Исповед

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Новиот Завет не познава свештеници/посредници меѓу Бога и луѓето. Единствен посредник меѓу Бога и луѓето е Исус Христос.

"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)

Секој оној што го узурпира местото на Исус во Неговата свештенска улога, ја негира, понижува и омаловажува Неговата свештенска улога.
Но настрана што се случува во традиционалните цркви, ние Христијаните знаеме дека само Христос/Бог има овластување да простува гревови, а секако ние сме повикани и едно со други да си ги простуваме гревовите што сме си ги направиле едни со други.

Убо.

А зашто Светиот Дух слезе токму врз Апостолите а не врз некој друг/и?
А зашто Христос ги испрати токму Апостолите да ја шират добрата вест Христова низ Светот? А зашто не ме испрати мене, на пример?
А зашто Апостолот Петар покрсти 5000 јудеи во христијани? Онака, за да се „најдат„?
А зашто сите Апостоли, проповедајќи низ тогаш познатиот Свет, формираа нови Цркви, а во нив поставуваа епископи?

И на крај, зашто Христос сето тоа не го направи Сам, туку испрати други тоа да го сторат во Негово име?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Баталете ги свештениците немаме никакво посредништво преку нив.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Koga go imas Bog zar prednost ke mu dades na nekoj smrtnik ??? pa uste da mu se ispovedas, koj e toj i sto ima on da znae za mene, dovolno e sto znae Bog, na krajot na kraistata popot moze da ti kaze prosteno ti e ama jabe ako sam ne mozes da si prostis i se izmacuvas so griza na sovesta. Bas naprotiv, ako grevot ne go otkries nikomu ni Bog nema da go otkrie na Onoj svet ako go ima noralno.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
„...оди и немој повеќе да грешиш..„ и вели Христос на грешницата.
sakas da kazes deka ti otkoga si se pokajl nikogas ne si gi povtoril grevovite? zosto vaka kako sto e kazano, ako si gi povtoril ispaga deka si neposlusen na bog.....
 
K

kat.<3

Гостин

Ако го повториш веќе спознатиот грев, ова може да значи само дека покајанието не било искрено. секогаш треба да се трудиме да не грешиме, се што правиме да е со вера и со милост.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А зашто Светиот Дух слезе токму врз Апостолите а не врз некој друг/и?
Сигурен си дека Светиот Дух слезе само врз апостолите? :)

"Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото"
(Дела на апостолите 10:44)

"И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот"
(Дела на апостолите 11:15)

А зашто Христос ги испрати токму Апостолите да ја шират добрата вест Христова низ Светот?
Не е точно дека само апостолите ја ширеле добрата вест. Во една прилика Исус испратил 70 Негови ученици да ја проповедаат таа вест (Лука 10).
Исто така и самарјанката која Христос ја сретнал крај бунарот, после разговорот со Него, веднаш ја оставила стомната своја и со трчање отишла во градот да им каже на сограѓаните за Христос. (Јован 4)
Исто така и Павле и Варнава кога отишле во Антиохија, тие не го проповедале евангелието сами, туку заедно со МНОГУ ДРУГИ тамошни христијани.

"А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово"
(Дела на Апостолите 15:35)

А зашто не ме испрати мене, на пример?
Не знам, ти најдобро знаеш зошто не го проповедаш евангелието и покрај тоа што тоа е заповед на Исус Христос. А и кога би те испратил, прашање е дали те ќе го проповедаш евангелието и учењето на Христос, или пак учењето на Григориј Палама, Јован Дамаскин, учењето за иконите, свеќите, моштите, митарствата, светите водички, кандила, бројаници, молењето кон светци, култот на блажената Марија, крштевање бебиња и ред други работи кои не се дел од Христовото учење, туку човечки преданија од подоцнежните векови.

Не заборавај дека Христос им заповеда на оние кои ќе го проповедаат евангелието да ги учат луѓето на Христовите заповеди, а не на човечките преданија.

"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! "
(Исус Христос во Матеј 28:19)

А зашто Апостолот Петар покрсти 5000 јудеи во христијани? Онака, за да се „најдат„?
Тогаш се крстиле 3000 души затоа што толку поверувале во Христовото евангелие. Каква врска има ова со темава? Да не сакаш да кажеш дека сите тие станале свештеници или што?

А зашто сите Апостоли, проповедајќи низ тогаш познатиот Свет, формираа нови Цркви, а во нив поставуваа епископи?
Епископ е легитимна функција во една Христова црква. Епископ значи "надгледник", а не "свештеник". За оние што не знаат грчки само ќе ги потсетам на зборовите: микроскоп, телескоп, графоскоп итн. Сите овие инструменти служат за гледање нешто, а не за свештенство.
Свештеник на грчки се вели "хиереус", а такво нешто апостолите не поставиле во НИТУ ЕДНА црква во Новиот Завет.
Хиереус и Архиереус (првосвештеник) во Новиот Завет е само Исус Христос, а сите останати може само да си фантазираат дека се свештеници и архиереи, но лично сметам дека тоа, што некој Му го узурпира местото и улогата на Христос, не му се допаѓа на Бог.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Светата Тајна исповед, стои веднаш до Крштевањето (на некој начин претставува второ Крштевање) и е уште еден начин преку кој Бог ни ја покажува Својата безгранична, совршена милост и љубов.
Исповедта е единстениот начин да се очистиме и да добиеме опрост за нашите гревови, кои се наталожие во нас од денот на Крштевањето.
Таа е чинот кој не враќа кон Господ, и кој не подготвува повторно да се вратиме на Божјиот Пат и во Христовата Црква. Без неа, вистинското враќање кон Бога и Христијанскиот живот, не може да биде целосно остварено.
Благодатта на Исповедтта е многукратна (во понатамошните постови, здравје Боже, ќе образложам поопширно на таа тема, користејки се со текстови на свети луѓе).
Се разбира, нема Исовед, без вистинско, искрено, понизно кање и свесност за гревовите (и за тоа ќе напишам поопширно подоцна).

Она што всушност сакам да подикутираме е колку, како Христијани, сте запознаени и ја практикувате таа неверојатна шанса дадена од нашиот Творец, и преточена во чинот на Исповед?
А дали можеш да ми кажеш на кого треба да се исповедам и каде пишува во Библијата дека јас треба да се исповедам на некој за да ми се простат гревовите.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
ако има некакво фајде од таканаречената исповед пред свештеник,и свештеникот ако ти каже простено тие ,тогаш едноставно не би имало смисла постоењето на пеколот како место каде одат грешните,и самиот исповед тогаш е вовед во правење на нов грев,т.с па на крај краеви се исповедав сега можам да правам нов грев,а кога ќе го направам повторно ќе одам и ќе се исповедам,свештеникот ќе ми каже простени,и се е ок нели.....
 
Али Свештеникот не може да ти прости за гревот единствено Исус е оној кој плати за нас на крстот и само тој имаше власт да прости додека беше тука и никој нема право и никаде не пишува дека ние ќе простуваме гревови на други.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
па ако никаде не пишува дека никој земен нема право некого да исповедува за грев,тогаш која е смислата на исповеста,или е тоа уште едно мачкање на очи од страна на црквата,за да се држат верниците во покорност,
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
sakas da kazes deka ti otkoga si se pokajl nikogas ne si gi povtoril grevovite? zosto vaka kako sto e kazano, ako si gi povtoril ispaga deka si neposlusen na bog.....
Напротив-сум ги повторил не велам не.
Но, како што вели еден од современите светогорци: „.Ако си паднал, стани. Ако пак паднеш,пак стани...„
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сигурен си дека Светиот Дух слезе само врз апостолите? :)

"Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото"
(Дела на апостолите 10:44)

"И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот"
(Дела на апостолите 11:15)

Не е точно дека само апостолите ја ширеле добрата вест. Во една прилика Исус испратил 70 Негови ученици да ја проповедаат таа вест (Лука 10).
Исто така и самарјанката која Христос ја сретнал крај бунарот, после разговорот со Него, веднаш ја оставила стомната своја и со трчање отишла во градот да им каже на сограѓаните за Христос. (Јован 4)
Исто така и Павле и Варнава кога отишле во Антиохија, тие не го проповедале евангелието сами, туку заедно со МНОГУ ДРУГИ тамошни христијани.

"А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово"
(Дела на Апостолите 15:35)

Не знам, ти најдобро знаеш зошто не го проповедаш евангелието и покрај тоа што тоа е заповед на Исус Христос. А и кога би те испратил, прашање е дали те ќе го проповедаш евангелието и учењето на Христос, или пак учењето на Григориј Палама, Јован Дамаскин, учењето за иконите, свеќите, моштите, митарствата, светите водички, кандила, бројаници, молењето кон светци, култот на блажената Марија, крштевање бебиња и ред други работи кои не се дел од Христовото учење, туку човечки преданија од подоцнежните векови.

Не заборавај дека Христос им заповеда на оние кои ќе го проповедаат евангелието да ги учат луѓето на Христовите заповеди, а не на човечките преданија.

"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! "
(Исус Христос во Матеј 28:19)

Тогаш се крстиле 3000 души затоа што толку поверувале во Христовото евангелие. Каква врска има ова со темава? Да не сакаш да кажеш дека сите тие станале свештеници или што?

Епископ е легитимна функција во една Христова црква. Епископ значи "надгледник", а не "свештеник". За оние што не знаат грчки само ќе ги потсетам на зборовите: микроскоп, телескоп, графоскоп итн. Сите овие инструменти служат за гледање нешто, а не за свештенство.
Свештеник на грчки се вели "хиереус", а такво нешто апостолите не поставиле во НИТУ ЕДНА црква во Новиот Завет.
Хиереус и Архиереус (првосвештеник) во Новиот Завет е само Исус Христос, а сите останати може само да си фантазираат дека се свештеници и архиереи, но лично сметам дека тоа, што некој Му го узурпира местото и улогата на Христос, не му се допаѓа на Бог.

- Мислата ми беше дека на Педесетница, кога е ФОРМИРАНА Црквата, Духот слезе врз Апостолите, а не што се случило после Педестница.
- Никаде не напишав дека САМО Апостолите ја ширеле добрата вест. Јасно е дека постои „втор„ круг од Апостоли Христови (70) но и „трет„, од 500 Апостоли Христови.
- Не го проповедам евангелиоето, од проста принина: мене лично, никој не ме повикал за таква задача а уште помалку имам благослов од свештеникот за таква улога. Со еден збор-не сум САМОПОВИКАН.
- Со тоа што Петар покрсти 5000 јудеи во христијани, сакав да го кажам следното: на Педестница, Светиот Дух слезе врз Апостолите и со тој чин, формирана е свештеничката хиеархија во Црквата. Но, за да не испадне дека таа хиерархија пости заради самата себе, Петар покрсти 5000 јудеи и со тоа, го заокружи обликувањето на црковната структура: Црква (еклесија-заедница) од поединци кои исповедаат ист Бог и исто учење, во која (заедница) јасно е одредено кој поучува а кој е поучуван. Така, неможе секој да проповеда евангелие, оти нему така му се сонило.
- Знам што значи поимот/титулата „епископ„. А другиот дел, окоу „скопите„, нема да го коментирам.
- Велиш, Апостолите не формираа ниту една Црква, онаму каде поминаа и проповедаа? А што формираа, невладини организации?
 
Немаш ПОВИК???
А што рече Исус одете низ целиот свет и ширете го евангелието. Ти да не сакаш Исус да се симне и да ти каже??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom