме навикнати marijancho за секое наше тврдење да бараме потврда во Светото Писмо, но мораме да имаме предвид дека во другите вери не е така.
А што се однесува за христијанството, еве ти библиски доказ дека не ни треба други посредници освен Исус Христос:

"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)
 
K

kat.<3

Гостин
Најсветиот начин е на исчистување на срцето од гревовите, оние за кои во солзи се покајува тоа срце, и само се моли да му бидат простени.
Колку ли нема ништо посовршено од Бог.
 
K

kat.<3

Гостин
Дај Библиски доказ дека ми треба свештеник или посредник.
Тој доказ можеш да го најдеш само во тебе. Тогаш кога на срцето му требаат искрени зборови, тогаш ќе ја почувствуваш потребата од духовник, твој духовен татко. И тогаш, срцето не може да дочека да го види, да го чуе Неговиот глас, зборовите на Бог низ Неговите.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
kat.<3, ние христијаните имаме само еден Духовен Татко - Бог, и Христос изричито ни забрани да имаме други "духовни татковци".

"И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘татко’, затоа што е Еден вашиот Небесен Татко."
(Исус Христос во евангелие по Матеј 23:9)
 
Небесен и духовен татко, има разлика, нели?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А ова?

„..Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него...„
„.. и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови...„ (Матеј, 3.6, 3.7).

Од стихот, очигледно е кој кај кого доаѓал и кој кај кого се исповедал.

Библиски цитат баравте? Или, можеби не е точен цитатот? Значи, потребен е и исповедник и исповедувач, истовремено, а не само молитвено обраќање кон Бога.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Зошто бараш од него библиски доказ? Па тој не рече дека во Христијанството е така, туку во православието. Во Христијанството Божји Збор е Светото Писмо и затоа сме навикнати marijancho за секое наше тврдење да бараме потврда во Светото Писмо, но мораме да имаме предвид дека во другите вери не е така.
А што се однесува за христијанството, еве ти библиски доказ дека не ни треба други посредници освен Исус Христос:

"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)
Сакаш нешто библиско?

Матеј 18: 18
„Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Матеј 16: 19
И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.

Јован 20:23

На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

п.с. и ако имаш нешто против овие стихови, не само се буни, туку дај го толкувањето!
 
K

kat.<3

Гостин
„...оди и немој повеќе да грешиш..„ и вели Христос на грешницата.
мики, нели кога ги исповедаш своите гревови срцето останува чисто од нив, со искрено покајание и со постојан труд тие гревови да не ги повториш никогаш? или можеби пак останува нешто што е нечисто? зашто кога си направил нешто што не е во милоста на Бог останува празнина во срцето што боли силно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom