Исповед

Б

Бат Елохим

Гостин
мики, нели кога ги исповедаш своите гревови срцето останува чисто од нив, со искрено покајание и со постојан труд тие гревови да не ги повториш никогаш? или можеби пак останува нешто што е нечисто? зашто кога си направил нешто што не е во милоста на Бог останува празнина во срцето што боли силно.
Pavle vo Noviot zavet vika: Sekogas koga sakam da pravam dobro, pravam loso, zaradi grevot koj zivee vo mene. !!!

Taka da ne sanjajte. ne postoi covek sto ne gresi! Nie samo mozeme da se stremime kon sovrsenstvoto!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, во принцип, така е. Исповеста дава олеснување на душата (уффф....) и на совеста. А нечисто, секогаш има. Добро е тоа што исповеста го тера умот да се сети и на подзаборавените гревови, кои треба да се изповедаат наредниот пат/исповест. Добро е тоа што после исповеста, осетот е тој кој кажува дали нешто е сторено како што треба или не е, дали Бог ги простил/заборавил исповеданите гревови или пак ќе не потсети на некои од нив.
 
K

kat.<3

Срце кое не греши не се стреми кон совршенството, се стреми кон почитта за љубовта Божја, и тоа срце наоѓа мир само во Бог. зашто се што имаме е зашто Тој ни дал, и единственото совршено срце е Неговото.
 
K

kat.<3

Гостин
Да, во принцип, така е. Исповеста дава олеснување на душата (уффф....) и на совеста. А нечисто, секогаш има. Добро е тоа што исповеста го тера умот да се сети и на подзаборавените гревови, кои треба да се изповедаат наредниот пат/исповест. Добро е тоа што после исповеста, осетот е тој кој кажува дали нешто е сторено како што треба или не е, дали Бог ги простил/заборавил исповеданите гревови или пак ќе не потсети на некои од нив.
а што кога ние не можеме да ги заборавиме, и срцето толку силно се покајува. како да не постои поголема болка од таа, да знаеш за гревот кој си го направил и посакуваш силно да се вратиш назад и да си посилен. Бог го простува искреното покајание, но колку тешко е за верникот да си прости на себеси.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Штом гревот е неазборавлив, тоа значи дека или е непокајан (лошо исповедан), или е повотрно сторен, или Бог не „чепка„ со истиот грев, за да не потсети на личната грешна природа.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мики едно прашање..дали свештеникот има право да ти каже дека ти се простени гревовите?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не, нема право. Свештеникот, во принцип, е должен да го исповеда покајникот и во името Христово ( а не во сове име) да ги отпушти гревовите од покајникот. Дали исповеданите гревови се навистина простени или не се, тоа е друго прашање. Свештеникот не е дожен да поставува прашања до покајникот: тоа е должност од оној кој решил ка се исповеда и покае, а не од свештеникот. Но, свпштеникот е должен да даде совет до покајникот, како понатаму да се избегнуваат веќе исповеданите гревови.

На самиот чин од таа Света Тајна, свештеникот, на почетокот, ја чита призивната молитва до Христа, за Негово присуство на чинот на исповеста , а после исповеста, свештникот ја чита разрешителната молитва, со која, во името Христово, се отпуштаат исповеданите гревови.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не, нема право. Свештеникот, во принцип, е должен да го исповеда покајникот и во името Христово ( а не во сове име) да ги отпушти гревовите од покајникот. Дали исповеданите гревови се навистина простени или не се, тоа е друго прашање. Свештеникот не е дожен да поставува прашања до покајникот: тоа е должност од оној кој решил ка се исповеда и покае, а не од свештеникот. Но, свпштеникот е должен да даде совет до покајникот, како понатаму да се избегнуваат веќе исповеданите гревови.
А што значи болдираното.....ккаво е тоа отпуштање на гревовите?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Отпуштање на гревовите значи дека свештеникот/исповедникот, во име Хриостово, ги простува гревовите од покајникот, и тие отпуштени гревови, нема да му се припишат на покајникот (во неговата животна книга, која се чита на митарствата). Но, како што реков, дали гревовите се од Бога простени, тоа е друго прашање. Погоре, објаснив како се разликуваат гревовите кои се простени или сеуште непростени од Бога.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мики едно прашање..дали свештеникот има право да ти каже дека ти се простени гревовите?
Не, нема право.
Отпуштање на гревовите значи дека свештеникот/исповедникот, во име Хриостово, ги простува гревовите од покајникот, и тие отпуштени гревови, нема да му се припишат на покајникот (во неговата животна книга, која се чита на митарствата).
Добро сега сум во дилема..ако нема право како болдираното стои?
Кој може во името Христово да простува?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај на кратко, пошто сум на излегување.
Верувам дека мојот пост ти е малку нејасен.
Вака: свештеникот, кој го исповеда покајникот, во името Христово, ги отпушта (да на кажам: простува) гревовите од покајникот. Улогата на свешетникот,. при чинот на исповеста , е да биде сведок дека покајникот ја исполнил својата христијанска должност да се исповеда, онака како што наложува православната Црква (со претходен пост, после кој следи покајание/исповест па следи причеста со Тајните Христови). Свештеникот, кој сам по себе е обиченен смртник, и кој и самиот има гревови, неможе да ги прости гревовте онака како тоа го простува Сам Христос. Но, како веќе реков, свештеникот, кој исповеда некого, преку разрешителната молитва упатена до Христа, во името Христово, ги отпушта исповеданите гревови од покајнкот.
Барањето логика во Светите Тајни не е баш мудро: тогаш, тие не би ни биле Тајни, туку општо позната работа. Практикувањето на Светите Тајни има свои последици. Во случајот со исповеста, веќе ги наведов: гревот, кој е исповедан и покајан, покајникот го заборават и таквиот грев не ја оптеретува совеста од оној кој се кае, па така, можам да бидам сигурен дека Сам Бог ми простил за гревот. Гревот пак, кој е лошо исповедан („одоколу„) , гревот кој е повторно сторен, или гревот кој ја „чепка„ совеста, треба да да се исповеда одново и одново, се додека не бидеме сигурни дека Сам Бог (а не свештеникот) ни го простил и таквиот грев.
Се надевам дека сега е малку појасно.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Новиот Завет не познава свештеници/посредници меѓу Бога и луѓето. Единствен посредник меѓу Бога и луѓето е Исус Христос.

"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)

Секој оној што го узурпира местото на Исус во Неговата свештенска улога, ја негира, понижува и омаловажува Неговата свештенска улога.
Но настрана што се случува во традиционалните цркви, ние Христијаните знаеме дека само Христос/Бог има овластување да простува гревови, а секако ние сме повикани и едно со други да си ги простуваме гревовите што сме си ги направиле едни со други.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)

Многу добар пасус. Ама ептен добар.Значи не заборавајте: човекот Христос Исус.:)
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)

Многу добар пасус. Ама ептен добар.Значи не заборавајте: човекот Христос Исус.:)
Има и друг дел...ова е само епизода...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)

Многу добар пасус. Ама ептен добар.Значи не заборавајте: човекот Христос Исус.:)
I vaka se pravat sektite ustvari!
nekoj ke si izvadi eden stih od kontekst, ke si go napravi filmot i - mislam deka imame hit! ajt nova vera, nova sekta, nova religija ili sto i da e!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom